Слатко седумгодишно девојче заработува илјадници долари од секоја објава, не е единствена (ФОТО) - Канал 5

Слатко седумгодишно девојче заработува илјадници долари од секоја објава, не е единствена (ФОТО)

Дека може да се заработат многу пари на социјалните мрежи, сведочат и многуте инфлуенсери со милиони следбеници кои се многу добро платени за своите објави.

Слатко седумгодишно девојче заработува илјадници долари од секоја објава, не е единствена (ФОТО)

Но, дали знаевте дека не само возрасните прават пари на социјалните мрежи?

Децата можат да заработат илјадници долари, а најмалото од нив има само една година.

Британската детска продавница Бела Бејби спроведе истражување во кое ги анализира профилите на најпопуларните деца од Инстаграм и врз основа на таа анализа процени колку заработуваат.

1. Еверли Роуз Сутас

Седумгодишната Еверли е следена од 5,1 милиони луѓе на Инстаграм. Нејзиниот профил го води нејзината мајка, модната блогерка и фотографка Савана ЛаБрант.

Waiting for you baby brother💕

A post shared by Everleigh Rose (@everleighrose) on

Покрај Инстаграм, Еверли има и свој канал на Јутјуб со скромни 3,4 милиони следбеници и собира милиони прегледи на видеата.

Според проценката на Бел Бејби, Еверли може да заработи помеѓу 10 и 16,9 илјади длари по спонзорирана објава.

Еверли на фотографиите често позира со помладата сестра, Рејан ЛаБрант, која ја следат 1,7 милиони луѓе, а девојчето е на возраст од само една година.

2. Ел Ливери МекБрум

Ел има четири години. Нејзината мајка е канадската актерка Кетрин Паиз, а татко и е американски бејзбол играч Остин МекБрум.

💜💜💜

A post shared by Elle Lively McBroom (@elle) on

Има пет милиони следбеници и просечно по еден милион лајкови по објава. Се проценува дека ќе заработи помеѓу 10 и 16,6 илјади долари по спонзорирана објава.

I love Alaïa sister so much

A post shared by Elle Lively McBroom (@elle) on

3. Ема и Мила Стауфер

Ема и Мила се петгодишни близначки од Аризона кои се ѕвезди на профилот на нивната мајка Кети.

Се проценува дека тие заработуваат помеѓу седум и 11,8 илјади долари по спонзорирана објава.

Профилот има четири милиони следбеници.

Близначките имаат и сестра Кејтлин и браќа Чарлс Џуниор и Фин, а семејството неодамна лансираше линија на детска облека во соработка со американскиот ланец Волмарт.

4. Тејтум и Оукли Фишер

Други близнаци на списокот ќерки се YouTube ѕвездите, Медисон Бонтемпо и Кајлер Фишер.

Тие се стари четири години и се проценува дека заработуваат помеѓу 6,1 и 10,3 илјади долари по спонзорирана објава. Нив ги следат 3,1 милиони луѓе.

Медисон и Кајлер имаат и едногодишна сестра Халстон, а во август го добија братот Оливер, кој веќе има профил на Инстаграм со скоро 14 000 следбеници.

5. Алаша Мари МекБрум

Алаша има само една година, а нејзината сестра е Ел Лајвли која е на второто место на оваа листа.

На Инстаграм ја следат 2,8 милиони луѓе. Проценката на нејзината заработка е од 5,6 до 9,4 илјади доалри по објава.

Инаку и отвориле профил само две недели по раѓањето.

6. Ава и Лиа Климентс

Овие девојки се прогласени за најубавите близначки на светот и ги следат 1,8 милиони луѓе.

Нивниот профил го водат нивните родители Џаки и Кевин кои и самите се инфлуенсери и имаат околу 200 000 следбеници.

Близначките го добија својот профил на Инстаграм на седумгодишна возраст, а се проценува дека заработуваат помеѓу 3,5 и 5,9 илјади долари според спонзорираната објава.

7. Асад Так Калед

Малиот Асад е син на диџејот Калед и неговата сопруга Никол Так.

На Инстаграм го следат 1,7 милиони луѓе, а неговата проценета заработка по спонзорирана објава се движи од 3,4 до 5,7 илјади американски долари.

Неговиот помал брат Алам има 138 000 следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

Денеска имавме исклучително успешен ден.

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

„Добра вечер повторно од Диселдорф.

Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија.

Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка.

Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем.

Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија.

Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица.

Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП.

Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места.

Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер