Славески: Очекуваме комерцијалните банки да се придржуваат на одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки - Канал 5

Славески: Очекуваме комерцијалните банки да се придржуваат на одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки

Очекуваме комерцијалните банки да се придржуваат на одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки за прво купување стан.

Славески: Очекуваме комерцијалните банки да се придржуваат на одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката е објавена во Службен весник. Банките имаат цели два и пол месеци за подготовка и очекуваме да се придржуваат на таа одлука од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог, истакна гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во одговор на новинарско прашање.

Додаде дека Народна банка не е институција која ги определува каматните стапки, но рече дека укажуваат на една пракса во светот која се заснова на проценките на ризикот дека семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските. Оттука, тие добивале поповолни услови насекаде во светот од страна на комерцијалните банки и тоа тој го очекува од нашите комерцијални банки.

На дополнително прашање каква е реакцијата на банките и дали се согласиле да е поевтина понудата за купување прв стан, Славевски одговори дека се уште нема ниту официјална, ниту неофицијална најва од страна на банките.

-Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека се уште е рано, рече гувернерот.

На уште едно новинарско прашање дека банкарскиот сектор има една друга логика-што е поголемо учеството поповолни се кредитите, Славевски смета дека се е реалтивно.

-Еве земете вие сега ако можете со 10 илјади евра во денарска противредност за помал стан кој не мора да биде во центарот на Скопје и влезете во решавање на своето сопствено станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20 илјади евра вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит, што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или не би било поволно за некој што го нема решено станбеното прашање, посочи гувернерот Трајко Славевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети Уставниот

Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба

По средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, на која се разговараше за актуелни прашања и предизвици со кои се соочува уставното судство, како и за улогата на судовите во заштитата на уставноста и човековите права и градењето доверба кај граѓаните.

Претседателот Костадиновски го информираше судијата Бајрон за процесот на унапредување на транспарентноста на Уставниот суд, особено за воведувањето директни преноси на седниците на Судот, со што граѓаните имаат можност непосредно да ја следат работата, дискусиите и аргументите на судиите.

Костадиновски посочи дека довербата во судството не може да се разгледува како одговорност единствено на судската власт.

„Овој состав на Уставниот суд, почнувајќи од 1 септември 2024 година, направи сериозни реформи во функционирањето на Судот, со посебен фокус на транспарентноста и ефикасноста на постапките. Довербата се гради со храбри и бескомпромисни одлуки, отвореност, но за довербата во судството не може да биде одговорно само судството. Многу пати во мои јавни излагања сум го посочил овој факт, одговорноста мора да ја споделуваат власти. Ако судството има 2% доверба и тоа е состојба што трае со децении, каде биле тогаш останатите две власти? На годишен одмор? Така што, не би се согласил дека има ниска доверба во судството, тоа е пресликано кон целиот државен апарат и за тоа се потребни револуционерни решенија и храброст“, истакна претседателот Костадиновски.

На средбата беа разменети искуства и за притисоците со кои се соочуваат судиите во различни демократски системи. Судијата Бајрон го поздрави воведувањето на директните преноси на седниците на Уставниот суд, оценувајќи ја транспарентноста како една од клучните алатки за градење доверба кај јавноста.

„Една од најмоќните алатки е транспарентноста, како одговор на сите напади и притисоци. Да бидеме јасни и подготвени на јавноста да ѝ објасниме што сме одлучиле. Со емитувањето во живо на дискусиите имате одлична алатка во рацете , на граѓаните да им покажете колку сте подготвени за седниците и да имате јасни и добро аргументирани образложенија. На тој начин граѓаните можат директно да ве видат и слушнат и да разберат за што се залагате. Нема поголема придобивка од довербата на граѓаните“, истакна Бајрон.

На средбите во Уставниот суд присуствуваа сите судии на Уставниот суд, како и претставници на Амбасадата на САД- Стив Мајгрант, федерален обвинител од Портланд, Орегон, и Каролајн Баденхаген, директорка на Канцеларијата за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL) во Амбасадата на САД.

Судијата Пол Бајрон е федерален окружен судија во Средниот округ на Флорида, со седиште во Орландо. Во 2001 година, бил избран да работи како обвинител во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, работел во Министерството за правда во Меѓународниот оддел на Единицата за одземање имот и перење пари, како експерт за банкарски надзор и спречување на финансирање тероризам. Во 2005 година, судијата Бајрон станал партнер во адвокатска канцеларија специјализирана за спорови поврзани со одговорност за производи и штети предизвикани од изложеност на токсични материи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух.

„Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

По повод 25 години СОС Детско село, годинешната трка под мотото „Трчаме со срце“ за првпат ги обедини не само компаниите од ИТ-заедницата, туку и индивидуални тркачи. На патеката долга четири километри и во форма на срце трчаа 160 тимски тркачи од 21 ИТ компанија и 130 индивидуални учесници.

Но, трката беше многу повеќе од трчање.

Од раните утрински часови, Градскиот парк беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и насмевки. Тркачите се бодреа едни со други, семејствата и пријателите навиваа, а целата атмосфера потсетуваше дека кога се обединуваме околу добра цел, резултатот е многу поголем од кој било пласман.

Посебно место на настанот имаше Детското катче, кое беше исполнето со најмладите посетители. Тие цртаа, твореа и оставаа свои пораки и на тој начин дадоа свој белег на оваа хумана приказна.

Големо внимание привлече и донаторското катче „Мече на грижа“, каде што посетителите донираа и добиваа брендирано СОС меченце. Ова катче стана едно од најпосетените места на настанот и уште еден убав пример дека понекогаш и едно мало добро дело може да носи голема порака.

Сите кои беа дел од трката имаа своја причина да трчаат, но заедничко им беше тоа што дојдоа со срце. Некои трчаа со своите тимови, некои со своите семејства и пријатели, а сите за една повисока цел – ниту едно дете да не расте само.

„Кога ја замислувавме оваа трка во годината во која одбележуваме 25 години, сакавме околу една иста цел да сплотиме што повеќе луѓе. Благодарение на ИТ-компаниите кои повторно застанаа зад нас и на сите индивидуални учесници кои годинава ни се приклучија, на стартот видовме голем број хумани луѓе кои покажаа дека грижата за децата не е само наша мисија, туку нешто околу кое можеме да се обединиме како заедница“, велат од СОС Детско село Македонија.

СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity оваа година е дел од низата настани со кои се одбележуваат 25 години СОС Детско село - 25 години посветени на создавање сигурна и поддржувачка средина за децата и младите и на зајакнување на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици.

Преку своите програми, СОС Детско село Македонија досега има поддржано повеќе од 6.090 деца, млади, згрижувачи и семејства. За некого таа поддршка значела сигурна грижа кога не можел да расте со своите родители, за друго семејство - помош да остане заедно, а за млад човек – поддршка на патот кон самостоен живот.

И токму затоа, на 19 септември не се трчаше само по патеката во Градскиот парк.

Се трчаше за секое дете да има некого покрај себе. Се трчаше за грижа, сигурност и можност за подобра иднина. Се трчаше со срце!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.

Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта

Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри.

-Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска.

Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер