Скопје се приклучува во одбележувањето на Европскиот ден на музиката - Канал 5

Скопје се приклучува во одбележувањето на Европскиот ден на музиката

Скопје годинава ќе биде еден од дванаесетте градови што ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day), при што ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Скопје се приклучува во одбележувањето на Европскиот ден на музиката

Како што соопшти Град Скопје, главен организатор на 21-то издание на „Европски ден на музиката" е Атина, која во оваа манифестација ќе учествува заедно со 26 други грчки општини, каде ќе бидат емитувани концерти во живо или специјално снимени за оваа манифестација. Со свои концерти во оваа манифестација годинава се вклучуваат и градовите Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.

Настанот ќе се одржи в недела, ќе биде 10-часовен музички маратон кој ќе биде пренесуван преку Интернет (live-stream) и ќе претставува вистинско музичко патување низ Европа. Сите музички настани ќе бидат емитувани низ светот преку дигиталните канали и профили на организаторот (Асоцијацијата Европскиот ден на музиката – European Music Day Association).

Град Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот „Фолтин".

– Ова е уште една голема меѓународна културна манифестација во која Град Скопје зема учество, што претставува уште еден доказ за нашите заложби Скопје да прерасне во европски модерен град, каде што вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. За потсетување, Град Скопје поднесе кандидатура за титулата на Европската комисија „Европска престолнина на културата" во 2028 година, информираат градските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата.

Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот.

Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата.

„Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз.

Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

 Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи.

Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27.

Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности.

Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија.

Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави.

Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Денеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23  до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер