Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата - Канал 5

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата

Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток.

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата

Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, зголемувањето на цените на горивата и потенцијалните ограничувања на снабдувањето.

Во споредба со првично поднесените распореди и нивоа на капацитет за април објавени од EX-YU Aviation News кон крајот на март, ситуацијата се промени на неколку аеродроми, а скопскиот аеродром е трет по број на седишта меѓу аеродромите во регионот и со намалувањето на бројот на седишта бележи 32 проценти раст во однос на минатата година.

EX-YU Aviation News пишува дека според ревидираниот распоред аеродромот во Белград треба да понуди 897.733 седишта на редовни летови во април, што е намалување за 36.995 од првичниот план. И покрај намалувањето, ова сепак претставува зголемување од 7,6 проценти во споредба со април 2025 година. „Ер Србија“ останува најголемиот превозник со 433.502 седишта, иако ова е 20.000 помалку од првично планираното, по што следуват „Визер“, „Луфтханза“ и „Туркиш ерлајнс“.

Загреб ќе има 549.720 седишта на редовни услуги, 10.332 помалку од првично поднесеното. Ова претставува пад од 2,6 проценти на годишно ниво. „Кроација ерлајнс“ ја задржува својата позиција како најголем превозник со 203.998 седишта, што е зголемување од 5,4 проценти во споредба со минатата година, пред „Рајанер“, „Луфтханза“ и „Туркиш ерлајнс“.

Скопскиот аеродром изгуби 6.866 седишта по ревизиите на мрежата досега овој месец, со што вкупниот број достигна 393.355. И покрај намалувањето, ова сепак претставува силно зголемување од 32 проценти во споредба со минатата година. „Визер“ останува најголемиот превозник, со зголемен капацитет од 68 проценти, проследен од „Пегасус ерлајнс“ и „Туркиш ерлајнс“, се вели во објавата.

Од „ТАВ Македонија“, концесионерот на аеродромите во Скопје и Охрид, минатиот месец за МИА изјавија дека како резултат на конфликтот на Блискиот Исток можно е одредено ограничено влијание кај некои од дестинациите од домашните аеродроми, но оти засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот. „Визер“ ја прекина редовната авиолинија Скопје - Ларнака откога интересот за резервации на авиобилети се намалил и ќе лета сезонски.

- Внимателно ја следиме состојбата и сме во постојана комуникација со авиопревозниците. Во овој момент не се очекуваат значајни промени во вкупниот број на летови и на патници имајќи предвид дека најголемиот дел од сообраќајот на скопскиот и на охридскиот аеродром е поврзан со дестинации во географска Европа, особено Западна и Северна Европа - изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Приштинскиот аеродром треба да понуди 390.680 седишта, што е намалување од 7.345 во однос на првичниот план, со вкупен раст на капацитетот во моментот проектиран на 2,6 проценти. „Џи-пи евиејшн“ го држи најголемиот удел, проследен од „Визер“, „Чаир ерлајнс“ и „Пегасус ерлајнс“. Бројот на седишта на аеродромот во Сараево сега изнесува 223.574, што е намалување од 6.820 во споредба со првичните планови. Ова претставува намалување од 5,1 проценти во однос на нивоата од 2025 година. „Рајанер“ е најголемиот превозник, по што следат „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“.

Аеродромот во Подгорица ќе има 205.319 седишта на редовни летови во текот на месецот, што е намалување за 2.505 од првичните планови, но сепак е зголемување од 14,6% во споредба со минатата година. „Виз ер“ треба да стане најголем превозник, по што следат „Рајанер“, „Ер Монтенегро“ и „Туркиш ерлајнс“.

Љубљана, пак, ќе понуди вкупно 191.974 седишта на редовни летови, намалувајќи 11.196 седишта во споредба со претходните проекции, но сепак бележи зголемување од 17 проценти на годишно ниво. „Луфтханза“ ќе биде најголемиот превозник на аеродромот, по што следат „Туркиш ерлајнс“, „Свис“ и „Изиџет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Детска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во Карпош

Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3,.

Детска работилница за најмладите и рап забава  со „Жабата“ за тинејџерите во Карпош

Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал.

Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли - „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија.

Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%

Бензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%.

Од 25.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници

„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ 

Министерството  за јавна администрација ја започна оперативната фаза за воспоставување на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници

„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја отвори првата работна сесија со тимот кој ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да започне со работа на полетокот од 2027 година.

Во изминатиот период беа поставени основите за формирање на Академијата, беше спроведена анализа на постојната состојба и потребите, а во наредниот период следува дефинирањето на организацискиот модел, клучните функции и оперативната поставеност на новата организациска единица во рамките на Министерството за јавна администрација.

Во рамките на дводневната работна сесија тимот ќе работи на подготовка на клучните документи за воспоставување на Академијата, како и на преточување на стратешката рамка и четирифазниот патоказ на реформата во конкретен, реалистичен и временски дефиниран акциски план. Овие документи ќе ја постават основата за започнување на оперативната фаза и функционирањето на Академијата во состав на Министерството за јавна администрација.

„Работата во овие два дена бара од секого од нас конкретност и посветеност. Не бараме уште еден документ на хартија, бараме јасен, реалистичен и спроведлив акциски план, со прецизно распределени одговорности, идентификувани ризици и временска рамка на која можеме да се потпреме. Тоа е она што ќе го означи вистинскиот почеток на оперативната фаза на Академијата“ истакна министерот Минчев.

Работната сесија се реализира во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА. Преку менторската поддршка, регионалната експертиза и споделените искуства и практики од земјите во регионот, Министерството за јавна администрација добива значајна поддршка во процесот на градење на одржлив и функционален институционален модел на Академијата.

Воспоставувањето на Академијата претставува важен чекор во создавањето современа, професионална и ефикасна јавна администрација, во која континуираното учење, развојот на компетенции и стручното усовршување ќе бидат составен дел од професионалниот развој на јавните службеници.

Министерството за јавна администрација продолжува посветено да работи на реформите кои значат поквалитетна администрација, подобри услуги за граѓаните и создавање услови во кои јавните службеници ќе имаат можност континуирано да ги развиваат своите знаења и професионални компетенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер