СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ
1СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ
3ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"
Шоу бизСлавна актерка тужи филмска компанија за неисплатен хонорар од милион долари и нарушен углед Француската актерка Ева Грин, позната по улогата во „Казино Ројал“, филм од франшизата за Џејмс Бонд, ја тужеше филмската компанија White Lantern (UK) Ltd поради неисплатен хонорар за откажан филм.Таа вели дека компанијата ѝ должи хонорар од милион долари за филмот наречен „Патриот“. Снимањето на филмот било откажано во 2019 година, откако не било можно да се соберат доволно финансиски средства за неговото производство. Оригиналниот буџет за филмот бил 10 милиони долари, но бил намален без знаење на актерката која тврди дека не би се согласила на соработка да знаела дека буџетот е намален. Една од главните причини за незадоволството на актерката е тоа што снимањето на второкласен филм може да биде лошо за нејзината репутација. „Кога актер се појавува во филм од втор ред, те етикетираат како актер од втор ред и никогаш повеќе не добиваш квалитетна работа... Тоа би можело да ја убие мојата кариера“, рече Грин. Ева секако сака да го задржи статусот на актерка која се појавува во сериозни филмови кои обработуваат сериозни теми. „Парите навистина не ми се важни. Живеам за да снимам добри филмови, тоа е мојата религија“, одговори Грин на прашањето дали парите биле пресудни за неа при прифаќањето на улогата. Грин глумеше Бонд девојка во Казино Ројал и освои бројни признанија за улогата, освојувајќи ја наградата БАФТА за актерка во подем во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државатаСедум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг се показатели за економска стабилност.За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати. Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг. Државниот долг сега изнесува 51,7% од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра. Ова е јасен показател дека политиките на Владата даваат резултати и дека Македонија се движи во насока на финансиска стабилизација. Позитивните трендови се потврдуваат и преку економскиот раст. БДП веќе седум квартали по ред бележи раст од над 3% проценти, што укажува на стабилна економска активност и зголемена доверба во економските политики. За ВМРО-ДПМНЕ економијата не е статистика на хартија, туку подобар животен стандард, стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и сигурна иднина за граѓаните. Додека претходната власт оставаше долгови, корупција и економски хаос, денес Владата работи на стабилизирање на државните финансии и создавање услови за економски раст. Резултатите се мерливи. Долгот се намалува, финансиската стабилност се зајакнува, а државата конечно се управува домаќински. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за стабилна, економски силна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на ВучиќВо Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја. Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност. Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник. Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата. Сега истата матрица се пресликува во Македонија. Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“… Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“. Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село. Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи. Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери. Целта е иста: Да се обесхрабрат младите, Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“. Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи. Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми. Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ. Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО. Младите масовно си одат. Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани. „Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ. Иста школа. Исти ментори. Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена. Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото. Во буџетот нема пари. Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен. Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите. Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него. Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат. Затоа лета на екскурзија во Брисел. Просторот се стеснува. Граѓаните веќе сè знаат. Последните подготовки се јасни: Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми. Дотогаш мора повторно да го поделат народот. Мора да се подготват за предвремени избори. Затоа што пари нема. А други резултати нема, ниту ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзвонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори.Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција во Скопје. -Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најценетите и широко познати фестивали во Република Северна Македонија и пошироко. Како амбасада, во текот на изминатите години со фестивалот заеднички работиме на организацијата на грчките вечери и ги носиме најдобрите уметници, рече грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду. Публиката уживаше во изведбата на композиции од Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, Едвард Елгар, Петар Илич-Чајковски, од Астор Пјацола и Габриел Форе. Промовирана од страна на легендарната пијанистка Марта Аргерич, со која заеднички го издава албумот со дела од Бетовен за дискографската куќа „Ворнер класикс“, пијанистката Теодосија Нтоку плени со нејзиниот богат звук и интелигентно формирање на музичката мисла, а тоа го покажа и на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“. Критичарот на магазинот „Грамофон“ во критиката за нивниот албум ќе напише „јасно е зошто Аргерич ја привлекува музицирањето на Нтоку, тоа поседува слобода и не се плаши од ризици“. Виолончелистот Полидори е роден во семејство на музичари и запoчнува да учи музика во родниот град Торино, каде и дебитира со оркестарот исполнувајќи ги Рококо варијациите од Чајковски со Камерниот оркестар на Софија. По дипломирањето со највисоки оценки во Италија, продолжува да се усовршува во Женева, во класата на Даниел Гросгурин, каде ја добива наградата Гран при за виртуозност исполнувајќи го Концертот за виолончело од Роберт Шуман. Тој е меѓународно признат водач на групата виолончела на оркестарот на „Ла Скала“ во Милано, позиција која ја добива на 30-годишна возраст откако тогашниот уметнички директор на оркестарот, Рикардо Мути, ги препознава неговите квалитети. Покрај тоа, Полидори е основач на триото „Јоханес“ и на Гудачкиот квартет на „Ла Скала“ заедно со концерт-мајсторот и истакнат виолинист Франческо Манара, ансамбли со кои постигнува светски успеси и настапува во „Карнеги Хол“, а со кои ги добива наградите „Осака“, наградата „Премио Трио“ во Трст и наградата на Асоцијацијата на музичките критичари на Аргентина. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16