Славна девојка на OnlyFans раскажува: Ја продавав и мојата плунка, а ме силуваше и дух (ВИДЕО) - Канал 5

Славна девојка на OnlyFans раскажува: Ја продавав и мојата плунка, а ме силуваше и дух (ВИДЕО)

Ел Брук, успешна манекенка на OnlyFans, ги откри најчудните барања што ги добила, вклучувајќи ја и продажбата на плунка за 200 фунти, пишува LadBible.

Славна девојка на OnlyFans раскажува: Ја продавав и мојата плунка, а ме силуваше и дух (ВИДЕО)

Манекенката, која е и непоразена боксерка, вели дека на крајот ќе се повлече од споменатата платформа. Минатиот месец таа ја нокаутира Фејт Ордвеј во првата рунда, на истиот настан каде подоцна се степаа познатите Јутјубери КСИ и Фазе Темперо.

Во интервјуто за „ The Taboo Room “, Брук е искрена за некои од најчудните барања што ги добила откако е на OnlyFans.

- Еднаш продадов сад со плунка за приближно 200 фунти - објасни таа и додаде дека не знае кој и зошто некој би упатил такво бизарно барање, но сфатила дека тоа е сосема нормално во споредба со видеото каде, на пример, се преправала дека ја силува дух.

- Да, морав да снимам спот за клиент, морав да се преправам дека сум силувана од дух - признала таа и рекла дека ѝ било навистина тешко затоа што морала да ја употреби сета своја имагинација. За среќа, Брук ги сведе чудните барања на минимум.

YouTube video

- Сè уште добивам барања, но не толку често затоа што ги покачив цените. Станав малку мрзелива - признала таа. Потврди и дека на платформата заработува по 30 илјади фунти месечно.

- Првите месеци заработував седум илјади месечно - објасни таа и рече дека за време на студиите заработувачката на OnlyFans ја сметала за „апсолутно бизарна“ бидејќи никогаш немала многу пари додека растела.

- После една година лесно заработував 30 илјади месечно, а оттогаш само сумата продолжи да се зголемува - додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Умејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Умејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ.

Умејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како пожолтените перници повторно да бидат бели? Трик што ја враќа нивната свежина

Со правилно одржување може да се врати свежиот изглед, но важно е да се провери упатството на производителот.

 Како пожолтените перници повторно да бидат бели? Трик што ја враќа нивната свежина

Перниците ги користиме секоја ноќ, но не ги переме често како постелнината. Со тек на време на нив се собира пот, маснотија од кожата и косата, траги од крема, шминка, па белата ткаенина добива жолта нијанса.

Проверка на декларацијата пред перење

Не сите перници се направени од ист материјал, ниту имаат исто полнење, па не можат сите да се перат на ист начин. Пред да ја ставите во машина за перење, проверете дали таквото перење е дозволено и која температура се препорачува.

Доколку е предвидено машинско перење, држете се до програмата и видот на детергент наведени на декларацијата. Кај белите перници може, евентуално, да се користи средство за избелување, но само ако е безбедно за материјалот од кој е направена перницата.

Посебно внимание е потребно со средствата што содржат хлор. Варикината никогаш не треба да се меша со оцет, амонијак или други средства за чистење, бидејќи таквата комбинација може да доведе до ослободување на опасни гасови.

Задолжително е целосно сушење

Перењето е само дел од одржувањето. Перницата мора да биде целосно сува пред повторно да се користи, бидејќи влагата во внатрешноста на полнењето може да предизвика непријатен мирис и да поттикне развој на мувла.

Ако декларацијата дозволува сушење во машина, користете соодветна програма. Во текот на сушењето корисно е повремено да се протресе перницата за полнењето да се распредели рамномерно.

Кај природното сушење, перницата треба да се остави на место со добар провев и повремено да се врти за влагата подобро да се исуши.

Навлаката за перница може да ја продолжи свежината на перницата

Редовното перење на навлаките за перници е еден од наједноставните начини да се намали количината пот, маснотија и други нечистотии што доаѓаат до самата перница.

Заштитните навлаки дополнително го намалуваат валкањето, но треба да се перат според препораките на производителот. Така и перењето на перниците може да се сведе на поретки интервали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето

Четири видови нега на кожата кои би требало да се најдат на вашата полица.

 Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето

Советите дека сите масла тешки и ги зачепуваат порите е обичен мит, правилно избраното ладно цедено масло е вистински концентрат на витамини, антиоксиданси и драгоцени масни киселини неопходни за убава и здрава кожа. Овие масла ја обновуваат природната заштитна бариера на кожата создавајќи хидролипиден слој, штитат од губењето вода и ја подобруваат еластичноста на кожата.

Изборот на масло зависи од видот на проблемот што сакате да го решите.

Масло од семки од кактус-смоква (индијанска смоква) – природен ботокс во шишенце

Ова е едно од најдрагоцените масла на светот, а неговата делотворност може да се спореди во професионалниот третман. Благодарение на исклучително високата содржина на витамин Е – познат и како „витамин на младоста“ – делува како природен сојузник во борбата против стареењето. Ја подобрува густината и цврстината на кожата и е совршено за нежната зона околу очите и усните. И покрај неговата моќност, лесно е и брзо се впива.

Масло од семки од шипка – за намалување на хиперпигментација и врвен регенератор

Ако не ве мачат само брчките, туку имате и нерамномерен тен и оштетувања од сонцето, ова е совршениот избор за вас. Маслото од шипка е природен извор на витамини Ц и А, кои го поттикнуваат обновувањето на клетките, ги избледуваат темните дамки и ѝ го враќаат на кожата здравиот и блескав изглед. Редовната употреба може да направи чуда!

Арганово масло – течно злато од Мароко

Ова е класика што никогаш не разочарува. Ако вашата кожа е сува, затегната и ѝ недостасува живост, аргановото масло делува како смирувачка облога. Тоа интензивно ја храни, регенерира и штити кожата од штетните надворешни влијанија, како што се ветерот и студот. Ја подобрува еластичноста и ја прави кожата кадифено мека.

Масло од авокадо – спас за сувата кожа

Густото, богато и неверојатно хранливо маслото од авокадо е вистинска ризница на витамини (A, B, E, H, K, PP, F) што овозможува моментално олеснување за екстремно сувата, зрела кожа. Длабоко хидрира, измазнува и создава нежен заштитен слој.

Како да го користите маслото за да биде делотворно? Едноставни правила што треба да ги знаете

За целосно искористување на моќта на маслата, важно е да знаете како правилно да ги нанесувате.

Правило бр. 1: Секогаш нанесувајте масло на влажна кожа. Самото масло не е хидратантно - ја задржува влагата во епидермот. Затоа, секогаш нанесувајте го претходно навлажнета кожа со тоник, хидролат или обична вода.

Правило бр. 2: Помалку е повеќе. Доволни се 2 до 3 капки. Загрејте ги меѓу дланките, а потоа нежно масирајте или намачкајте ја кожата на лицето, вратот и деколтето.

Правило бр. 3: Маслото е последно. Нанесете го маслото како последен чекор во вечерната рутина за нега, после серумот и кремата. Ова ќе создаде оклузивен слој што ќе ги заклучи сите драгоцени состојки.

Правило бр. 4: Збогатете ја вашата крема. Можете да додадете капка од омиленото масло во дел од вашиот хидратантен крем за дополнително да го подобрите неговиот ефект, пишува Sensa.hr.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер