МакедонијаСкопје под снежна покривка, четворица скопјани завршиле во болница Под снежна покривка е и главниот град... Четворица скопјани на возраст од 50 до 75 години завршија со повреди од снегот кој рано утрината предизвика и сообраќаен хаос на некои раскрсници... И Скопје утрината се разбуди под снег. Иако снежната покривка не беше голема, сепак го отежна сообраќајот, особено во утринскиот шпиц. Дел од граѓаните велат дека со задоцнување стигнале на работните места, дел дека немале никаков проблем, но морале да бидат внимателни. „Отежнато. Отежнато, лизгаво, лизгаво. Стигате секаде на време? –А сега, со мало закаснување стигаме.“ „Јас сум пензионер, не брзам за нигде, но ќерка ми вели дека се е океј.“ „Јас секаде одам пешки и секаде стигнувам, така што немам проблем.“ „Ооо, ја не сум од Скопје, ти кажав, што Плетвар го врвам, ама од кога влеговме во Скопје додека стасав таму до одреденото место саат време помина.“ Движењето е исто отежнато, гужва е низ градот. Се стигнува секаде на време? –Па, не. „Бидејќи тука живеам во маалото, некако не осетив гужва, ама гледам дека се суви улиците, така да вероватно е океј.“ Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски соопшти дека градските служби навремено реагирале од рано утрината и дека биле исчистени сите клучни булевари и улици под негова надлежност. Тој попладнево на социјалните мрежи објави и видео снимка на која се гледа Скопје по чистењето и информираше дека за тоа биле употребени 300 тони сол за непречено одвивање на сообраќајот. Од итната медицинска помош реагирале на четири повици за пациенти кои се здобиле со различни повреди по пад поради лизгави тротоари и улици. Од таму за Канал 5, потврдија дека во сите случаи се работело за повозрасни граѓани. „Добивме четири повици за интервенција од наша страна од кои се со скршеници – една со скршен колк, друг со повреда на глава, трет со рамо и исто така со колк. Нашите екипи ги носат по болници.“ Снегот во Скопје донесе и невообичаена глетка во скопски Аеродром. Маж ползеше на пешачки премин на булеварот Јане Сандански, но останува непознато дали со тоа сакал да испрати некаква порака или причината е нешто друго. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter