3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураСкопје се подготвува да аплицира за европски град на културата Град Скопје денеска организираше работилница во врска со иницијативата Скопје да биде европска престолнина на културата - титула за која се аплицира во Европската комисија.Работилнилницата насловена „Значењето на титулата ’Европска престолнина на културата’ и нејзиниот придонес за културен и општ развој на градот“, е прва организирана активност откако Град Скопје минатата година донесе одлука градот да поднесе апликација за титулата, а во септември оваа година беше формиран и иницијативен одбор. Претставници од четири града во регионот кои се избрани да бидат или се во поодмината фаза на подготовка за да аплицираат за европски престолнини на културата (Пловдив, Нови Сад, Риека и Љубљана) во текот на денов ќе разменат мислења и искуства за сите фази на тој долготраен процес. Беше промовирано и логото за евентуалната кандидатура на Скопје (Скопје 2027), иако 2027 е само почетна цел на иницијативниот одбор за да се остави простор, бидејќи се потребни десетина години подготовителен период, а апликацијата се поднесува шест години пред годината за кога се планира носењето на титулата. Како град од земја која е кандидат за членство во ЕУ, според пропозициите на ЕК, Скопје може да се пријави за годините 2024, 2027, 2030 и 2033. Отворајќи ја работилницата, скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека за да се оствари оваа цел, покрај инфраструктурни и човечки капацитети, потребна е и политичка подготвеност и волја да се прифатат европските и светските трендови и новитети во културата и нејзиниот третман како приоритетна област во развојот на градот. - Наша цел е да покажеме спремност и стремеж градот Скопје во наредните две години да ги постигне следните цели: преземање низа активности за зголемување на турзимот и развојот на креативните индустрии, подигнување на меѓународната соработка и повисок степен на културен развој на градот, рече Трајановски, додавајќи дека инфруструктурата во областа на културата е унапредена со големиот број новоизградени и реновирани објекти во главниот град во кој, исто така, се одржуваат и повеќе манифестации и фестивали. Претседателот на Иницијативниот одбор на проектот „Скопје - европски град на културата“ Бранислав Саркањац зборуваше за економските бенефити на некои од 52 града кои биле носители на титулата. - Значењето ќе биде огромно и градот ќе добие многу, не само во таа година во која се надеваме дека ќе биде европски град на културата, туку воопшто во сите фази додека се дојде до титулата. Тоа ќе значи развој на градот на економски и на културен план. Ќе се зголеми бројот на турсисти, градот ќе се интернационализира, ќе биде повидлив и попрепознатлив, рече Саркањац. Како пример го посочи Лил - град на културата во 2004, кога на едно вложено евро јавни пари во проектот, на градот му се вратиле осум евра, во унгарскиот Печуј во 2010 година бројот на туристи бил зголемен за речиси 30 отсто, во проектот за Марсеј во 2013 се влеани 16,5 милиони евра од преку 200 приватни компании, во малиот белгиски град Монс (кој оваа година ја делеше титулата со Плзен) за овој проект се изградени пет музеи... Саркањац истакна дека апликацијата не може да ја прави градот сам, туку треба соработка и размена на искуства со други градови и партнери низ Европа. Во Македонија, пак, рече тој, од самиот почеток е потребна широка платформа за иницијативата и вклученост на креативниот потенцијал на што повеќе луѓе - од бизнис-заедницата, невладиниот сектор, уметници, ученици и деца кои ќе волонтираат со различни проекти. Почнувајќи од 1985, Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на титулата „Европска престолнина на културата“, со цел да се промовира чувството на заедништво во ЕУ. За изборот решева независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ. Во 2016 година престолнини на културата во Европа ќе бидат Сан Себастијан (Шпанија) и Вроцлав (Полска), во 2017 година титулата ќе ја делат Орхус (Данска) и Пафос (Кипар), во 2018 - холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта, Валета, во 2019 - италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34