Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст
2Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаСкопје се „дави“ во проблеми – кои решенија ги нудат кандидатите за градоначалници?Сирени, колони и застој, два дена дожд повторно на виделина го изведе проблемот со сообраќајниот хаос во Скопје.... долгогодишната „болка“ на метрополата ги троши „нервите“ и времето на граѓаните, ќе најде ли „лек“ новиот Градоначалник?Според кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, треба да се врати „зелениот бран“ со интелигентни алгоритми по примерот на скандинавските земји, но покрај создавањето на нови делници, под и над земја, предвидува посебни ленти за БРТ, автобусите и такси возилата, што како што е наведено, ќе доведе до урбана мобилност и ефикасен јавен превоз, но значително послобен простор за пешаците и велосипедистите. И кандидатката на СДСМ Каја Шукова најавува подобра сигнализација која би се приспособувала на сообраќајните текови, како и надградба на системот кој ги следи истите. Јавниот превоз во програмата и условен како „БРТ Веднаш“, па со неговата ефикасност би се намалиле и бројот на возила. Ослободени пешачки зони и вело – патеки кои сега се натрупани со возила се и нејзин приоритет.. Кружни текови, довршување на булеварите и дополнителното поврзување на населбите со нив, според Амар Мециновиќ од Левица ќе доведе до поефикасен сообраќај, воедно фокусот го става на јавниот превоз искористувајќи ја железницата и создавајќи елевирани пруги од истокот кон западот на градот. Но, културата во Скопје смета треба да се промени и да се насочи кон пешачки и вело – патеки. Марковски од „Независни заедно“ пред се смета дека постојните сообраќајни навики треба да се обесхрабрат, да запре градењето на катни гаражи и бројни паркиралишта, односно да се тежнее кон релаксиран европски сообраќај со повеќе простор за јавниот превоз, преку железницата, автобуски линии, велосипеди и пешачки зони. Бесплатни паркинзи предлага на влезовите од градот со автобуски станици до нив кои посетителите на Скопје би ги однеле каде што тргнале. Тагови: локални избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри. По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура. Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром. Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаМанасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прстСДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината.Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Ова е проблем што се провлекувал со години, додека Филипче и СДС управуваа со државата. Прашањето кое треба да го одговорат СДС и Венко Филипче е што тие направија за да ги заштитат граѓаните? Имено, на 15.09.2022 година имаме извештај во кој пишува дека водата не е безбедна за пиење, а ова е за Гостивар. На ден 07.10 месец подоцна, истата година 2022, додека СДС беше на власт, исто така водата не била безбедна за пиење, но тие не им кажале на граѓаните дека таа не треба да се конзумира. Два месеци подоцна, 17.12.2022 повторно не е безбедна за пиење поради зголемен број на колиформни бактерии. Ова е време кога сдс е на власт. 21.12 истата година Гостивар. Одиме понатаму. СДС на власт 24.03.2023 година 21.06.2023 во топли времиња СДС додека беше на власт не им кажа на граѓаните на Гостивар дека водата не е за конзумирање туку ги остави да се трујат граѓаните 05.07.2022 19.07.2022. Ова се документи кои стигнувале до Венко Филипче, но тој не наишол на разбирање. Почитувани граѓани, овие документи биле доставени токму до Венко Филипче и институциите кои тие ги воделе. Тие располагале со информации, но зошто не ги информирале граѓаните? Тие знаеле за проблемите, но зошто не ги отстраниле? Еве ако евентуално не знаеле како ја воделе државата. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, а не политичко лицемерие. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Шоу бизАријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“Нејзината тежина веќе подолго време ја загрижува јавноста, но сега ситуацијата кулминираше.Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата. Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six. „Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение очекува турнејата да ја заврши здрава, среќна и во голем стил, а потоа да си земе заслужена пауза од постојаните критики и преиспитувања“, изјавил нејзиниот претставник. Можеби ќе ве интересира: Што се случува со Аријана Гранде? Тој додал дека турнејата била прекрасно искуство за неа и дека неизмерно уживала во секој настап и во средбите со своите обожаватели. Во меѓувреме, потврдено е дека Аријана се повлекува и од новата театарска продукција на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во кој следното лето требаше да настапи во лондонскиот Барбикан центар, заедно со актерот Џонатан Бејли. Најголемата полемика околу нејзиниот изглед започна откако минатиот петок беше објавен видеоспотот за песната „Petal“. Во него Аријана се појавува во облека инспирирана од филмот „Brilliant“, по што социјалните мрежи се преплавија со коментари. „Премногу е слаба и тоа е загрижувачко“, „Луѓето имаат право да бидат загрижени за нејзиното здравје“, „Буквално ѝ се гледаат коските“, беа само дел од реакциите. Извор близок до пејачката ги отфрли шпекулациите и истакна дека Аријана е здрава. „Настапите се физички исклучително напорни и бараат врвна кондиција. Таа секоја вечер настапува на највисоко ниво, здрава е и успешна“, изјавил изворот. Според достапните информации, 33-годишната Аријана Гранде, висока околу 155 сантиметри, тежи приближно 48 килограми. Извор: PageSix Тагови: Аријана Гранде Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook