Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија" и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички - Канал 5

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија" и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Правилата дека треба да се мијат раце, да се избегнуваат блиски контакти, сето ова помага.

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија" и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Но, основно е тоа дека ни требаат мерки. Јас ги нарекувам „комунистички мерки", а овие мерки не треба да се однесуваат само на здравјето. Ќе имаме проблеми, од снабдувањето со храна до менталното здравје. Мораме, конечно, да го сфатиме ова сериозно, истакна познатиот словенечки филозоф Славој Жижек на вчерашната онлајн промоција на неговата нова книга „Пандемија".

Делото преведено на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис", дел од „Арс Ламина ‒ публикации" и веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк" или да се купи онлајн.

На вчерашната онлајн промоција на фејсбук страницата на „Литература.мк", како што соопштија од Арс Ламина, можеше да се погледне разговор меѓу уредникот на изданието Филип Видиновски и Жижек. Во неговото дело со поднаслов „Ковид – 19 го тресе светот", познатиот филозоф се осврнува кон тоа како пандемија ќе го трансформира светот во кој живееме.

‒ Она на што бев сведок овде е дека ние знаеме само за две екстремности или луѓето се во паника или велат „готово е, да се вратиме на нормалниот живот". Она што ни треба не е паника туку, конечно, да го сфатиме ова сериозно. И навистина да се мобилизираме. Инаку, ова само ќе продолжи, вели Жижек.

Во разговорот тој ги анализирал мерките кои ги преземаат светските лидери и недостатоците во начинот на кој се справуваме со пандемијата. За решенијата на американскиот претседател Доналд Трамп и на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, се вели во соопштението, кои пропагираат да се отвори економијата, ги нарекува варварски и го опишува како „лотарија" односно „кој преживее, ќе преживее".

‒ Едното решение е тоа, варварското решение на Трамп и Болсонаро и „де факто" многу земји кои немаат добра здравствена инфраструктура ќе бидат принудени да го направат тоа. Другото решение е она на американската технократска дигитална елита. Бил Гејтс, Ендру Куомо, гувернерот на американската сојузна држава Њујорк и други. А, тоа е да се преместат, се разбира, оние што се избрани, а тоа може да биде голем број, во она што се нарекува изолирано општество. Дури и медицинските испити, испораката на храна… Без физички контакт или да се ограничи колку што е можно повеќе. Ова ќе доведе до нови класни тензии, ќе воведе разлика меѓу оние што се внатре и оние што се надвор, невидени проблеми итн. Па, мислам дека единственото вистинско решение е, повторно, не велам дека сè треба да биде национализирано, но многу посилна улога на владата, вели Жижек.

Тој смета дека се потребни добро организирани локални заедници.

‒ Не сум голем љубител на Куба, но слушам дека добро се справува со епидемијата. Во Куба има локални комитети за одбрана на револуцијата. Ми кажаа дека ова во Шпанија било од суштинска важност. Луѓето некако сами се организирале и прогласиле неколку улици за нивна територија. Контролирале кој живее таму, дали има стари луѓе кои не можат да се грижат за себе или болни луѓе. Ова е од суштинска важност. И мора да ја знаете мојата омилена приказна. Во Бразил, во Сао Паоло и Рио де Жанеиро, бандите кои се борат во фавелите го направија, ганстерите го направија она што нашите политичари не можат да го направат. Веднаш склучија мир и почнаа да соработуваат за да им помогнат на луѓето во нивните заедници. Од друга страна, над државната меѓународна соработка. Ова мора да се сфати сериозно. И покрај целата паника, вие, Македонците, не сте исклучок, истакна Жижек.

На крајот од разговорот, тој се осврна и на државава, истакнувајќи дека сочувствува со нашата земја.

‒ Знаете зошто? Затоа што кога се распаѓаше Југославија, иако подоцна имавте етнички проблеми, ситуацијата никогаш не експлодираше. Во основа, некако успеавте да го поминете целиот тој ужасен период. Се надевам дека ако постои Бог, тоа не злобен Бог кој ќе каже: „Македонци, не страдавте доволно во раните деведесетти, па ќе треба да страдате уште малку". Се надевам дека не. Не го заслужувате тоа. Ја сакам вашата земја. Кога бев во вашата земја со мојата жена, се изненадив од тоа што имате сериозен интелектуален живот. Има круг на луѓе кои читаат, дебатираат и така натаму. И сите ние сме загрижени дека во една ваква ситуација, во која популизмот експлодира, културата ќе страда. Се разбира, многу обични луѓе сметаат дека ова е вонредна ситуација, дека нема потреба од култура, дека е време за обезбедување на основните работи. И можат да се скратат средствата за културата. Тоа е она што навистина ме загрижува. Но, навистина ви посакувам сè најдобро. И знам дека оваа епидемија нема да заврши. Ќе продолжи. Сега само можеме да се надеваме на тоа да ја држиме под контрола. Немојте да се губите во утопиите дека за два месеца ќе има вакцина и сите ќе бидеме безбедни. Не, ќе има којзнае какви други проблеми. Но, заедно ќе се справиме со сè, заврши Жижек./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер