Шоу бизСлавната оскаровка никој не ја препознава, изгледа како дух (ФОТО)По двегодишна пауза, американската актерка Сандра Булок (56) се врати на филмот во екот на пандемијата на коронавирус.Откако го сними реномираниот пост-апокалиптичен хорор / трилер „Птичја кутија“ за Нетфликс во 2018 година, кој исто така го продуцира, сега работи на неименуван филм за истиот стриминг сервис, што всушност е адаптација на британската мини ТВ серија „Непростено“ од 2009 година. Оскаровката овие денови е видена на снимањето во Ванкувер, Канада, но со оглед на трансформацијата низ која морала да помине поради улогата, таа изгледа потполно непрепознатливо, уморно и малку несредено, со неуредна коса што и паѓа на рамената. Булок, во новиот проект на кој работи повторно како продуцент, ја игра Рут Џонс, поранешна осуденичка која се обидува да се врати во нормалниот живот по излегувањето од затвор, каде што завршила за двојно убиство на полицајци. Со цел да се усогласи со сите епидемиолошки мерки воведени поради ковид-19, Сандра се заштитила на сетот со маска, но и со визир, и секој пат кога ќе влезе во теренецот, темелно нанесува средства за дезинфекција на рацете. Покрај неа, во претстојниот филм на Нетфликс ќе ги видиме и Виола Дејвис и Винсент Д'Онофри, sвездата на „Светот на Јура“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометПрво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. ПелистерВечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата. Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл. Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМиланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на 10. коло од Серија А.„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро. Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00