МакедонијаСкопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотресЈулско утро...пет часот и 17 минути по полноќ 1963 година...На денот, кога цел еден град стана урнатина...Сега по 62 години, еден од сè помалиот број на скопјани кои можат да го раскажат своето сведошто за земјотресот, по кој Скопје не остана исто, е пензионираниот новинар Мојсо Мојсовски кој вели дека на неговите детски 15 години, во моментите кога земјата се тресела, се сетил дека засолниште може да најде под креветот, помеѓу теглите од домашниот џем што го правела мајка му. -Едвај се пикнав под кревет, бидејќи мајка ми имаше тегли со мармалад, од кајсии и некои други, немаше кај да се спакувам. Како сум се спакувал под кревет, не знам, и поседов таму малку, но не, не престануваше. Минута, не знам сега точно, 50 секунди. Сме имале среќа. Куќата беше така направена, лепени, соба на соба, како воз, и искачаме на главниот влез, не можевме да излеземе, бидејќи веројатно клапнала вратата. И гледаме дека на бетонот, тука, на цементото, се спружени каблите од струја, ако излезевме од тука, ќе отидевме, не од земјотресот, туку од стуен удар,--Мојсо Мојсовски. Семејството Мојсовски успеало да го преживее земјотресот, а најтешко им било следните денови, кога во паркот кај старата зграда на Нова Македонија, седејќи под импровизирано засолниште на отворено, ги слушале имињата на загинатите на радиоприемникот. -Цела ноќ поминуваа возила на брза помош и камиони со телата на загинатите. Со повредени, над 3000 повредени, се сеќавам бројката на загинати беше илјада и шеесет и нешто. И ги читаат луѓето. А што беше градов, ние, многу имиња и презимиња ни беа познати, тоа ни останаа во трајно сеќавање. Тоа траеше долго, немаше ни спиење, ни ништо,--Мојсо Мојсовски. И годинава, во знак на почит и сеќавање на жртвите, делегации од Собранието и од Градот Скопје положија цвеќе пред Споменикот на загинатите во Бутел. Во музејот на Град Скопје ќе биде отворена и изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”, а поставката ќе биде од траен карактер. Пред 62 години Скопје беше речиси срамнето со земја од еден од најразорните земјотреси, а со јачина од 6,1 степени според Рихтер, потресот од 20 секунди беше доволен да уништи околу 80 проценти од градот, да остави над 200.000 луѓе без покрив над глава и да однесе повеќе од 1000 човечки животи...Архивираните страници на тогашните југословенски весници испишани со зборовите „Како по бомбардирање“, “Катастрофа го погоди Скопје“ и „Во тек е најголемиот попис на смртта“, се само нем сведок за тогашниот разурнат дух на сегашната македонска метропола. Сепак, земјотресот не е само сеќавање на болка, тага и разурнување, туку и на обновување – доказ дека од трагедија може да произлезе надеж, а од рушевини – нов почеток, бидејќи од тогаш Скопје со помошта од сите краишта на светот, пак застана на нозе и се стори Град на солидарноста.Тагови: Град Скопје земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook