Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања - Канал 5

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

Квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни за носењето кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. 

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци што го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет, а во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика, порача денеска гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ што ја организира Балканската асоцијација на економисти во применета економија во соработка со Економскиот факултет - Скопјe при УКИМ и Сојузот на економисти на Македонија.

Славески се осврна на анкетното истражување на Global central banking околу главните приоритети на централните банки, оперативните поставености и нивните истражувачки активности во следниот период.

-На прво место е финансиската стабилност, при што над 45% од централните банки даваат приоритет на финансиската стабилност и отпорноста, во контекст на тековните глобални предизвици. На второ место е справувањето со инфлацијата, при што мерките што ги преземаат централните банки се во насока таа да се сведе на историските нивоа од околу 2%. Третата област е кибер-безбедноста и вештачката интелигенција, коишто се новите предизвици пред кои што се исправени централните банки, истакна гувернерот Славески.

Во фокусот на истражувањата се и дигиталната трансформација, вклучително и воведувањето на дигиталните валути кои сѐ помасовно стануваат дел од стратегиите на централните банки.

Гувернерот посочи дека носењето на одлуки базирани на докази е неопходно за централните банки успешно да ја извршуваат својата функција во комплексноста на денешните економии, особено во услови на епизоди на висока инфлација, брзи технолошки трансформации, огромна неизвесност и гео-економска дезинтеграција.

Во своето обраќање Славески порача и дека Народната банка посветено и во континуитет работи на подготовка на напредни и сеопфатни истражувања и анализи, кои претставуваат еден од главните чинители при носењето на одлуките со кои се одржува севкупната макроекономска и финансиска стабилност на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче.

Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.

„Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче.

За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина.

Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година.

Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче.

Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата.

„Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер