51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
251. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураСкопско лето: Концерт на Јана Каевска, Ивона Базгалоска и Ана Трсунова- Во рамки на „Скопско лето“ вечер, во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Јана Каевска (флејта) и Ивона Базгалоска (пијано), а гостин е Ана Трсунова (флејта).На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и Т. Прокопиев. Почетокот на концертот е во 20:30 часот, а влезот е слободен. Јана Каевска е родена во Скопје, 1999 година. Своето музичко образование го почнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Николина Ефтимова Тодоровска. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо Темков. Како ученик, а потоа и студент редовно настапува на училишните концерти и циклусот концерти Musica viva на ФМУ. Член е на квартетот Аулос од 2018 година со кој има оставарено бројни настапи. Како дел од Аулос има настапувано на значајни фестивали како Денови на Европско Скопје 2021, Скопско лето 2022, БитФест 2022. Настапува на Првата регионална средба на флејтисти „Flauta & me“ во Загреб, 2019 година како и на Втората регионална средба на флејтисти „Flauta & me“ во Нови Сад, 2023 година и тоа како солист и како дел од квартетот Аулос. Учествувала на мастер класови по флејта предводени од Дејан Гавриќ(Германија/Србија), Каролина Шантл Зупан(Словенија), Тито Чикарезе(Италија), Метод Сирониќ(Хрватска), Марта Коберски(Хрватска), Наталија Јовиќ-Александрова техника(Србија), Ива Љубомирова(Бугарија), Матеј Зупан(Словенија), Улф-Дитер Шаф(Германија), Роберт Вин(Германија). Како пасивен учесник е дел и од мастер класови предводени од светски реномираните флејтисти Емануел Пају и Денис Бурјаков. Ивона Базгалоска е една од најактивните и најнаградуваните млади македонски пијанисти. Првата фаза од нејзиното музичко образованието го започнала во ОМУ „Методи Патче“ во родниот Охрид во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде што завршила како првенец на генерација. Од 2010 година до денес таа е добитник на бројни специјални и први награди на државни натпревари. Редовно учествува на ревијални концерти и одржува самостојни концерти. Ивона соработува со реномирани диригенти како Борјан Цанева, Игор Манашерова и Ле Фи Фи. Таа настапила три пати како солист со Македонската филхармонија, а во 2021 г. настапува и како солист со „Санкт Петербуршката камерата’’ во Санкт Петербург. По завршувањето на средното музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј” во класата на професорката д-р Нина Костова, врачена и е награда за најдобар инструменталист доделена од семејството на Илија Николовски – Луј. Своето образование го продолжува на Факултетот за музички уметности каде што дипломира со највисока оценка во класата на проф. д-р Нина Костова. За време на своето образование Ивона е и под менторство на признатите педагози и професори, проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова. Магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. д-р Нина Костова. Освен репертоар за соло пијано, свири и камерна музика и соработува со признати музичари во Македонија. Во 2018 година, таа настапува на фестивалот „Златна лира“ заедно со виолинистот Александар Иванов. Ивона формира клавирско дуо со проф. д-р Нина Костова. Во 2023 год. пијано дуо Костова – Базгалоска концертираат низ градовите во Македонија како и во Загреб, Хрватска. Ана Трсунова е млада флејтистка од прва година во класата на проф. м-р Страшо Темков во Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ана своето музичко образование го започнува на осум годишна возраст во Државното музичко училиште во Битола, учејќи флејта кај проф. Александар Стефановски. Во своето средно образование има прилики да свири во склоп на Битолскиот дувачки оркестар, како и во Битолскиот камерен оркестар на фестивалот за кларинет и саксофон „SaxClar“. Како млад музичар, се стекнува со повеќе награди на натпревари, меѓу кои и прва награда на Собирот на флејтисти „Тахир Куленовиќ“ во Ваљево, Р. Србија во февруари изминатава година. По повод „Денови на Владо С. Милошевиќ 2024“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, одржа концерт со камерниот состав заедно со Јана Каевска и Леона Мариќ под менторство на својот професор Темков. Како студент е редовен учесник на циклусот концерти во склоп на факултетот „Musica Viva“, како и член во камерни состави и симфонискиот оркестар при ФМУ-Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter