Следната супербактериска закана е тука – доволна е една погрешна локација во погрешно време - Канал 5

Следната супербактериска закана е тука – доволна е една погрешна локација во погрешно време

Нова закана за здравјето на човештвото не доаѓа од лабораториите, туку од почвата под нашите нозе, воздухот што го дишеме и површината на нашата кожа – микроскопски габични спори што сѐ почесто предизвикуваат тешки, па и смртоносни инфекции.

Следната супербактериска закана е тука – доволна е една погрешна локација во погрешно време

Торенс Ирвин се заразил со габата „Coccidioides“, причинител на "долинска треска", додека одмарал во своето двориште во Калифорнија. Речиси една година поминала додека не добил точна дијагноза, а дотогаш бил на раб на смрт. Слично поминал и Роб Перди, кому инфекцијата стигнала до мозокот и предизвикала габичен менингитис, пишува ЦНН.

„Доволно е само да се најдете на погрешно место во погрешно време“

„Габата кај некои не останува во белите дробови – може да стигне до кожата, зглобовите, па дури и до мозокот“, вели Перди, кој денес прима опасна терапија и води организација за подигање на свеста за овие болести.

Според проценките, годишно се бележат над 6,5 милиони инвазивни габични инфекции, со околу 3,8 милиони смртни случаи. Причината за ваквата сериозност е ограничениот број на лекови – само околу 17 се ефективни, за разлика од стотици антибиотици за бактерии. Габите генетски се поблиски до луѓето, што ја отежнува терапијата.

Најризични се лицата со ослабен имунитет, но и Ирвин и Перди биле сосема здрави.

Случаи на оваа болест некогаш ограничени на југозападот на САД, денес се појавуваат во над 20 сојузни држави. "Доволно е само да се најдете на погрешно место во погрешно време и да вдишете спори“, вели д-р Џорџ Томпсон.

Кога Ирвин конечно добил вистински лек, почнал да закрепнува. Денес повторно оди во теретана, иако докторите велат дека спорите ќе останат во неговото тело засекогаш.

СЗО предупредува на други опасни габи, како „Cryptococcus“, „Aspergillus“ и „Candida auris“, кои се отпорни на повеќето лекови и брзо се шират низ болници. Бројот на инфекции со „Candida auris“ во САД скокнал од 51 во 2016 на над 4.500 во 2023 година.

Ирвин денес жали што не ги слушал раните симптоми: „Да реагирав порано, можеби немаше да ми бидат оштетени белите дробови“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер