Славески: Се соочуваме со големи опструкции од градоначалник и администрацијата на Град Скопје

Сакам да ја известам македонската јавност за тоа дека се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје, при носењето и извршувањето на одлуки.

По иницијатива на Град Скопје и мислење на градоначалник по пет часовна расправа, продуктивна, сега знаете секогаш може да има и поинакви дискусии, беше усвоен заклучок со гласање од страна на мнозинството членови на Совет со кој што се задолжи градоначалник да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар, тарифата за изминат километар на приватните превозници.

Факт е дека во меѓувреме од 2017 година многу работи се променети и нивните барања се секако оправдани.

Во моментот на гласањето некаде околу една минута, јас ја молев службата да ги изброи гласовите, стоеја советниците тоа може да се види од снимката со дигнати раце и тие имаа забрана да ги бројат гласовите. Мислам тоа може многу лесно да се провери.

Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот неуспеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката.

Јас тука чекам во мојот кабинет, во мојата канцеларија во Советот на Град Скопје од 17:00 часот, еве сега помина 19:30 часот, да ми се донесе на потпис заклучокот за да го проследам официјално до градоначалникот Арсовска. Уште една опструкција до овој момент, заклучокот не е донесен, јас ќе продолжам да чекам затоа што мислам дека тоа ми е обврска. За ова сакав да ве известам, решен е се надевам еден проблем од страна на советниците, сега треба да постапува градоначалникот Арсовска, изјави претседателот на Советот, Трајко Славевски.

Ал-Хелаифи: Суперлигата не постои и никогаш не постоела, ја има само во главите на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

- Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА. /МИА

Нехамер ја предлага Австрија за домаќин за мировни преговори за Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја предложи Австрија за место за одржување на мировни преговори за Украина за време на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.

„Австрија е подготвена како неутрална земја да биде домаќин на мировни преговори во секое време“, напиша Нехамер на платформата „Икс“. Зеленски му се заблагодарил за поддршката и повикал Австрија да ја потпише заедничката изјава на Г7 за долгорочна поддршка на Украина.

Зеленски, на социјалната мрежа Икс нагласи дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија за постигнување траен и праведен мир./МИА

Ретклиф: Манчестер стана просечен, клубот не е на елитното ниво

Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.

- Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“./МИА

притисни ентер