Скршеното срце не е мит, навистина постои - Канал 5

Скршеното срце не е мит, навистина постои

Еве што може да предизвика емотивната болка во организмот и какви се симптомите!

Скршеното срце не е мит, навистина постои

Разделбата може да предизвика толку силна емотивна болка што телото страда и физички.

Стручните лица тврдат дека „скршено срце“ навистина постои и како резултат на силни емоции и тага може да причини сериозни здравствени последици.

Група невролози за британски „Сан“ објаснија дека разделбата доведува до мноштво емоции кои влијаат врз хемијата на нашиот мозок, но и врз срцето како орган.

Според неврологот Луси Браун, постои хемиски коктел кој е одговорен за тоа да се чувствуваме бедно откако сме биле оставени. Серотонинот, окситоцинот и допаминот се хормони одговорни за среќата. Нивното лачење се намалува кога сме тажни. Својата теорија, група истражувачи, меѓу кои и д-р Браун, ја засновале на студија спроведена врз 15 млади луѓе кои поминале низ несакани и болни раскинувања.

На испитаниците им бил скениран мозокот додека им биле покажувани слики од нивните поранешни партнери. Деловите од мозокот поврзани со мотивацијата и наградата, каде што се наоѓаат допаминските неврони, светеле. Д-р Браун го спореди ова со зависноста од кокаин, велејќи дека слична активност може да се види кај тие зависници.

- Како да сме зависни еден од друг. Кога ќе изгубиме некого што го сакаме, губиме многу вреден дел од нашите животи и чувството за себе. На некој начин тие биле наша награда, па сега кога ги нема, потребни ни се други награди – напоменува таа.

Докторката истакнува дека повлекувањето на поединците кои доживеале раскинување или разделба, има смисла.

2. Болката не е само емоција

Поради раскинувањето, не чувствуваме само емоционална болка, туку и физичка болка. Како што објаснија експертите, нашето тело чувствува физичка болка поради појачани негативни емоции. Според една студија од 2020 година, тим истражувачи скенирале мозоци на 15 луѓе со скршено срце и откриле дека емоционалната болка ја предизвикува истата мозочна активност на местото каде што мозокот ја обработува физичката болка.

Флоренс Вилијамс, која работи како терапевт на лица кои доживеале раскинување, објаснила дека крајот на нејзиниот 25-годишен брак ја оставил вознемирена, без сон и со чувство дека телото ѝ е загрозено. Таа смета дека чувството на отфрленост активира дел од мозокот познат како изоларен кортекс кој реагира на вознемиреноста предизвикана од болка.

Експертите забележуваат дека стресот од раскинувањето може да предизвика симптоми како главоболки и гадење. Тие тврдат дека и покрај тоа што нема физички причини, симптомите се реални и не се измислени.

3. Слабеење на срцето

Во некои ретки случаи, тагата по загубата на саканата личност може да доведе до синдром на скршено срце. Тоа е слабеење на срцевиот мускул, познато и како стрес-кардиомиопатија. Според „Harvard Health“, точната причина е непозната, но се смета дека растот на хормоните на стрес може да го ослабне срцето на човекот. Симптомите на скршено срце се слични на оние на срцев удар:

висок притисок

тежина или болка во градите

отежнато дишење

вртоглавица

ладна пот

Кај жените, овој синдром е почест отколку кај мажите, особено во менопауза, но повеќето закрепнуваат по неколку недели. Сепак, состојбата може да предизвика трајна промена на формата на срцето кај некои луѓе и трајно доживување на симптомите како замор, болка во градите и недостаток на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! 

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност!

Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме?

Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен.

Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови.

Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон!

БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ!

Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка.

Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот.

Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања.

Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата.

За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието.

На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите.

Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Денеска сакам да ве известам за две работи.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение.

Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме.

Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината.

Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци.

Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши.

Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања.

Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината.

Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието.

Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања.

Овие два преседани сметам дека се невидени.

Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство.

Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните.

А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер