Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија
1Европа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортации
2Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија
КултураСлавистите во одбрана на идентитетот и посебноста на словенските народиПредизвиците со кои се соочуваат словенските народи пред процесите на глобализација, мултукутурализам и обидите за обезличување на словенските јазици, традициите и идентитетот се дел од темите на кои ќе се разговара во рамки на Меѓународната конференција на Сеславјанскиот комитет што од денеска се одржува во Охрид.На научниот собирот насловен „Тајните на словенската писменост“ учествуваат педесеттина професори, експерти, слависти од Македонија, Русија, Украина, Чешка, Полска, Словечка и Бугарија, како и преставници на православните цркви од неколку држави, а се очекува да бидат претставени нови трудови и сознанија за словенската култура и писменост која претставува обединувачки фактор кај словенските народи. - Метафизичкото значење на словенската писменост како придобивка во човечката цивилизација воопшто ќе биде обединувачката нишка во рамки на овој научен собир што годинава се одржува во Охрид, организиран токму тука за на тој начин да се одбележи 1.100-годишината од упокојувањето на сесловенскиот просветител Свети Климент Охридски, истакна Јордан Ѓорчев, претседател на Сеславјанскиот комитет за Македонија. Сеславјанскиот комитет како меѓународна организација има задача да ја возобнови славистиката како наука, а истовремено да ја шири вистината за посебноста и богатствата на словенската култура, пред се духовноста и писменоста. - Охрид е свето места за сите словени. Токму оттука треба да се брани словенството од се поизразените обиди за асимилации и негативните влијанија врз нашите заеднички вредности. Мораме да се враќаме кон заедничките корени, нашата традиција, култура, исправена пред опасностите што ни се сервираат со примнципите на мултукултурализмот, истакна Зденек Опатрил, претседател на Сесловенскиот комитет. Како метод на обезличување на словенството тој ја посочи оикофобијата, метод преку кој се пласираат теории за преиспитување на посебностите на словенските народи, нивното потекло и особеност. - Јазикот е главната особеност на секој народ. Доколку не постои јазикот, исчезнува и народот. Јас не знам како е во Македонија, но искуствата во Чешка покажуваат дека се повеќе секојдневно се употребуваат странски изрази и интернационализми кои јас воопшто не ги разбирам, предупреди проф. д-р. Опатрил. Претседателот на Рускиот фонд за образование Сергеј Комков, кој одамна ја третира проблематиката на образованието кај словенските народи, изрази загриженост поради актуелнати состојби во Европа, од аспект на процесите кои според него се насочени кон обезличување на словенската посебност. - Руската позиција тука е мошне јасна. Ние ја промовираме идејата на патриотизам кај словенските народи, притоа почитувајќи ги посебностите дури и на најмалите народи и нивната јазична и културна особеност, истакна тој. Негова оценка е дека токму таа идеја треба да се продлабочи, истата да биде основа во воспоставувањето културни и образовни текови кај сите словенски држави, а православието да е главното оружје во одбраната на својот идентитет од обидите за претопување. Учесниците на собирот ќе ги посетат кутурно-историските споменици во Охрид и регионот, местата каде пред векови е создадена основата на словенската писменост, при што ќе остварат и средби со највисоки црквени великодостојници. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаЕвропа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортацииМинистрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика.Министрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика, зајакнување на надворешните граници, поголема улога на европската гранична агенција Фронтекс и поефикасно враќање на мигрантите кои немаат право да останат во Европа. Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт ќе се залага за „спроведување промена во миграциската политика“, а приоритетите на состанокот ќе вклучуваат понатамошно подобрување на Европскиот пакт за миграција, поконзистентно заострување на надворешните граници на ЕУ и забрзување на враќањето на мигрантите. Портпаролот на Добринт изјави за германските медиуми дека Фронтекс би можел да се трансформира во „агенција за заштита на границите и ефикасно враќање“, што би ѝ дало на институцијата поголема улога во граничната контрола и спроведувањето на процедурите за депортации, според Дојче Веле. Во моментов, земјите-членки на ЕУ се одговорни за враќање на барателите на азил чии барања се одбиени. На состанокот ќе присуствува и белгиската министерка за азил и миграција, Анели ван Босеит, која ќе се залага за зајакнување на надворешните граници на ЕУ, посилна улога на Фронтекс и поефикасно враќање на лицата кои немаат право да останат во Европа. Пред предлогот на Европската комисија за иднината на Европската гранична агенција, кој се очекува кон крајот на октомври, Ван Босеит ќе нагласи дека Европа мора да може да реагира побрзо и порешително на своите надворешни граници со цел да ја контролира нерегуларната миграција и да спречи лесен пристап до територијата на ЕУ, пишува „Бриселс тајмс“. Таа, исто така, ќе се залага за поголема улога на Фронтекс во процесот на враќање на мигрантите, како и за посилни стимулации за земјите кои не се членки на ЕУ да ги прифатат своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа. Според неа, ЕУ треба повеќе да ја користи својата економска и дипломатска тежина и да ја поврзе соработката во областа на враќањето со други односи со трети земји. - Пактот за миграција беше важен прв чекор, но не е доволен сам по себе - рече белгиската министерка, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на заштитата на надворешните граници и обезбедување ефикасно спроведување на одлуките за враќање. Таа ги спомена визната политика, трговијата и помошта за развој како можни лостови за притисок. Се очекува Германија, Данска, Австрија, Холандија и Грција, исто така, да одржат одделни разговори за воспоставување центри за депортација, или центри за враќање, во трети земји. Берлин, според медиумските извештаи, се надева дека ќе постигне договор со една земја во Африка и евентуално во Азија до крајот на годината. Министрите ќе разговараат и за тоа како ЕУ може подобро да одговори кога надворешните граници одеднаш се изложени на силен миграциски притисок, како што е неодамнешното масовно преминување на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. На дневен ред ќе бидат и првите искуства во спроведувањето на Европскиот пакт за азил и миграција, кој стапи на сила на 12 јуни. Белгија смета дека Пактот треба темелно да се разгледа по една година спроведување, во јуни 2027 година, со цел да се идентификуваат пречките и да се процени каде правилата би можеле да бидат поедноставни и поефикасни. „Еурактив“ претходно објави дека неколку земји-членки веќе повикуваат на измени и поедноставување на Пактот, додека Ван Босеит смета дека на документот прво треба да му се даде доволно време за да покаже резултати во пракса. На состанокот ќе присуствува и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, додека се очекува учество на претставници на вкупно 18 земји од ЕУ и надвор од ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.Тагови: депортации Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаНиколоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со БугаријаРаспшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија.Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски. “Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка .Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на раното откривање пожари и заштитата на животната средина. Со потпишаниот меморандум се воспоставува рамка за реализација на пилот-систем за видео мониторинг на депонии преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици. Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе обезбедува 24-часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација. Moдирум Платформс која со својата технологија и експертиза придонесува кон иницијативи за заштита на животната средина, превенција на ризици и унапредување на јавната безбедност, ќе обезбеди опрема за системот на привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка за иницијативи од јавен интерес. Со овој пилот-проект, МЖСПП ја унапредува примената на современи дигитални технологии во заштитата на животната средина, со фокус на превенција, рано предупредување и поефикасно реагирање. Резултатите од пилот-фазата ќе бидат основа за разгледување на можностите за проширување на системот на национално ниво, соопштуваат од Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook