Следната недела одлука за изведувачот на реконструкцијата на Универзална сала - Канал 5

Следната недела одлука за изведувачот на реконструкцијата на Универзална сала

Следната недела ќе се донесе одлука кој ќе биде изведувачот за реконструкција на Универзална сала, кажа министерот за култура, Зоран Љутков, откако претходниот тендер пропадна.

Следната недела одлука за изведувачот на реконструкцијата на Универзална сала

Тој додаде дека Комисијата во Министерството за култура веќе подолго време работи на двете постапки за избор за иведувач, кој според најавите од ресорното министерство, ќе треба да ја заврши реконструкцијата до крајот на следната година.

- Во понеделник одлука за тоа кој ќе биде изведувач за реконструкција на Универзална сала, изјави, Зоран Љутков – министер за култура.

По донесување на одлуката, ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување на жалба од апликантите. Доколку има жалба, процесот ќе се пролонгира за неколку дена. Во случај да нема жалба, ќе следи потпишување на договор со изведувачот и продолжување на реконструкцијата.

Изминатите денови Државната ревизија информираше дека се утврдени илјадници бесправни градби во Охрид и неисполнетите обврски кон УНЕСКО. Поради тоа, Македонија и Албанија имаа обврска до 1-ви февруари да достават детални извештаи за преземените мерки, со цел да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство.

Во однос на тоа, Љутков кажа дека извештајот е официјално доставен до УНЕСКО, а одлуката за статусот ќе се знае за неколку месеци.

- Одговор од УНЕСКО за Охрид и Охридското езеро ќе добиеме во јуни, подготвени сме на се’, изјави, Зоран Љутков – министер за култура.

Според извештајот на Ревизија, за бесправни објекти кои не ги исполнувале условите за издавање урбанистичка согласност донесени се 4847 решенија за одбивање, но не се преземени мерки за нивно отстранување, иако во периодот од 2019та до 2024та година, овластени градежни инспектори издале 456 правосилни управни акти за нелегални градби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер