Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот - Канал 5

Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот

 Ширењето на коронавирусот стана глобален проблем кој не познава граници. 

Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот

Светската здравствена организација прогласи пандемија, а се поголем број држави се соочуваат со зголемување на бројот на заразени и починати. Голем број заразни болести имаат сезонски карактеристики и во голема мера зависат од климатските промени т.е. од распределбата на метеоролошките параметри како што се влажноста, температурата на воздухот и УВ-индексот. Оттука е многу важно да се добие релевантна информација околу сезонските карактеристики на времето и како тие би се одразиле на состојбата со ширењето на Ковид 19.

За таа цел, а со желба да дадат придонес во заедничката заложба на институциите за поуспешно справување со ширењето на Ковид-19, двајцата реномирани професори Владо Спиридонов, поранешен визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена и прим. д-р Оливер Зафировски, специјалист педијатар и поранешен директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, изготвија анализа за сезонските одлики на претстојната пролет во контекст на коронавирусот.

Иако е тешко да се даде оценка за тоа како климатските услови ќе придонесат за понатамошниот развој на коронавирусот, имајќи предвид дека постојат различни толкувања околу влијанието на климата врз вирусот, сепак оценката е дека не очекуваат потопли и посуви временски услови во текот на април, мај и јуни кои во најмала рака можат да придонесат за ублажување на состојбата и забавување на понатамошното ширење на коронавирусот.

Доктор Зафировски во анализата посочува дека сеуште нема доволно доверливи научни сознанија за сезонскиот аспект на вирусот.

Дел од експертите сметаат дека сезонските промени на временските прилики ќе придонесат за подобрување на состојбата, но има и такви кои сметаат дека Ковид-19 нема да се однесува како сезонскиот грип кој има тенденција да опаѓа во пролетните и летните месеци.

– Од една страна, според одделни еминентни експерти од светот сезонските промени на временските прилики ќе придонесат за подобрување на состојбата. Многу од овие вируси се пренесуваат преку капки или преку директен контакт. Комбинацијата на овие две преносни механизми е фактор што ја одредува преносливоста во дадено климатско подрачје. Трансмисијата на капките во воздухот е поефикасна во ладна, влажна клима. Прелиминарни студии штотуку објавени покажуваат дека коронавирусот, може да опстане во надворешен амбиент, во аеросолите како суспендирани микронски лебдечки честички во воздухот до три часа. Температурата може значително да го промени преносот на Ковид 19, посебно на високи температури кога чувствителноста на вирусот е најизразена. Иако некои експерти за заразни болести не се доволно убедени, лабораториските истражувања на копија на коронавирусот (SARS-КоV-2) што предизвикува болест Covid-19, покажуваат дека топлината влијае на вирусот и влијае на неговото однесување. Истото мислење го дели и врвен професор по патологија на универзитетот во Хонг Конг, Johnон Николс. Според неговите сознанија – во студените околини, постои подолг опстанок на вирусот отколку во топлите средини. Така на пример, Одделот за епидемиологија на универзитетот Johон Хопкинс во Балтимор (со ова се сложуваат и многу други научници (епидемиолози), смета дека претстојниот топол временски период ќе биде примарен двигател на сезонскиот пад во ширењето на коронавирусот, вели Зафировски.

Од друга страна, наведува Зафировски, некои експерти веруваат дека Ковид-19 нема да се однесува како случаите со сезонски грип, кои имаат тенденција да опаѓаат во пролетните и летните месеци. Така, Марк Липчич, професор по епидемиологија на Харвард Т.Х. Шан школата за јавно здравје, неодамна објави анализа во која кажува дека потоплото време „веројатно нема" значително да го забави ширењето на болеста.

Според други истражувања, пак, вирусот е исто така многу чувствителен на надворешно ултравиолетово зрачење и сончева светлина, посебно кога вредностите на УВ-индекс се повисоки од „3". Од овие причини инфекцијата е со помала веројатност да се појави во сончеви периоди на отворено.

-Зголемената сончева светлина во престојниот период би можела да помогне во Северната хемисфера со оглед на фактот дека се повисок УВ-индекс се очекува во пролетните, а посебно во летните месеци. Но од друга страна сепак треба да се земат во предвид и препораките на здравствените институции за избегнување на штетното влијание на УВ-зрачењето и изложувањето на луѓето, во периоди кога истото има висока вредност, се наведува во анализата.

Професорот Спиридонов, кој се осврнува на метеоролошките аспекти во анализата, вели дека воопшто не е едноставно да се даде прецизен одговор за сезонските одлики на времето неколку месеци однапред, од причина што процесите во атмосферата оперираат во различна временска рамка од часови, денови (време), месеци, години до децении (климатска варија­билност), низ векови (климатски промени).

– Сезонскиот осврт и проценка за времето е сложена задача, бидејќи различни фактори и процеси влијаат на развојот и манифестацијата на времето над одредена област. Гледајќи од поблиску во одреден мод на климатска варијабилност, и глобалните климатски модели, подготвена е детална анализа за логичната поврзаност помеѓу одделни климатски индекси (NAO, AO, ENSO), со сезонските карактеристики на времето во претстојната Пролет-2020. Анализата дополнително користи излезни податоци од неколку глобални климатски модели (ECMWF, DWD, GFS,Met Office-UKMO, RCM-SEEVCCC) кои ги прикажуваат просечните отстапувања на температурите на воздухот на приземје, врнежите, притисокот сведен на морско ниво, температурите на 850мб и геопотенцијалот на 500 мб. Сите овие предвидувања претставуваат една просечна сезонска рамка во текот на три пролетни месеци (март-април-мај) и ја покажуваат општата преовладувачка временска состојба, објаснува Спиридонов.

Според сегашните показатели, предвидувањата за претстојниот пролетен период од 21 март до 21 јуни се дека ќе има тренд на постепено зголемување на температурите, како на максималните, така и на минималните. Во периодот од 23 до 27 март се најавува промена на времето со заладување, појава на врнежи од дожд и снег на планините. Април се очекува да биде променлив, со благо зголемување на температурите и наизменична појава на сончеви, облачни и врнежливи денови.

– Врз основа на сезонските изгледи, поголемо затоплување се очекува во месец мај, посебно во јуни кога температурите според ECMWF би биле (1.0 до 2.0 °С) повисоки од просечните за овој период. Но карактеристично за мај и првата половина од јуни, би била честата појава на попладневна нестабилност со развој на олујни облаци, грмотевици, олујни ветрови и поројни врнежи, посочува Спиридонов.

Во анализата станува збор и за најновото истражување на Институтот за хумана вирологија, Факултет за медицина при Универзитетот во Мериленд, САД. Според институтот, до овој момент, коронавирусот предизвикан од SARS-КоV-2, покажува значителна распространетост кај заедницата во градовите и регионите во еден тесен појас кој се простира од исток-запад, приближно меѓу 30-50 северна географска ширина, при пролонгирано опстојување на слични временски услови (5-11°C) и релативна влажност на воздухот од (47-79%)

– Притоа научниците предлагаат и едноставен модел кој покажува зона со зголемен ризик за ширење Ковид-19. Со оглед на временското ширење меѓу областите со слични температурни карактеристики и географска ширина, може да се направат некои предвидувања во врска со потенцијалното ширење на корона вирусот Ковид-19. Користејќи го моде­лирањето на временските услови, можат да се предвидат регионите, кои најверојатно, би биле изложени на поголем ризик од значително распространетиот COVID-19, што би овозможило превземање на дополнителни напори од јавните здрав­ствени институции и владите ширум светот, со цел уште поголем надзор, контрола и превентива во понатамошното ширење на вирусот, се вели во анализата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.

Приведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар.

„Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи.

Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“.

Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови.

Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH.

Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата.

NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза.

Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер