Славен преку ноќ, почнале да го следат 4,5 милиони на Инстаграм - Канал 5

Славен преку ноќ, почнале да го следат 4,5 милиони на Инстаграм

Реги Жан Пејџ, 31-годишниот актер во хит серијата на „Нетфликс“ Бриџертон, стана сензација преку ноќ.

Славен преку ноќ, почнале да го следат 4,5 милиони на Инстаграм

Бриџертон е најгледаната серија во дури 83 земји и ги надмина сите очекувања, со што Пејџ за кратко време доби над 4,5 милиони следбеници на Инстаграм. Дел од популарноста секако може да се припише на сега познатата секс сцена во петтата епизода, каде што Пејџ е во љубовна врска со неговата колешка Фиби Диневор, а таа сцена му донела на Пејџ помали семејни непријатности.

"Во групата WhatsApp, го алармирав целото семејство за петтата епизода, но заборавив на една братучетка. Одеднаш почнав да ги добивам нејзините пораки." Многу пати додека гледав, морав тактично да одам и да сварам чаја, но кога се вратив , сцената сè уште траеше. „Морав повторно да ја зовријам водата“,рече Пејџ во шоуто на Џими Фалон.

Заедно со многу нови обожаватели, Пејџ исто така ја доби довербата на многумина да стане наследник на Даниел Крег во улогата на најпознатиот филмски таен агент Џејмс Бонд. Пејџ моментално е четврти во обложувалниците, пред Том Харди, Идрис Елба и Џејмс Нортон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Во вторник авионска авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Град Скопје: Во вторник авионска авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. август 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 8. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така.

Кариера

На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен.

Здравје и совет

Зголемување на општата виталност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро.

Кариера

Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе.

Здравје и совет

Можете да изберете спорт за вас.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин.

Кариера

Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите.

Здравје и совет

Рекреирајте се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство.

Кариера

Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин.

Здравје и совет

Не јадете тешка храна.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот.

Кариера

Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа.

Здравје и совет

Ја дозирате храната и тоа е добро.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови

Здравје и совет

Останете доследни на себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов.

Кариера

Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите.

Здравје и совет

Мали нервози.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат.

Кариера

Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат.

Здравје и совет

Останете прибрани.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво.

Кариера

Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно.

Здравје и совет

Одморајте се редовно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега.

Кариера

Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат.

Здравје и совет

Организирајте си го денот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа.

Кариера

Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата.

Кариера

Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи.

Здравје и совет

Истегнете се преку гимнастика или јога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер