Следната години излегува непознат роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркез - Канал 5

Следната години излегува непознат роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркез

Гласините кружат долго време, а сега конечно се потврдија - необјавен роман на Габриел Гарсија Маркез, насловен En Agosto Nos Vemos (Ќе се видиме во август), постои и ќе биде објавен во 2024 година.

Следната години излегува непознат роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркез

Издавач е Penguin Random House и најавува дека е вистинско ремек дело. Шпекулациите започнаа уште во 1999 година кога авторот на Сто години самотија објави кратка приказна во колумбиското списание Камбио. Станува збор за приказната за Ана Магдалена Бах, средовечна жена која има еротска врска додека посетува тропски остров за да положи цвеќе на гробот на нејзината мајка.

Тогаш веќе се шпекулираше дека тоа е првото поглавје од новиот роман на кој работи познатиот нобеловец. Но, откако тој почина, понатамошната судбина на оваа книга беше непозната. Децата на Гарсија Маркез, Родриго и Гонзало Гарсија Барча, на почетокот се двоумеле, но по речиси една деценија дошле до заклучок дека делото го сметаат за премногу драгоцено за да се скрие и од неговата родна Колумбија и од поширокиот свет.

„Читајќи го уште еднаш, речиси десет години по неговата смрт, сфативме дека текстот содржи сѐ што е неопходно за неговото дело“, велат потомците на најпреведуваниот писател на шпански јазик во целиот свет.

„Како што минува времето, важноста на неговата работа само расте. Како Достоевски, Џојс и Сервантес, тој имаше уникатен стил и перспектива на гледање на светот што влијаеше на целиот свет“, изјави Ариел Кастиљо, професор на Универзитетот во Атлантико во Баранкиља за „Гардијан“ и водечки експерт за работата на Гарсија Маркез и продолжи: „Постојат две колумбиски култури: една пред Габриел Гарсија Маркез и една потоа“.

И покрај тоа што неочекуваната објава предизвика возбуда во книжевните кругови и пошироко, таа предизвика и критичка дебата за тоа дали недовршеното дело треба да биде објавено постхумно. „За мене тоа е одлична вест“, рече познатиот колумбиски автор Хуан Габриел Васкез. „Треба да знаете како да го читате: тоа не е завршено дело и Гарсија Маркез беше многу внимателен занаетчија. Но, можеме да уживаме во тоа како што е: недовршено дело на голем уметник“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер