Скоро половина од судовите лани биле неажурни, Судскиот совет го усвои извештајот за работат - Канал 5

Скоро половина од судовите лани биле неажурни, Судскиот совет го усвои извештајот за работат

Скоро половина од судовите лани биле неажурни, Судскиот совет го усвои извештајот за работата на судовите во 2024.

Скоро половина од судовите лани биле неажурни, Судскиот совет го усвои извештајот за работат

Скоро половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година.

Според известителот Павлина Црвенковска, судовите во државата мината година ја почнале со нерешени 131.005 предмети, а примиле за работа нови 569.958 предмети, односно вкупно за работа имаме 700.739 предмети. Од нив успеале да решат 566.010, а не решиле 134.729 предмети.

-Судовите лани не успеале да го совладат приливот на предмети и ги зголемиле заостанатите предмети за 3.724 предмети, истакна Црвенковска.

Според неа, Врховниот суд се оценува како ажурен, Апелацискиот суд Гостивар-неажурен, Основен суд Гостивар-ажурен, Дебар-ажурен, Тетово-ажурен, Апелациски суд Скопје-ажурен, Основен суд Велес-ажурен, Гевгелија-ажурен,Кавадарци ажурен, Кратово- ажурен, Крива Паланка-неажурен, Куманово-неажурен, Неготино ажурен, Основен кривичен суд Скопје-ажурен, Основен граѓански суд Скопје-неажурен.

Според вториот известил, Антоанета Димовска, Вишиот управен суд е неажурен, Управниот суд е ажурен, Апелацискиот суд Битола-неажурен, Основен суд Битола-неажурен, Крушево-ажурен, Охрид-ажурен, Прилеп-неажурен, Ресен-ажурен, Струга-неажурен, Апелацискиот суд Штип е неажурен, Основен суд Берово-неажурен, Виница-ажурен, Делечево-ажурен, Кочани-неажурен, Радовиш-неажурен, Свети Николе-ажурен, Струмица-неажурен, Штип-ажурен.

-Во одреден број на судови, како што е Основниот суд во Радовиш се зголемил остатакот за 153 предмети, но треба да го имаме предвид фактот дека таму работат двајца судии. Тоа значи дека вложиле огоромен труд колегите. Основниот суд во Кочани е неажурен, меѓутоа го зголемиле заостатокот за само 28 предмети и знаеме дека и таму недостасуваат судии. Основниот суд во Струмица го зголемил заостатокот за 1.043 предмети, но имаат голем број на предмети кои ги примиле за работа-19.611 предмети, така што на овие апелациски подрачја може да се заклучи дека судиите дале голем напор да сработат, но во некои судови невозможно е бидејќи недостасуваат судии. Јас би го пофалила судот во Делчево, каде работи времено упатен судија и покажува резултати, истакна Димовска.

Според членот на Судскиот совет, Весна Дамева, бројот на предметите во судовите за лани го поставува прашањето дали граѓаните не веруваат на судството.

-Ако граѓаните немаат доверба во судовите нема да процесуираат толку постапки и ако ги исклучиме оние кривични каде што Обвинителството ја води постапката. Судиите не само што решиле 566.010 предмети,туку постапувале по 700.000 колку што вкупно имале во работа. Тоа значи дека со намален број на судии, со недоволно финансиски средства, со недоволно човечки ресурси, затоа што знаеме дека се одбиени согласностите за нови вработувања, односно со недоволен број на пополнети и судиски места и на вработени сите дале свој сериозен придонес, посочи Дамева.

Судскиот совет го усвои Извештајот за работата на судовите за лани со 13 гласови и истиот ќе биде објавен на веб страницата на Советот.

Огромно парче мраз падна од небото- на неколку метри си играат деца

Жителите на мирната населба Мортон, во близина на Филаделфија, беа сведоци на чуден инцидент, бидејќи огромно парче мраз падна од небото право во дворот на една куќа.

Огромно парче мраз падна од небото- на неколку метри си играат деца

Сето тоа се случило во неделата, на 14 април, околу 15:30 часот по локално време, а сведок бил Зек Кларк, кој го шетал своето куче, пишува Newsweek.

Никој не е повреден.

Неговиот брат Мет Кларк ја извести јавноста за необичниот настан на Редит каде објави и фотографија од огромно парче мраз.

Тој објасни дека Зак прво слушнал звук сличен на „ниско летачки хеликоптер“, а потоа силен тресок кога мразот паднал од небото. Неколку моменти подоцна видел мраз во дворот на соседот.

За среќа немало повредени, иако на само неколку метри си играле деца. На фотографијата може да се види и вдлабнатината во земјата која мразот ја направил по ударот.

Можеби е „син мраз“?

Во овој момент, неговото потекло е нејасно, иако се претпоставува дека е „син мраз“ (замрзната отпадна вода случајно одвоена од авионот).

Мет верува дека излетал од патнички авион, кој, според FlightRadar24, во тоа време бил на височина од 5.480 метри.

„Нема начин да бидеме сигурни дека мразот дошол од тој авион, но тоа го претпоставуваме врз основа на достапните информации“, рече тој.

Остров полн со злато сака независност од матичната држава: Имаме понуда за Трамп

Остров богат со злато и стратешки непроценлив сака да се отцепи од својата матична земја и има необична понуда за американскиот претседател Доналд Трамп.

Остров полн со злато сака независност од матичната држава: Имаме понуда за Трамп

Имено, островот Бугенвил, кој е дел од Папуа Нова Гвинеја, пред малку му упатиле интересна понуда на Трамп: „Дајте ни независност, а за возврат ќе станеме нова американска територија“.

Таквата понуда би можела да биде привлечна за Трамп бидејќи на Бугенвил има рудник за злато. Покрај тоа, овој остров има и стратешка вредност со оглед на неговата локација во Пацификот, пишуваат британските медиуми.

Сепак, иако веста е повторно актуелна, таа не е нова. Имено, островот му е понуден на Трамп од октомври минатата година, пред актуелниот американски претседател по вторпат да влезе во Белата куќа.

Ишмаел Тороама, поранешен командант на бунтовниците, тогаш апелираше до Трамп да ја поддржи независноста на островот.

„Бугенвил сака независност. Тоа е само прашање на време“, рече тој, поставувајќи ја 2027 година како краен рок за постигнување на целите. Во Трамп најде одличен партнер кој ќе му помогне да ја постигне таа цел.

Иако многумина, а тоа секако го вклучува и американскиот претседател, никогаш не слушнале за овој остров, тој е дом на сериозно минерално богатство. Тој е дом на рудникот Пангуна, кој некогаш бил еден од најголемите извори на бакар и злато. Според проценките, рудникот содржи 5,84 милиони тони бакар и 566.000 килограми злато! Сето заедно, зборуваме за 60 милијарди долари, по денешната пазарна вредност.

Дополнително, поради своите минерални резерви и локацијата северно од Австралија, островот се смета за пригоден имот во светлина на кинеско-американскиот антагонизам.

Иан Кемиш, висок комесар на Австралија во Папуа Нова Гвинеја, не е убеден.

„Мислам дека нема да биде од голем интерес. Но, од геополитичка гледна точка, независен Бугенвил може да биде корисен или за САД или за Кина“, изјави Кемиш за британски Сан.

Иако 98 проценти од населението ја поддржува независноста, патот до целосна независност е долг и кривулест. Парламентот на островот не планира да дозволи одвојување на овој регион богат со минерали, пишува Јутарњи.

„Собранието не го сака тоа. Партиите досега избегнуваа конфронтации, но се уште има многу тензии“, вели Кемиш.

Тензиите се вкоренети во крвавата историја. Бугенвил прогласи независност во 1975 година, но беше проголтан од Папуа следната година, а потоа граѓанската војна траеше од 1988 до 1997 година. Илјадници луѓе загинаа.

Мирот беше склучен во 2001 година и во тоа време беше договорен референдум на островот. Се одржа во 2019 година, но правната независност зависи од одобрението на парламентот и таму нема голем интерес процесот да се доведе до крај.

Кога Папуа Нова Гвинеја го пропушти рокот за ратификација на референдумот во 2023 година, сомнежите почнаа да растат.

„Тие веруваат дека е загрозен територијалниот интегритет на земјата. Ако еден дел си замине, ќе следи и другиот“, заклучува Кемиш.

Рудникот Пангуа беше уништен за време на граѓанската војна, но денес е столбот на сонот за економска независност.

„Сакаме да го отклучиме нашиот потенцијал. Никој нема да го спречи нашиот народ“, рече Тороама.

Островот е дом на 300.000 луѓе и доколку се раздели би бил меѓу најмалите земји во светот. Нивните најблиски соседи се на Соломонските Острови, кои веќе се сочувствителни на Пекинг.

Иако понудата на Бугенвил датира од крајот на минатата година, доколку Трамп деновиве го читаше британскиот печат, тој може да биде заинтересиран за предлогот. Американскиот претседател веќе изрази желба за проширување на територијата на САД. Зборуваше за тоа како ќе го земе Гренланд, и рече на Канада дека треба да стане нова сојузна држава. Бугенвила практично му се нуди на послужавник, со значајна мамка - рудник за злато.

Најубавата жена му испрати порака на вереникот- Сидни запеа караоке, откако ја откажа свадбата

Природата на врската помеѓу Сидни Свини и нејзиниот вереник Џонатан Дејвин е повторно главна тема.

Најубавата жена му испрати порака на вереникот- Сидни запеа караоке, откако ја откажа свадбата

Актерката сега поттикна нова лавина гласини изведувајќи една од најпознатите песни за раскинување.

Свини беше снимена во караоке бар како го пее хитот на Адел, Someone Like You. Во видеото објавено на TikTok таа го отпеа стихот „Не е важно, ќе најдам некој како тебе“ и покажа кон публиката.

Видеото е прегледано повеќе од 500 илјади пати, а гледачите не ја пропуштија можноста да шират гласини. „Имам чувство дека ова беше лично“, „Не дај Боже жената да сака да се опорави од раскинувањето“, „Добро за неа“, напишаа некои под видеото. Некој друг тврдеше дека снимката е направена за време на Нова година.

@tmz #SydneySweeney's singing those breakup blues away -- she let loose at a karaoke bar in Key West, Florida last night while taking on #Adele's breakup anthem, "Someone Like You." #Exclusive ♬ original sound - TMZ

Ја откажале свадбата поради напнатост во врската?

На крајот на март беше објавено дека Сидни Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради преголема напнатост во нивната врска. „Сидни и Џонатан имаат големи проблеми, но сè уште не се целосно раскинати“, рече упатен во средата. "Нештата не се баш најдобри во моментов, но тие се уште не се откажуваат. Работат на својата врска, но засега ја откажаа свадбата", рекол извор за Us Weekly.

Свини и Џонатан Давино неодамна беа фотографирани во Беверли Глен Дели, каде наводно поминале еден час пред да продолжат со нивната прошетка. Двајцата беа лежерно облечени и носеа очила за сонце, а друштво им правеше и кучето на Сидни, Тенк. Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен.

Гласини за врска со Глен Пауел

Недолго потоа се појавија гласини дека Свини е во врска со Глен Пауел, со кого глумеше во филмот Anyone But You. Тие беа снимени во еден мексикански ресторан на свадбата на сестрата на Пауел, Лесли, но добро информиран извор негираше дека тие во тоа време се забавувале. Истото го кажала и мајката на Пауел, Синди, додавајќи дека Свини и Пауел се само добри пријатели.

притисни ентер