Скопје најголемо жариште на Ковид-19, есенскиот бран ќе биде сериозен предизвик

Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа вкупно 163 новозаразени со Ковид-19, 40 оздравени, и тројца починати. 

Со ова, бројката на вкупно активни случаи во земјава се искачи на 3.284. Највисоките бројки се уште се бележат во Скопје, а најмногу во Чаир.

Како што соопшти вчера Министерството за здравство, од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје-70 лица, во Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

Од 40-мината оздравени, шест се од Скопје, еден од Куманово, од Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1 и Ресен – едно лице.

Во ГОБ „8 Септември" починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни, информираше вчера Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758. Бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир со вкупно 421 активни случаи. Потоа следуваат општините Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125.

Сепак, во овој момент, како што оцени министерот за здравство Венко Филипче, нема индикација за воведување дополнителни рестрикции во движењето. Изминатите неколку дена факторот на пренос на КОВИД-19 е под единица и ако така остане, очекувањата се дека бројот на заболени ќе се намали.

Според Филипче, и покрај вториот бран кој е со поголем интензитет од првиот, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Располага со доволно болнички кревети и со доволно кадар – лекари и медицински сестри.

-Еден од главните критериуми врз на кои се проценува дали и какви мерки треба да се воведат е капацитетот на здравствениот систем – број на слободни болнички кревети и кадар, што ние засега добро го менаџираме. Има сосема доволно и кревети и лекари и медицински сестри. Не постои друг принцип врз основа на кој би се вовеле некакви мерки, освен овие на кои се темелат и нашите политики и препораки, подвлече Филипче.

Она за што министерот најмногу предупреди е фактот дека доаѓаат есенските месеци кога луѓето повеќе ќе бидат во затворено и ќе почнат да работат школите. Ова се според него сериозни ризик фактори и може да биде сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран.

Тврди дека здравствениот систем сега е многу поспремен од почетокот на кризата, но оти не е целта да се зафатат сите кревети, туку да се спречи вирусот. Повторно апелира да се почитуваат мерките бидејќи, како што наведе, само така и заеднички можеме да се справиме со пандемијата.

Филипче вчера имал средба со претставници на Исламската верска заедница, а планира да се сретне и со претставници на МПЦ, како и со претставници на невладини организации. Врз основа на тоа ќе иницира заеднички состанок со Владата.

Целта е активно вклучување во кревање на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита.

– Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот, истакна Филипче./МИА

Османи се расправеше со новинарите: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер

Доколку Европскиот фронт победи во албанскиот блок на парламенатрбите избори на 8-мај од ДУИ сметаат дека по автоматизам им следува да бидат дел од идната влада. 

Според Османи не може да има Влада без двојно мнозинство - парламентарното од 61 пратеник плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор. Соочен со аргументите дека таканареченото двојно мнозство го нема во Законот за Влада или во Уставот и дека Влада се гласа со просто мнозинство, Османи влезе во кавга со новинарите чии прашања ги окарктеризира како навредливи за Албанците.

-Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство. – Бујар Османи, колциција „Европски фронт“

Новинар: Но мандатот го добива една партија, а Влада се гласа со бадентер, туку со 61 пратеник.

Не знам како да ви обајснам. Да земам табла да ви нацртам.

Новинар: па цртавте еднаш, ама знаете како заврши тоа.

Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема бадентер, а без бадетер нема функционална Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека ислучуваат секаква можна соработка со ДУИ и Али Ахмети во било која форма или варијанта. Потпретседателот на партијата Александар Николоски утрово порача дека брзо по 8 мај граѓаните ќе се уверат дека зборот ќе биде одржан.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот„.– Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од Коалицијата ВРЕДИ изјавата на Османи ја оценуваат како желба за Власт по секоја цена и порачаа дека ќе преговараат за влез во идната Влада..

Дали ќе подржат еден од двајцата претседателски каднидидати од Вреди велат ќе одлучуват деновиве, но ги повикаа галасачите да излезат и да го остварат правото на глас на двојните избори.. Дали нивните членови и симпатизери вооошто да гласат и дали да поддржат некој од канидатите, став допрва ќе градат и во ДУИ.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

притисни ентер