Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност - Канал 5

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

На Глобалниот форум, заедно со гувернерот, учествуваат и главната економистка Анета Крстевска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска.

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните, порачал гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), што се одржува во Намибија.

Од Народната банка денеска информираа дека Славески пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), нагласил оти финансиската вклученост претставува темел на сеопфатниот економски раст и благосостојбата на општествата.

- Само финансиски писмени граѓани можат да носат исправни одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање, а со тоа придонесуваат и за стабилноста на целиот финансиски систем, рекол Славески.

Посочил дека дигитализацијата и финтек-иновациите отвораат огромни можности за поширок пристап до финансиски услуги, но носат и нови ризици – како што се нови типови измами, злоупотреби на лични податоци и ризик од презадолжување на домаќинствата.

- Во дигиталната ера е неопходно развивање ефикасни иницијативи за финансиска едукација и алатки за различни целни групи – од младите до постарите генерации, истакнал гувернерот.

Осврнувајќи се на активностите на Народната банка во областа на финансиската вклученост, Славески посочил дека земјава оваа година стана членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што ќе овозможи побрзи, поевтини и посигурни трансакции за граѓаните и за компаниите и дека се работи на воведување основна сметка за плаќање со фиксeн и пристапeн надоместок, наменета особено за ранливите категории граѓани.

- Намалувањето на банкарските надоместоци и воведувањето нови механизми за заштита на потрошувачите се важни чекори за повисока вклученост, нагласил Славески, додавајќи дека во подготовка е и втората Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

На Глобалниот форум, заедно со гувернерот, учествуваат и главната економистка Анета Крстевска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска.

Гувернерот Славески учествувал и на панел-дискусијата посветена на зголемувањето на вклученоста на жените на пазарот на труд каде нагласил дека сеопфатниот раст е незамислив без родова еднаквост и еднакви економски можности.

- Според Глобалниот извештај за родовиот јаз за 2024 г., иако разликите во пристапот до образованието и здравството речиси исчезнаа, најголемиот јаз останува во економската и политичката застапеност на жените, посочил Славески, повикувајќи на проактивни светски политики. Воедно, тој ги претстави активностите на Народната банка во оваа област, меѓу кои и улогата на институцијата како национален координатор за спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (We Finance Code − WeFi Code) – светска рамка за затворање на родовиот јаз во финансирањето на женските бизниси, поддржана од Светската банка, ЕБОР и од други меѓународни партнери.

Членството на Народната банка во Алијансата за финансиска инклузија е со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV.

Видеото се појави на мрежите

Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја.

Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја.

Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“.

Бараат одговорност од менаџментот

Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур.

Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен.

Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро.

Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди.

Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд.

Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот.

Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“.

Истрагата е во тек, според ирската телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс.

Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер.

Детето истрчало на патот и запрело автомобил

Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција.

„Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот.

Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница.

Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер