Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
2Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
Други спортовиСкопје за прв пат домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијацијаПретседателката на Атлетската федерација на Македонија (АФМ), Александра Војнеска-Зикова како историски момент за овој спорт во нашата држава ја оцени организацијата Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација.Скопје од 24 до 26 октомври ќе биде домаќин на Конвенцијата на која присуство најавија 49 претставници на европски федерации, како и на изборот на најдобар спортист на Европа во атлетскиот спорт – „Golden Tracks 2024“. - Сето она што ние како федерација го работиме во структурите на Европската федерација беше препознаено, најпрво преку организацијата на Европскиот куп трета лига 2019, потоа со нашето имплементирање во структурите во советот и телата на самата асоцијација допринесуваме и се трудиме активно да ја промовираме нашата држава, да го издигнеме нивото на атлетиката а со тоа и на спортот. За нас ова организација на Конвенцијата претставува историски момент. Верувам дека со поддршката што ја добивме од Министерството за спорт и Европската атлетска асоцијација целиот овој настан ќе помине во најдобар ред, истакна Војнеска-Зикова на денешната прес-конференција. Министерот за спорт, Борко Ристовски - Да се добие ваква организација воопшто не е лесно. Ова е голем плус. Ние како Министерство за спорт секогаш ќе стоиме зад вакви проекти. За нас е важно да ја претставиме Македонија на едно високо ниво. Верувам дека Атлетската федерација ќе биде одличен домаќин на настанот. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработка, не само во спортот, туку и пошироко, изјави Ристовски. Претседателот на Европската атлетска асоцијација Добромир Карамаринов рече дека Конвенцијата во Скопје се одржува во време кога атлетиката има високо ниво на популарност. Тој се надева дека настанот ќе помине во најдобар ред, а доказ дека атлетските федерациите во Европа не се делат на мали и големи е токму доделувањето на организацијата на АФМ. Специјален гостин на Конвенцијата во Скопје ќе биде Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската Атлетска Асоцијација и поранешен член на британскиот парламент, носител на олимписки, светски и европски златни медали, член на бордот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), а од пред една недела и официјално еден од кандидатите за нов претседател на ИОК на претстојните избори во март наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше ЕтнаВоздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел.Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел, и поради неповолни временски услови, соопшти компанијата што управува со аеродромот. Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија според бројот на патници, се прекинати до утре во 10 часот по Гринич. Етна, највисокиот и најактивен вулкан во Европа, често предизвикува прекини во воздушниот сообраќај во Катанија, но емисиите на пепел ова лето беа особено интензивни, погодувајќи илјадници патници за време на врвот на туристичката сезона. Воздушниот сообраќај беше дополнително прекинат поради силна бура што го зафати подрачјето во текот на ноќта. Тагови: Етна сицилија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБотовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни. Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба. Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаОпштински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозјеПривршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје.. Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари. Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството. Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook