Славе Банар е автор на наградената поема „Амбар“, - Канал 5

Славе Банар е автор на наградената поема „Амбар“,

-Автор на поемата „Амбар“ со шифра „Црно зрно“ е Славе Банар. Тој е добитникот на 22. Конкурс за најдобра необјавена поема на македонски јазик „Григор Прличев“, кој го организира Редакцијата „Детска радост“ во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Славе Банар е автор на наградената поема „Амбар“,
Наградениот ракопис редакцијата го објави завчера, а денеска го соопшти нејзиниот автор поради анонимноста на конкурсот. За наградата одлучи жирито во состав: Наташа Аврамовска (претседател), Валентина Миронска-Христовска и Владимир Мартиновски (членови).

Славе Банар (1954, село Лешани, Охридско) е магистер по македонска книжевност и доктор на науки од областа на книжевностите. Банар е професор по македонски книжевности на Државниот универзитет во Тетово. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Има објавено две книги поезија - „Аквариум“ и „Златоуст“ и книгата раскази „Подземна вода“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.

Минчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација.

Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси.

„Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев.

Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики.

Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ

Потребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и постигнување конкретни резултати се во фокусот на денешниот Самит на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. 

Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува лидерите да испратат јасни пораки за европската перспектива на регионот, но и да понудат суштински решенија за надминување на пречките во процесот.

Пред почетокот на самитот, Мицкоски порача дека Македонија одамна ги исполнила очекувањата за да стане дел од Европската Унија, но дека почетокот на преговорите и натаму е блокиран поради, како што оцени, вештачки причини.

– Денеска очекувам многу силни пораки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Секако, тука ја вклучувам и мојата земја. Македонското досие е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите. Но, денеска во моето обраќање ќе ја претставам и ќе ја пренесам пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција. Практично, такво е и досегашното дејствување на мојата Влада и ќе продолжиме да се движиме по тој пат и во иднина – изјави Мицкоски.

Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц на отворањето на самитот и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан.

-Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ, -германски канцелар Фридрих Мерц.

Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија. Според Кос Црна Гора се приближува кон завршувањето на преговорите, од Албанија се очекуваат натамошни реформи, Србија се подготвува за избори, а од Косово се бара доследно почитување на меѓународното право и владеењето на правото.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на Берлинскиот процес во Свети Стефан, Црна Гора, на кој учествуваат лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во фокусот се европската интеграција, економското поврзување, безбедноста и зелената транзиција. Самитот го заокружува црногорското претседавање со Берлинскиот процес, иницијатива покрената од Германија во 2014 година за забрзување на евроинтеграциите и регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта

Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“.

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите ќе го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

По повод одбележувањето на 70-годишнината ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера. Комеморацијата ќе заврши со прием во Музејот на ликовните уметности на плоштадот „Херои“, чијшто домаќин ќе биде премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.

За време на посетата на Унгарија, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер