Славна пејачка и холивудска актерка ги запалија мрежите - спотот има 20 милиони прегледи(ВИДЕО) - Канал 5

Славна пејачка и холивудска актерка ги запалија мрежите - спотот има 20 милиони прегледи(ВИДЕО)

Сабрина Карпентер (25) е веројатно најинтригантната млада пејачка ѕвезда во подем во моментов, а нејзиниот нов албум Short n' Sweet, кој ја здогледа светлината на денот на 23 август, може дополнително да ја зачини приказната .

Славна пејачка и холивудска актерка ги запалија мрежите - спотот има 20 милиони прегледи(ВИДЕО)

Како што пишуваат американските таблоиди, се чини дека Сабрина на романсата со канадскиот пејач Шон Мендес ѝ посветила дури шест песни на новиот албум.

Имено, гласините започнаа поради новиот спот на Сабрина за песната „Taste“ во која глуми Џена Ортега, актерка која многу личи на Камила. Во видеото актерката и пејачката разменуваат сочни бакнежи, по што интернетот „полуде“.

Дури 20 милиони луѓе го погледнале овој клип за 24 часа, а коментарите се слеваат низ Интернет: „Вакво нешто не е видено од Бритни и Мадона!“, напиша еден корисник.

Имено, во спотот пејачката Сабрина се кара со Џена за маж, а на крајот и двете сфаќаат дека главен „виновник“ за сите љубовни драми е машкиот член на љубовниот триаголник кого на крајот го закопуваат и се дружат.

Филмовите „Death Suits Her“ и „Kill Bill“ послужиле како инспирација за видеото. Полн е со оружје и крв, кои се претставени на гротескен и мрачно хумористичен начин.

YouTube video

Имено, во февруари и март 2023 година почнаа гласини дека Карпентер и Мендес биле во врска откако неколку пати биле видени заедно во Лос Анџелес. Сепак, Мендес за медиумите негираше дека тие двајца се во врска. Веднаш потоа, во април истата година, Мендес и неговата долгогодишна девојка Камила Кабело беа видени заедно на фестивалот Коачела и сите мислеа дека тие двајца се повторно заедно по раскинувањето. Нивната љубовна врска трае со години.

Целата приказна беше доволна причина да се дигне на нозе онлајн фан заедницата на тројцата актери. Кратката врска што се случила во првиот дел од 2023 година очигледно била доволна Сабрина дури и да посвети неколку песни на љубовниот триаголник, а Сабрина отиде дотаму што со зборови и со „слика“ и кажа на својата колешка Камила дека додека таа се бакнуваше со Мендес, веројатно се чувствуваше како тој да ја бакнува. Токму таква треба да биде симболиката на бакнежот меѓу Сабрина и Џена.

Никој не се огласи по видеото и ја претстави својата страна на приказната, но се чини дека триото музичари може само да профитира од дополнителното внимание што го привлекоа.

Инаку, Сабрина од крајот на 2023 година ги полни колумните во весниците со љубовната врска со ирскиот актер Бери Кеоган, кој дури глумеше во нејзиниот спот „Please Please Please“. Тие се појавија заедно на црвениот тепих на Златниот глобус и со тоа ја потврдија својата врска. Сепак, веќе некое време се шпекулира дека раскинале во текот на летото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето .

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје. Таа праша од која сметка била извршена уплатата и какви проверки направила Агенцијата пред да даде согласност за преземањето.

„Од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво? Особено тука сакам да бидете попрецизни во одговорот, бидејќи во јавноста веќе има информации дека станува збор дека тоа плаќање е од приватна сметка, односно сметка на физичко лице. Значи, од каде потекнуваат парите за купување на осигурителното друштво и од која сметка тие се префрлени“, праша Николова.

Таа посочи дека, според јавно достапните информации што ги наведе, осигурителното друштво било купено за околу 1,7 милиони евра, со преземање на сите 60.000 акции.

Николова нагласи дека јавноста досега не добила објаснување од Агенцијата за начинот на кој била спроведена продажбата и за проверките што ѝ претходеле на согласноста.

„Стекнувањето сопственост во осигурителното друштво не може да биде само формално административна постапка. Таа е многу повеќе од една таква формална постапка, особено кога станува збор за финансиски субјект кој располага со средствата од премии на илјадници граѓани и на компании. Агенцијата мора да има јасна слика за финансиската состојба на инвеститорот, потеклото на неговиот капитал, неговата деловна репутација и поврзаноста со други правни и финансиски субјекти“, истакна Николова.

Обраќајќи ѝ се на претставничката на Агенцијата, Дракуловска, пратеничката побара да бидат презентирани конкретните наоди врз кои била донесена одлуката за преземање на осигурителното друштво.

„Обврска на Агенцијата е да ги препознае ризиците, навреме да ја заштити довербата на осигурениците. Дали Агенцијата го проверила потеклото на средствата, финансиската состојба на купувачот и неговата поврзаност со останатите финансиски субјекти и врз основа на кои конкретни наоди е дадена согласност за преземање на ова друштво?“, праша Николова.

Таа нагласи дека случајот има јавен интерес, бидејќи се однесува на сигурноста на граѓаните и компаниите кои имаат осигурителни полиси, како и на вработените во друштвото.

„Ова не е прашање само на сопственичката трансакција или на деловен интерес на еден инвеститор. Ова е прашање коешто има јавен интерес и на довербата во институциите кои треба да го штитат финансискиот систем и да ги штитат граѓаните“, порача Николова.

На крајот, таа побара прецизни одговори за потеклото на капиталот, извршените проверки и основата за дадената согласност.

„Не барам општи уверувања дека осигурителниот сектор е стабилен затоа што денес цел ден слушаме такви општи уверувања. Барам конкретни одговори на прашањата што ви ги поставив“, нагласи пратеничката на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од привремениот администратор Илија Андоновски да ја објасни својата претходна улога во процесот на супервизија и лиценцирање на банката.

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

Бочварски праша дали Андоновски учествувал во давањето лиценци и дали тогаш имал сознанија за прекршокот констатиран од Европската централна банка при обидот за влез во Адико банка во Австрија.

„Дали согласно претходната ваша позиција, директор на Дирекција за супервизија и лиценцирање во Народната банка, при влегување на Алта банка Србија во Македонија имавте сознанија за прекршокот кој го констатирала Европската централна банка при нејзиното влегување во Адико банка Австрија и дали имавте удел во давањето на лиценците на акционерите и на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка Битола“, праша Бочварски.

Тој нагласи дека улогата на Андоновски, назначен за привремен администратор на 1 ноември 2026 година, е особено значајна поради состојбите во банката и обврските кон граѓаните и компаниите.

„Вашата улога во овој период, во оваа банка е многу значајна, посебно поради состојбите во банката, а тие се загрижувачки, гледајќи ги редиците наши сограѓани кои цел ден чекаат пред вратите на оваа банка да си ги повлечат средствата со цел да вратат можеби кредити, да си ги платат сметките за струја и вода, да купат храна од маркетите, лекови и така натаму“, истакна Бочварски.

Во обраќањето тој презентираше податоци за влошувањето на финансискиот резултат на банката. Според бројките што ги наведе, во првите три квартали од 2025 година банката остварила добивка од 49 милиони денари, додека во истиот период од 2026 година прикажала загуба од 48 милиони денари.

„Нето приходите од камати паднале за 8%. Нето приходите од провизии паднале за 29%. Значи од добивка во 25-та година од 49 милиони денари преминала банката во загуба од 48 милиони денари во оваа 26-та година“, посочи Бочварски.

Тој побара администраторот да ја презентира актуелната состојба и да одговори дали банката може целосно и навремено да ги подмири обврските кон депонентите и доверителите.

„Дали врз основа на актуелната финансиска состојба на Алта банка АД Битола, банката располага со доволно ликвидност за целосно и навремено подмирување на обврските кон своите депоненти и доверители и дали нејзината финансиска позиција овозможува одржливо и рентабилно работење во идниот период“, праша Бочварски.

Дополнително, побара конкретно објаснување за причините поради кои банката преминала од позитивен во негативен финансиски резултат.

„Дали согласно увидот којшто еве во изминативе десетина дена го имате во Алта банка Битола можете да објасните што се случувало во 26-та година и кои се главните причини што банката од добивка преминува во 26-та година во загуба, со што се загрозува и нејзиното работење“, праша пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во Кина

Американската администрација одобри продажба на чипови за вештачка интелигенција (ВИ) од компанијата „Nvidia“ на кинески фирми кои се поврзани со субјекти на „црната листа“ на САД.

Владата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во Кина

Постои зголемена загриженост дека ниту Министерството за трговија, ниту „Nvidia“ не спроведуваат темелна проверка при одобрувањето на кинеските фирми кои добиваат дозвола за ракување со чиповите „H200“ на „Nvidia“, наменети за вештачка интелигенција. Според весникот „The New York Times“, компанијата наречена „New Matrix“ се наоѓа на списокот на одобрени субјекти, иако нејзините канцеларии се празни – опишани како „празна сива школка, со жици што висат од таванот, таму каде што треба да има светилки“. Всушност, весникот пронашол многу малку докази дека компанијата воопшто постои во некаков реален облик:

„На интернет има многу малку информации за ’New Matrix‘, компанија основана пред 17 месеци. Името на фирмата го нема во списокот на станари во зградата што таа ја наведува како своја адреса. Во канцеларијата за управување со индустрискиот парк, која се наоѓа во близина, и рецепционерот и менаџерот изјавија дека немаат никаква евиденција за постоењето на оваа компанија“, пренесува „NYT“.

Дури и оние малку достапни информации за „New Matrix“ се загрижувачки. Нејзините сопственици се поврзани со кинески инвестициски фонд кој од 2024 година се наоѓа на „црната листа“ на американската влада. Според „The Times“, ова не е изолиран пропуст, туку загрижувачки тренд при кој на компании поврзани со субјекти кои подлежат на трговски ограничувања – воведени од причини поврзани со националната безбедност – им се дозволува да купуваат чипови од „Nvidia“.

За време на претседателствувањето на Бајден, „Nvidia“ се соочи со ограничувања за продажба на чипови во Кина. Сепак, администрацијата на Трамп ги олесни овие ограничувања откако „Nvidia“ се согласи да ѝ отстапи на владата 15 отсто од својата вкупна продажба. Извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, исто така започна интензивна кампања за лобирање, а според извештаите, тој бил цел на кинеското Министерство за државна безбедност во рамките на шпионска операција.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер