Скопје со најмногу активни случаи, КОВИД центар и болницата Козле

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес. Бројот на активни случаи на ниво на држава е 2 942.

Од вчерашните регистрирани нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно вчерашните податоци, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.

Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени.

На Инфективната клиника вчера биле примени пет пациенти, хоспитализирани се 95 пациент, од кои на кислородна поддршка се 45. Во ГОБ „8 Септември", пак, вчера биле примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти ( седум се на респираторна машина) Во болницата во Битола има 35 пациенти, во болницата во Штип 18 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Викендот и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, покрај за деца, почна да функционира како Ковид-19 центар за прием и на возрасни. Во Институтот располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот засега располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи. Тимот во „Козле" се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Премиерот Оливер Спасовски вчера повторно упати порака дека со корона кризата ќе се справиме само со висока свесност кај сите и со почитување на мерките за лична заштита од страна на граѓаните и ефикасни реакции на институциите таму каде што ќе има прекршување, бидејки заштитата на јавното здравје е законска обврска.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти за регистрирани нови 805 прекршоци за неносење маски. Во текот на викендот на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер