3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
Шоу бизСлавната убавица ја откри тајната за својот совршен изгледТаа има 43 години и сите се воодушевуваат на нејзиниот изглед, за кој мислат дека е природен. Сепак, вистината е малку поинаква.Гвинет Палтроу има 43 години и изгледа беспрекорно. За тоа може да им се заблагодари на бизарните третмани. Еден од нив е и третман со убод од пчели. „Како лабораториско глувче сум, постојано испробувам нови работи и отворена сум за се. Бев на третман со убод од пчели. Тоа е илјадници години стара техника која всушност се вика апитерапија, а луѓето ја користат за ги излечат лузните и воспаленијата. Целиот третман беше повеќе од фасцинантен, но ужасно многу боли“ – изјави Гвинет. Таа откри што се правела поради убавината. „Ми ја истегнуваа кожата со штипкање, ми ги отстрануваа мртвите ќелии со екстремни пилинзи и микродермоабразив, а редовно одам на ласерски третмани. Пробав и третман со змиски отров кој ги отстранува борите“ – изјави таа. Таа тврди дека се уште нема направено пластична операција, но не гарантира дека нема тоа да го направи кога ќе наполни 50 години. „Редовно одам на детоксикација, а бев и на “прочистување“ на вагината. Тоа морате да го пробате! Седнувате на нешто што изгледа како мини престол, а пареата и инфрацрвена светлина ви ја прочистуваат вагината“ – изјави таа. Инаку и нејзината ќерка Епл, која има само 11 години редовно оди на козметичар. Таа оди на дијамантски пилинг и третман со сино светло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со положување свежо цвеќе и оддавање почит, го одбележавме овој значаен датум од македонската историја.Со гордост и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и делата на сите оние кои се бореле за слободата, самостојноста и иднината на македонскиот народ. Нивната борба е наша обврска да продолжиме да градиме подобра, посилна и просперитетна Македонија. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври! Нека ни е вечна Македонија!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКрвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM. Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“. Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер. Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат. „Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук. Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook