Славна француска актерка оди на суд под обвинение за проневера на стотици илјади евра - Канал 5

Славна француска актерка оди на суд под обвинение за проневера на стотици илјади евра

На познатата француска актерка Изабела Аџани (68) ќе ѝ се суди во Кривичниот суд во Париз на 19 октомври за даночна измама и перење пари.

Славна француска актерка оди на суд под обвинение за проневера на стотици илјади евра

Аџани е обвинета дека преку два механизми ги измамила даночните власти во 2013, 2016 и 2017 година. Таа сокрила „донација од два милиони евра од Мамаду Дијања Ндијаја, под превезот на заем, што и овозможило да избегне данок на трансфери од 1,2 милиони евра“ и фиктивно престојувала во Португалија, што ѝ овозможило „да избегне 236.000 евра данок на доход.“, објави CNEW.fr.

Мамаду Дијагна Ндијаје е влијателен сенегалски бизнисмен, претседател на Сенегалскиот национален олимписки и спортски комитет (CNOSS) и член на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Тој е и претседател на Организацискиот одбор на младинските олимписки игри (МОГ), закажани за 2026 година во Сенегал.

„Изабела Аџани ги оспорува наводните факти и вели дека не сторила кривично дело“, тврдат нејзините адвокати Џули Фреал-Сејсон и Седрик Лабрус, осудувајќи го обвинителството како „неосновано и непропорционално“. „Француските даночни власти со сите средства се обидуваат да го преквалификуваат овој заем како донација и покрај долгогодишната отплата“, изјавија адвокатите на актерката, додавајќи дека Ндијаје е и кум на нејзиниот син.

На актерката ќе и се суди и за перење пари, дело направено меѓу САД и Португалија во 2014 година. Таа е осомничена дека „минала низ американска банкарска сметка и не пријавила на даночните власти сума од 119.000 евра од офшор компанија со непознат вистински сопственик и наменета за инвестирање во Португалија“, изјавил судски извор, пишува Ле Монд.

Истрагата е отворена во 2016 година по откривањето на Панамските документи за системот на даночно затајување преку сметки во даночните раеви. Изабела Аџани е наведена како сопственичка на бизнис на Британските Девствени Острови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер