Скопје се сеќава - 50 години од катастрофалниот земјотрес - Канал 5

Скопје се сеќава - 50 години од катастрофалниот земјотрес

Скупи се урнал во 518 година, Скопје во 1555 по втор пат е разорен, а денеска се одбележуваат 5 децении од третиот катастрофален земјотрес на ова подрачје - во 1963та. Вечерва на плоштадот „Македонија“ во 21:30 часот ќе почне мултимедијалниот проект „Скопје се сеќава“.

Скопје се сеќава - 50 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ја одбележува 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Одбележувањето ќе почне во 10 часот со положување цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во земјотресот. Потоа ќе следи традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје.

Во спомен на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во 8:30 часот ќе биде отслужена Заупокоена литургија, а во 10 часот Панихида.

Официјалната програма ќе почне во 19 часот со поетско читање „За Скопје со љубов“ пред Музејот на Град Скопје. Во просториите на Музејот, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „26 јули 1963“, а Град Скопје на сите земји кои по големата катастрофа ја покажаа својата солидарност и испратија помош ќе им додели благодарници.

На плоштадот „Македонија“ во 21:30 часот ќе почне мултимедијалниот проект „Скопје се сеќава“, а Македонската филхармонија, актери и членови на Македонската опера и балет преку перформанси ќе пренесат приказни за љубовта, храброста и солидарноста – приказни од скопскиот земјотрес.

Ќе има и кино на отворено, меѓународна патувачка изложба „Show your hope“, 24-часовен филмски маратон со бесплатни филмски проекции на светски мегахитови,...

На одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје се очекува да пристигнат повеќе градоначалници и претставници од Љубљана, Загреб, Софија, Тирана, Дрезден, Нирнберг, Нанчанг...
------------------------------------------------------------------------
Што му се случи на Скопје на 26 јули 1963 година
------------------------------------------------------------------------
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Веднаш по катастрофалниот земјотрес од 05 часот и 17 минути имало два релативно силни земјотеса и тоа во 05 часот и 32 минути и во 05 часот и 53 минути, кои имале епицентрални интензитети од седум степени по Европската макросеизмичка скала. Во текот на истиот ден во Сеизмолошката станица во Скопје регистрирани се 122 земјотреса, до крајот на 1963 уште 411, во текот на 1964 година 49 земјотреси или вкупно 582 допилнителни земјотреси од појавата на главниот земјотрес до крајот на 1964 година.

Потоа сеизмичката активност се намалила и скопското епицентрално подрачје преминало во редовниот сеизмички режим.

Во Македонија и во Сеизмолошката станица во Скопје не постои запис од силниот скопски земјотрес во 05 часот и 17 минути. Записи се набавени од другите земји, со кореспонденцијата што ја вршела Сеизмолошката станица по овој земјотрес.

Во времето на скопскиот катастрофален земјотрес, Сеизмолошката станица во Скопје била опремена со два механички сеизмогорафа MAINKA, монтирани уште во првата половина на 1957 година и со механичкиот сеизмограф CONRAD, монтиран во февруари 1963 година.

- Од силниот удар на земјотресот од 26 јули 1963, сите три сеизмографи во Сеизмолошката станица во Скопје биле исфрлени од работа. Тогашниот раководител на станицата, д-р Драган Хаџиевски успеал околу 38 минути по земјотресот да го врати во работа сеизмографот CONRAD, а по два часа и 32 минути и еден од сеизмографите MAINKA, вели д-р Вера Чејковска, сегашен раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Стручните лица за причините за земјотресот и дали се можни нови слични потреси
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, д-р Вера Чејковска смета дека на Скопје на 26 јули 1963 година му се случи силен тектонски земјотрес.

- Согласно со истражувањата изведени во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, земјотресот бил предизвикан од наглото поместување на блок под дел од градот Скопје и Скопска Црна Гора кон запад–северозапад и надолу, долж раседна рамнина наклонета кон север–североисток. Оваа раседна рамнина може да се придружи на регионалниот Скопско-Ќустендилски расед, кој се протега низ Скопската Котлина приближно долж правецот исток – запад. Наглото поместување започнало од точка на длабочина од само 5 километри, а се проширило врз површина од околу 130 километри квадратни. Целата оваа површина го претставува дефинитивното жариште (извор) на земјотресот. Средната вредност на дефинитивното нагло поместување врз целата оваа површина изнесува околу 30 сантиметри. Поместувањето не ја пробило Земјината површина. Сепак, поради малата длабочина на која се одвивало, ова поместување предизвикало значајни ефекти врз Земјината површина – многу разурнувања и жртви, вели Чејковска.

Точката од која започнало поместувањето (хипоцентар на земјотресот), нагласува, има вертикална проекција на Земјината површина во подрачјето помеѓу Скупи (Злокуќани), Зајчев Рид и Бразда, и таа проекција е епицентарот на земјотресот.

- Сеизмичноста на Скопското епицентрално подрачје се должи на тонењето на Скопската котлина и на диференцираните вертикални и хоризонтални тектонски поместувања на околните планини, во резултат на регионалните тектонски напрегања. Сето ова предизвикува тектонската и сеизмичка активност на сите раседи во Скопската котлина и околината. Овие раседи се ориентирани долж правецот северозапад–југоисток и приближно долж правецот исток–запад. Најактивен од сите овие раседи е регионалниот Скопско-Ќустендилски расед, за кој веќе беше кажано дека се протега низ Скопската котлина приближно долж правецот исток–запад, прецизира Чејковска.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје (ИЗИС) Михаил Гаревски исто така вели дека Скопје е град кој е подложен на земјотреси.

- Силни земјотреси се случуваат на секои 300 до 500 години, но тоа не ни гарантира дека не би можел да се случи и утре или наредната година. Со сигурност може да се каже дека повторно ќе има силен земјотрес, но веројатноста дека тоа ќе се случи во блиска иднина не е толку голема, посочува Гаревски.

Тој смета дека скопјани не треба да се плашат бидејќи после земјотресот од 1963 година се градат асеизмички објекти.

- Генерално во Скопје, се гради добро бидејќи постои традиција после 1963 година. Проблем претставуваат само заградите што се доградуваат и надградуваат, особено оние со носечки ѕидови што се изградени пред земјотресот, бидејќи за нив е најтешко да се направи статиката, нагласува Гаревски.

Пред земјотресот, додава, немало прописи за сеизмичка градба и затоа ризикот е најголем кога се надградуваат тие објекти.

- Мислам дека во Законот за градење недостасува член со кој би се забранила надградба на објектите изградени пред земјотресот. Јас се залагам да се забрани секаква надградба без да се докажува дали објектот е добар. Подобро е да се урне стариот објект и да се изгради нов, отколку да се надгради, потенцира Гаревски.

Според него, целата територија на Македонија е сеизмички активна и единствена превенција од земјотрес е сигурната градба на станбените објекти. Како исклучително сеизмички ризични градови во Македонија ги посочува Скопје, Валандово, Охрид, Битола, Пехчево, Берово и Дебар.

- По земјотресот практично не постои објект за кој не се земени предвид сеизмичките сили. Пред земјотресот тоа не се бараше, туку се земаа предвид само силите од ветерот. Сега пи проектирањето се прават статичка и сеизмичка пресметка. Можеме да проектираме 100 отсто сеизмички згради. Тоа значи дека кај мали земјотреси зградата не треба да има скоро никакви оштетувања, а за големи, како скопскиот, може да има конструктивни оштетувања, но зградата нема да падне, појаснува Гаревски.

Зградите,нагласува, паѓаат како резултат на лошо проектирање и поради лошата изведба.

- Кај нас најголемиот број згради се со голем квалитет. Факт е дека до 90-тите години од минатиот век контролата беше поголема. Рредовно се правеа ревизии и динамички анализи. Населбите Аеродром, Капиштец и други беа контролирани од ИЗИС. Од 1990 година наваму се случува понекогаш да не се води сметка. Постои некој многу мал број објекти кои не се добри, посочува Гаревски.

На почетокот на месецов Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија симулираше вештачки земјотрес од 5,5 степени според Европската сеизмичка скала врз десеткатница во Ново Лисиче изведена од Адора Инженеринг.
------------------------------------------------------
Скопје град на светската солидарност
------------------------------------------------------
Од трагедијата на Скопје предизвикана од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година целиот свет беше ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 50 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Испил 30-40 пива, па украл фламинго од познат хотел, на судењето се расплака (ВИДЕО)

Канаѓанецот Мичел Ферберн (34), обвинет за кражба на фламинго по име Пичи од хотелски комплекс во Лас Вегас и негово повредување, му рече на судот дека немал намера да ја повреди птицата.

Испил 30-40 пива, па украл фламинго од познат хотел, на судењето се расплака (ВИДЕО)

Тој тврди дека инцидентот бил „лоша шега“, откако испил помеѓу 30 и 40 пива, но обвинителството се повикува на видеа на кои, според истражителите, може да се види како грубо се однесува кон птицата.

„Ја преземам одговорноста“

Бизарниот случај доби нов пресврт откако обвинетиот ја презентираше својата одбрана. 34-годишниот претприемач од Онтарио инсистираше на судот дека немал злонамерна намера кога ја однел птицата во неговата хотелска соба.

Тој е обвинет за кражба и злоупотреба на птицата, која живеела во ограден простор со други животни во хотелот Фламинго Лас Вегас, објавува Дејли Меил.

Кога неговиот адвокат го прашал дали некогаш имал намера да ја повреди птицата, тој одговорил негативно. Исто така, негирал дека имал намера да ја убие. Сепак, за време на вкрстеното испрашување признал дека снимката од инцидентот „не изгледа добро“.

„Ја преземам одговорноста“, изјави тој пред судот, тврдејќи истовремено дека „нема поим“ како птицата изгубила дел од пердувите.

Ферберн објасни дека патувал во Лас Вегас за да присуствува на меѓународниот саем за градежна индустрија ConExpo, каде што требало да ја претставува Канада.

Тој истакна дека пораснал на фарми, каде што стекнал искуство во работа со животни. Исто така, изјави дека има кучиња и папагал по име Сони, и дека претходно спасил напуштена лама и шест патки.

Сепак, патувањето во Невада дошло во тежок период за семејството. На неговиот татко му бил дијагностициран рак во декември 2025 година, што, како што рече, го натерало долго време да размислува дали воопшто да го направи патувањето.

Ја однел птицата во својата хотелска соба

Според неговото сведочење, тој го поминал денот на 2 март пиејќи и коцкајќи се. Проценил дека испил помеѓу 30 и 40 пива пред да стигне до живеалиштето за фламинго околу 5 часот наутро следниот ден.

Пијан, лишен од сон и на телефон, забележал птица чии крилја изгледале нерамномерно раширени. Потоа влегол во оградениот простор, иако признал дека не му било дозволено да го стори тоа.

Тврдел дека прво седел до друго фламинго, а потоа го одвел Пичи да се слика со него, опишувајќи го чинот како „лоша шега“.

Според неговата верзија на настаните, ја однел птицата во својата хотелска соба само на „две или три минути“, а потоа ја оставил во ходникот. Рекол дека бил уапсен додека се пресоблекувал, бидејќи имал намера да се врати.

За време на судењето, поротата била заинтересирана за неговото објаснување дека влегол во оградениот простор затоа што забележал нешто погрешно со крилјата на фламингото. Се прашувале како можел да забележи таква аномалија ако птиците биле неподвижни во тој момент.

Ферберн одговорил дека, од неговата позиција, едното крило изгледало повисоко од другото. Тој исто така признал дека фламинго кое спие со главата под крилото може да изгледа како да има нерамномерно поставени крилја.

Кога го прашале дали забележал повреди или крв на кошулата или на ѕидот додека ја носел птицата, тој рекол не. Тој тврдел дека не видел ништо необично на фламингото кога го извадил од оградениот простор.

Пронајден е голем крвав пердув

Тој, исто така, потврдил дека шетал низ грмушки додека ја носел птицата. Објаснил дека ја соблекол кошулата и ја завиткал околу фламингото кога го напуштил оградениот простор, тврдејќи дека не сакал да ги вознемирува другите птици.

Му било поставено и хипотетичко прашање - како би реагирал ако некој влезе во неговата фарма и повреди едно од неговите животни? Ферберн одговорил дека очекува темелна истрага за да се утврди дали лицето кое го зело животното е исто така одговорно за неговата повреда.

Кога го прашале дали алкохолизмот може да оправда повредување на лице или животно, тој кратко одговорил: „Не“. Додал дека бил во домашен притвор од инцидентот и не можел да се врати во Канада.

YouTube video

Сепак, истражителите изнесоа и многу посериозни обвинувања. Според нив, фотографиите и видеата пронајдени на телефонот на обвинетиот наводно го покажуваат како грубо ја фаќа птицата за вратот и ја фрла на земја. На едно видео, според полицијата, може да се слушне како се смее додека вели дека „ја носи птицата дома“.

Истражителите рекоа дека пронашле голем крвав пердув во неговата хотелска соба. Службениците за контрола на животни рекоа дека Пичи претрпел повреда на крилото за која биле потребни конци. Властите, исто така, рекоа дека и други птици биле повредени во инцидентот.

Ферберн се соочува со обвиненија за мачење, осакатување или убивање животни чувани за дружење или задоволство. Поротата сè уште не одлучила дали е виновен.

„Caesars Entertainment“, сопственик на хотелот „Фламинго“ во Лас Вегас, претходно го опиша инцидентот како „длабоко вознемирувачки“ и рече дека Пичи и другите птици ја добиваат потребната грижа од ветеринари и тимот за контрола на животни во хотелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 400 жртви во секта во Кенија: Телата на децата беа наредени како облека

Во кенискиот суд започна изрекувањето на пресудата во случајот за масовно убиство против проповедникот на судниот ден Пол Мекензи. 

Најмалку 400 жртви во секта во Кенија: Телата на децата беа наредени како облека

Тој и 29 негови следбеници се обвинети за убиство на 191 лице, од кои речиси сите биле деца.

Според обвинението, неговата секта наводно ги принудувала децата да умрат од глад за да „се сретнат со Исус“. Властите пронашле повеќе од 400 тела во плитки гробови во шумата Шакахола, во близина на кенискиот брег. Мекензи ги довел своите следбеници таму од целата земја, пишува Би-Би-Си.

Обвинувања за убиство и тероризам

Мекензи и другите 29 обвинети се изјаснија за невини и постојано повторуваа дека никој не бил принуден да умре. Поранешниот шеф на обезбедувањето на Мекензи, Енос Амања Нгала, првично беше меѓу обвинетите, но се спогоди со обвинителството и стана сведок.

Водачите на култот се соочуваат и со низа други обвиненија, вклучувајќи тероризам, радикализација и лишување на децата од образование. Сепак, ова е првата казна што ќе му биде изречена на пасторот за најтешкото кривично дело убиство.

Седумнаесет мажи од блискиот град беа ангажирани за задачата да копаат плитки гробови. За некои, дневницата беше само осум долари. „Во секој гроб што го пронајдовме имаше најмалку три тела“, изјави Џејмс, еден од гробарите, за Би-Би-Си.

„Некои од останките им припаѓаа на деца кои имаа само неколку недели. Еднаш пронајдовме 12 тела на деца во ред во гроб. Беше ужасно, телата беа наредени едно врз друго, како облека.“ Гробарите опишаа дека некои деца имале врзани раце и нозе, а нивните тела биле завиткани во чаршафи.

Животот во култ

Иако многу од следбениците на Мекензи биле од други делови на Кенија, некои од починатите биле познати на локалната заедница. Членовите на култот често оделе во блискиот град Шакахола за залихи и вода од реката Галана.

„Понекогаш ги транспортиравме со мотоцикли до шумата“, рече Салим Кариса, друг гробар. „Но, сè беше толку испланирано и тајно што никој не можеше да знае што се случува внатре.“

Стивен Мвити (48) раскажа како ги изгубил сите шест свои деца во култот. Кога отишол да се соочи со Мекензи во неговата куќа, видел „многу ќелави жени и десетици деца“. Мекензи ја забранил шминката и фризурите, па им наредил на жените да се бричат ​​или да ја држат косата неуредна. Поранешната сопруга на Мвити е една од обвинетите заедно со Мекензи.

„Ако денес се сретнам со пасторот Мекензи, едно од нас ќе мора да умре“, изјави тој за Би-Би-Си. „Сите шест мои деца починаа во шумата Шакахола“, рече Мвити, видливо потресен додека држеше фотографија од своето семејство. „Ги најдов и ги закопав само останките од мојот син Самуел“.

Доктрината на Мекензи

Мвити покажа кон прашлива телевизија и кабелска кутија во неговиот дом во крајбрежниот град Малинди. „Ова мало нешто тука беше почетокот на целата моја несреќа“, рече тој. Преку телевизијата доктрината на Мекензи влезе во неговиот дом.

Во 2003 година, пасторот ја основал организацијата „Good News International Ministries“. Црквата растеше во популарност и привлече илјадници следбеници во своите филијали низ Кенија. Исто така, имаше и телевизиска станица, Times TV, која ги емитуваше неговите проповеди.

Неговите проповеди за „последните денови“ вклучуваа теории на заговор во кои тој го опишуваше образованието како „зло“, здравствената заштита како „спротивна на доктрината“ и дигиталните лични карти како „белег на ѓаволот“. Главната црква се затвори во 2019 година, а Пол Мекензи се пресели во шумата Шакахола и ги охрабри своите следбеници да го следат.

Споделени сведоштва

Питер Шукрани (23) вели дека неговата мајка потоа се преселила со него во Шакахола. Тој почнал да ја посетува црквата на Мекензи на осумгодишна возраст. Тој го опишал како свој „духовен татко“ и додал дека никогаш нема да каже ништо лошо за него. Шукрани бил еден од мажите спасени од шумата во март 2023 година.

Тој бил болен и прикован за кревет со недели, а неговата состојба се влошила бидејќи неговата мајка ги фрлила сите лекови што му биле потребни за да се опорави. „Мајка ми верувала во доктрината на Мекензи дека медицината е зло“, рече Шукрани. „Ќе умрев да не ме спасеа од шумата Шакахола.“

И покрај сè, Шукрани сè уште верува дека Мекензи е „добра личност која се грижи за него“. „Мекензи не присилувал никого да пости. Луѓето ги донесувале тие одлуки сами поради своите верувања“, рече Шукрани. „Сè уште го сакам и тој е сè уште мој пастор.“

Жртвите сè уште не се именувани

Од друга страна, синот на Мекензи, Ден Пол Мекензи, верува дека неговиот татко треба да биде прогласен за виновен за убиство. „Тој беше водач, некој на кого се угледуваа. Значи, тој е убиецот одговорен за масовните убиства.“

Во документот од 298 страници, во кој се детализираат обвинувањата, се вели дека 190 од 191 жртва за кои Мекензи и неговите следбеници се обвинети дека ги убиле биле деца.

Многу тела сè уште не се идентификувани поради нивната напредна состојба на распаѓање. Во судските документи, неколку жртви се наведени како „непознато машко дете“ и се идентификувани според локацијата на гробот и датумот на откривање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца загинаа во лавина во Чиле- по едниот се трага во езеро со помош на роботи

Лавина во областа Лагуна дел Инка, во близина на ски-центарот Портиљо во Чиле, одзеде три животи, а четворица се повредени. 

Тројца загинаа во лавина во Чиле- по едниот се трага во езеро со помош на роботи

Во тек е обид за пронаоѓање на трета жртва, објавија чилеанските медиуми.

Чилеанската морнарица соопшти дека продолжува со потрагата по едно лице кое е исчезнато во водите на езерото Лагуна дел Инка, по лавината во Портиљо во саботата, во која загинаа три лица, а четворица други беа повредени.

Додека се во тек напорите за пронаоѓање на телото на третата жртва, клубот Андино Памир ги објави идентитетите на двајцата починати: Магдалена Акуња и Родриго Пења.

Персоналот на морнарицата е во областа, во општината Лос Андес, каде што спроведува пребарување со помош на специјализирана опрема, на барање на јавното обвинителство.

Спасувачите нуркачи учествуваат во операцијата, користејќи далечински управувано подводно возило во обид да го пронајдат и пронајдат телото на последното исчезнато лице.

Дополнително, друг подводен робот го управува персонал од Канцеларијата на пристаништето Сан Антонио.

Капетанот на фрегатата Пабло Енрикез, командант на Командата за спасување и спасување на чилеанската морнарица (COMRES), изјави дека „специфичните географски и климатски услови на оваа област, карактеризирани со ниски температури на водата, значителна длабочина и голема надморска височина, претставуваат голем оперативен предизвик“.

„Морнарицата ја изразува својата солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија и ја потврдува својата посветеност на ставање на човечките, техничките и оперативните капацитети во служба на Чиле и оние на кои им се најпотребни“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер