Скриени симптоми на анксиозност - Канал 5

Скриени симптоми на анксиозност

Предупредувачки знаци дека имате проблем иако за тоа не сте ни свесни!

Скриени симптоми на анксиозност

Чувството на страв е најчестиот аларм при дијагностицирање на ова психичко нарушување, но лекарите предупредуваат за постоењето на посуптилни сигнали.

Поради секојдневниот стрес и обидот да се избалансираат обврските на работа и приватно, сè повеќе луѓе запаѓаат во маѓепсаниот круг на анксиозноста. Тоа е природна реакција на телото на стрес и се манифестира преку необјасниво чувство на страв, страв од она што доаѓа.

На некои ваквата состојба речиси им го оневозможува секојдневното функционирање, па се принудени да побараат помош од лекар. Анксиозноста обично има јасни симптоми кои лесно се препознаваат, но лекарите предупредуваат дека т.н. функционалната анксиозност може да биде честопати недијагностицирана состојба бидејќи луѓето можат добро да си ја вршат работата и да имаат успешен социјален живот, пишува Сан.

Иако наизглед делува дека сè е во ред, сепак овие луѓе може да се борат со чувството на сомнеж во себеси, стрес и неумереност, што доведува до низа физички здравствени проблеми, вклучувајќи ја дебелината и недостатокот на сон.

Еден советник за ментално здравје кој на Тикток се нарекува „TherapyJM“ објаснува дека постојат шест јасни знаци дека живеете со високофункционална анксиозност, иако тоа не изгледа така на прв поглед. Во видеото што го сподели со своите следачи, овој доктор објаснува кои предупредувачки знаци може да укажуваат на тоа дека страдате од оваа состојба.

Како прв знак го наведува постојаниот страв дека ќе ги разочарате другите или ќе ги налутите. Ова е честа појава кај луѓето кои го преиспитуваат своето однесување и буквално се однесуваат исклучително претпазливо кога разговараат со другите или очекуваат одговор. Поради тоа се во постојан страв од лошата реакција на другата страна.

Друг знак што укажува на оваа состојба е постојаното исчекување на најлошото сценарио. Наместо на ситуацијата да гледате оптимистички, очекувате лош исход и тоа станува ваш општ став за многу работи и ситуации.

Неможноста да се опуштите е исто така еден од скриените симптоми. Личностите кои се борат со анксиозност тешко се опуштаат.

Можеби не сте личност која има проблеми со донесувањето на одлуки, но ако ги одолговлекувате одлуките и одговорностите, веројатно страдате од овој тип на анксиозност.

Како петти знак ја наведува активноста на умот во текот на ноќта. Поради оптовареноста со премногу обврски не можеме да се опуштиме и одмориме.

Последниот скриен симптом е одолговлекување и оставање на работите да се завршат во последен момент.

Високофункционалната анксиозност не е официјално признаена во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања, наместо тоа, на пациентите им се дијагностицира генерализирано анксиозно растројство. Најчестите симптоми кои го придружуваат ова нарушување се чувството на немир и вознемиреност, проблеми со концентрацијата и спиењето, како и вртоглавица и висок пулс. Често оваа состојба може да доведе до зголемување на телесната тежина поради високите нивоа на хормонот на стрес кортизол кој предизвикува акумулација на маснотии околу половината.

На пациентите често им се препорачува да разговараат со терапевт, како и терапија која вклучува анксиолитици и антидепресиви.

Покрај тоа, вежбањето, откажувањето од пушење и грижата за физичкото здравје може многу да помогнат, истакнуваат лекарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања ...

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го освои историското четврто место на ЕП во Литванија во 2011 година

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот.

На денешната свеченост, која се одржа во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, беа доделени девет награди, на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Извршниот одбор на Сојузот.

За најдобар спортист е прогласен каратистот Матеј Белистојаноски, кој оствари одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Тој освои прво место на натпреварувањето Серија А во Тбилиси, златен медал на Европското првенство во карате за У21 во Лимасол, како и златен медал на Медитеранските игри во Таранто.

Меѓу добитниците на наградите е Дејан Боневски, професор по физичко образование и спорт во ООУ „Наум Наумовски Борче“, за својот придонес во областа на спортот и образованието.

Признание добија и Силвана Карбеска и Марија Илиева, меѓународна ракометна судиска двојка. Тие се меѓународни судијки за ракомет на плажа и ракомет во сала, а од 2009 година судат на светски и европски првенства, како и на највисоките натпреварувања во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Наградата му беше доделена и на Сашо Кузмановски, спортски новинар со богата спортска кариера, кој веќе 25 години ја извршува функцијата програмски уредник на Спортското радио 90.3.

Меѓу наградените е и Ирена Митровска, претседателка на Федерацијата за дигање тегови и секретарка на Кик-бокс федерацијата, за нејзиниот придонес во спортското организирање и развојот на овие спортови.

За посебните достигнувања во спортот, особено во текот на оваа година, награда доби и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Признанието следува по исклучителниот успех на експедицијата „Врело 2026“, реализирана во периодот од 11 до 17 октомври, со врвно организирана нуркачка екипа. Во рамките на експедицијата беа поставени неколку нови светски рекорди: истражување на најдлабоката пештера во светот во која човек досега навлегол, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води. Во експедицијата учествуваа вкупно 15 членови од Македонија, Полска и Италија.

Признание доби и Александар Кузмановски, карате-тренер во Карате клубот „Олимпик Скопје“, во кој членуваат некои од најдобрите спортисти, меѓу кои Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска. Кузмановски воедно е и селектор на македонската А-репрезентација во карате, во дисциплината борби.

Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Марин Докузовски, професионален кошаркар и тренер, кој важи за најтрофеен селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Под негово водство, Македонија го освои историското четврто место на Европското првенство во кошарка во Литванија во 2011 година.

Наградите „13 Ноември“ се доделуваат од 1970 година, во чест на ослободувањето на градот Скопје. Тие се доделуваат за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот, врвни спортски достигнувања, како и за придонесот на заслужни спортисти, тренери, професори по спорт, спортски новинари и спортски работници, вклучително и за животно дело во областа на спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче.

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ.

Се што кажа СДС за Алта банка е лага.

Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ.

Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка.

Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија.

Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ.

Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ.

Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора.

Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни.

Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка.

Почитувани граѓани,

Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ.

Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност.

Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер