СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та - Канал 5

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та

Според СКСЗМ, за да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира, пред се, на вакцинацијата против КОВИД-19, но и на реализирање на капиталните расходи од минимум 85 отсто.

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та

Петтиот пакет антикризни мерки да се насочи кон ликвидноста на фирмите за да опстанат по корона пандемијата, да се отворат делумно затворените сектори како туризмот и да се донесат протоколи според СЗО за нивно непречено работење, субвенциите на плати од 14.500 денари да продолжат најмлаку до март 2021, да се зголеми фондот на Развојната банка за кредити со ниски камати, увозот на суровини да биде со нула отсто акциза, да се предвидат финансиски средства за компании кои вложуваат во дигитализација, да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените комапнии и да се поништат сите одлуки за мораториум на деталните урбанаистички планови во општините со кои се спречуваат градежните инвестиции вредни над 500 милиони евра.

Ова се барањата за економско заздравување што Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе ги достави до Владата, откако претходно, на прес-конференција, ги соопшти пред медиумите.

Според СКСЗМ, за да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира, пред се, на вакцинацијата против КОВИД-19, но и на реализирање на капиталните расходи од минимум 85 отсто.

Како што истакна претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, 2020 година ја заокруживме со рецесија од минус четири отсто што е најголем економски пад во земјава од нејзиното постоење. Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци, повеќето микро и мали, а околу 40.000 работни места се изгубени. Сега, пак, се соочуваме и со намален квалитет на живот поради поскапаувањето и зголемувањето на потрошувачката кошница која достигна 550 евра.

Има многу причини кои ја предизвикаа рецесијата, но најважни се, оцени Хоџа, ниската реализација на буџетските капитални расходи, намалувањето од 7,9 отсто на производствената индустрија, падот на крајната потроушвачка, намалувањето на извозот за 29,4 отсто и намалувањето на инвестициите на приваниот сектор.

Сепак, потенцира, ликвидноста на компаниите е најважна, поради што, петиот пакет треба да биде насочен во овој правец, посебно за помош на микро и малите компании кои се најпогодени од кризата.

-За да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира на вакцинацијата против КОВИД-19 со цел отворање на економијата што е можно поскоро и да бидеме во чекор со земјите од рагионот и во светски рамки, реализирање на капитланите капитални расходи од минимум 85 отсто , основање посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори – производство, градежништво, трговија на големо, намалување на царинските стапки, отстранување на нетарифините бариери кои ја попречуваат трговската размена со соседните земји, потикнување на извозот преку поддршка производителите и нивна промоција преку дипломатските мисии, транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата провид корона пандемијата, рече претседателот на СКСЗМ.

Иако економијата целосно беше погодена, дополни Хоџа, некои од секторите, како туризмот, работат под органичувања што ги спречува да ја искористат зимската сезона.

-Апелираме Владата да обезбеди протоколи за работа на овие компании, за тие да обезбедат ликвидност и да ги зачуваат работните места зашто овој сектор вработува над 30.000 лица, истакна Хоџа.

СКСЗМ ќе побара од Владата да најде начин, да обезбеди пари за мерката за плати и за јануари зашто овој месец, како што напомена Хоџа, е најбитен за компаниите поради зимскте услови. Притоа, став на комората е помошта да им се дава директно на вработените и да се онезвозможи работодавачи да ја злоупотребуваат.

-Многу е важно компаниите да бидат ликвидни и да опстанат и по пандемијата што се очекува по вакцинацијата. Парите треба да им се исплатат директно на вработените, за да нема злоупотреба. Тие плати им следуваат за да ги покријат своите трошоци, а не да се злоупотребат од работодавачот, подвлече Хоџа, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој објасни и дека СКСЗМ редовно има состаноци со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, со кој се разговара за сите предлози. Во однос на петтиот антикризен пакет, освен барањата на СКСЗМ што беа денеска изнесени, ќе бидат земени, истакна Хоџа, и предлозите и барањата и на останатите комори. Заеднички ќе се разгледаат за да се донесат најквалитетни мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлука

Двајца многу млади родители од областа Неапол, кои се обиделе да го сокријат фактот дека штотуку добиле бебе и се преправале дека го пронашле, наводно одлучиле да го признаат својот син, кој е роден ноќта помеѓу петокот и саботата.

Родители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлука

Стравот од неуспех, неискуството и можеби целосниот недостаток на семејна поддршка се сите можни причини зошто младите родители првично одлучиле да не го признаат своето новороденче. Сепак, по само неколку часа и огромно медиумско негодување, се случил драматичен пресврт на настаните, објави Република.

Деветнаесетгодишник од Пасторано, во областа Казерта, кој заедно со своето семејство се обидел да се преправа дека го пронашле новороденчето во Пињаторо Маџоре ноќта помеѓу петокот и саботата, наводно одлучил да го признае детето. Во исто време, мајката на бебето (16), која семејството ја поддржувало од самиот почеток, наводно донела иста одлука.

Превртот на настаните дошол по еден ден поминат во доверливи разговори во болницата, додека телефоните на младите родители биле исклучени, подалеку од јавноста и негодувањето предизвикано од случајот.

Конечната одлука сега ќе треба да ја донесат Јавното обвинителство во Санта Марија Капуа Ветере и Судот за малолетници во Неапол. Тие ќе ги проценат понатамошните правни чекори, како и можните мерки во врска со старателството и згрижувањето.

Одлуката ќе ги земе предвид и извештаите од општинските социјални служби на Пињатаро Маџоре, кои беа активирани веднаш откако беше пријавено дека бебето е пронајдено.

Двете семејства изјавија за време на интервјуата со истражителите дека не биле свесни за бременоста, но сега, според достапните информации, се подготвени да сторат сè што е потребно за да се осигурат дека детето ќе порасне со соодветна грижа и поддршка.

Таткоto пријавил дека пронашол бебе покрај патот

Сепак, правниот статус на таткото на детето останува отворен. 19-годишникот е осомничен за лажно претставување и симулирање на кривично дело.

Тој се јавил на 911 и се претставил како минувач кој наводно го пронашол новороденчето покрај патот, на периферијата на Пињатаро Маџоре. Кога карабинерите пристигнале на местото на настанот, младиот човек им дал лажно име и немал документи со себе.

Сепак, истражителите набрзо открија дека приказната не е онаква каква што беше претставена.

Всушност, 19-годишникот бил татко на новороденчето и неколку часа претходно ѝ помогнал на својата девојка, која била девет месеци бремена, за време на породувањето дома.

Младиот пар ја пресекол папочната врвца, го искапал и облекол бебето, а потоа решил да не го задржи.

Истражителите моментално веруваат дека во овој случај немало суровост кон детето, туку дека станува збор за дезориентација и страв од двајца многу млади луѓе кои не се чувствувале подготвени за родителство.

Малиот Матија на крајот бил префрлен во болница. Неговото здравје се подобрува.

Бебето, тешко околу два и пол килограми, било примено на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Кардарели во Неапол, откако претходно му била укажана прва помош во болницата Сантобоно.

Кога пристигнала во здравствената установа, бебето имало блага хипотермија, но нејзината состојба сега се подобрува.

Во меѓувреме, заедницата на Пињаторо Маџоре се обединила околу случајот. По почетниот шок, меѓу граѓаните започна спонтан бран на солидарност и донации.

Граѓаните почнаа да донираат облека, креветчиња и други основни потреби потребни за новороденчето. Локалниот парохиски свештеник е исто така подготвен да помогне.

Истата мрежа на солидарност, според локални извори, наскоро би можела да се прошири и до Пасторано, родниот град на деветнаесетгодишниот татко.

Таму, неговото семејство наводно се подготвува да го пречека својот внук штом неговата здравствена состојба и законските процедури дозволат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра

Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. 

Шведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра

Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс.

Набавка вредна четири милијарди долари

Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море.

Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица.

Зајакнување на европската соработка

Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ги снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)

Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.

Ги снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)

Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок.

Многу реакции од гледачите

„Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук.

Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението.

„За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа.

Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот.

„Сум видел поголеми во тоа езеро“

„Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник.

„Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг.

„Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер