Скопје и натаму се гуши во смет, граѓаните се револтиорани и бараат итна реакција од надлежните - Канал 5

Скопје и натаму се гуши во смет, граѓаните се револтиорани и бараат итна реакција од надлежните

Сликата во Скопје утринава попристојна, но се уште далеку од она што го очекуваат граѓаните.

Скопје и натаму се гуши во смет, граѓаните се револтиорани и бараат итна реакција од надлежните

За разлика од изминатите денови граѓаните денеска барем можат да се доближат некои до контејнерите – иако не секаде. Се уште има такви кои се преополни, а и просторот околу нив – она што се разлеало од сметот и се залепило на улиците и денеска го газат граѓаните.

На овој простор тука најмногу се движат учениците, кои го газат овој извор на зараза, па потоа го носат во училниците, го носат на местата каде што јадат на големите одмори, па и во своите домови, зголемувајќи го ризикот по своето здравје.

Самоиницијативната мобилизација на дел од скопските градоначалници со помошта од другите градови за собирање на сметот, кој се претвори и во политичка тема број еден меѓу двата изборни круга, делумно вроди со плод. А, по низата критики изминативе неколку дена и КХС се пофали дека вчера собрале 350 тони смет од скопските улици, односно на булеварите Гоце Делчев, Партизанска, Теодосиј Гологанов и на уште неколку улици и локации во главниот град – Воедно прашаа и каде точно собирале градоначалниците вчера и каде го одложувале отпадот...

Дел од граѓаните од вчерашните активности не почуствувале ништо, покрај контејнерите гледаат школки за тоалет, распарталени ќеси од кои јадат уличните кучиња и ја чуствуваат смрдеа која им е под самите прозорци од домовите..

-Да не се правиме како викаат на „Васка Илиева“, не сме од вчера гледаме што се прави, безразлика кој е крив, дали едните или другите, ќе не испотрујат./ Ќутете, ќутете, ова ужас е, не се дискутира, не знам јас народ ли сме, малку култура да имаме, малку за себе, за своите деца, за своите внуци, што е ова? Ова е ужас. Апсолутно многу лошо, ова не било никогаш./ Еве гледате исто е, кај нас е исто, тука имавме контејнери и сега ги нема.

По неколкуте повици изминатиот период за прогласување на вонредна состојба, од Влада конкретно не одговорија дали се размислува за оваа варијанта или за преземање на градските ингеренции. Од таму за Канал 5 повторија дека со заклучок се задолжени надлежните институции за испитување на работата на Градот и КХС. Воедно за непостапувањето околу состојбата која велат е загрижувачка, за надлежните институции ќе има директна одговорност. Полисицкси инспектори пред 3 дена влегоа во Комунална Хиегиена и Град Скопје, но епилог се уште нема.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

Епидемијата на ебола во ДР Конго одзеде повеќе од 6.000 животи, покажуваат најновите владини бројки, додека смртоносната болест продолжува да расте и покрај напорите за ограничување на нејзиното ширење, објави денеска Ројтерс.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

17-тата епидемија на ебола во ДР Конго, најлошата во историјата на земјата, беше прогласена на 15 мај и е предизвикана од сојот на ебола Бунгибугјо, за кој не постои одобрена вакцина или третман.

Податоците објавени од конгоанската влада во саботата покажаа дека бројот на смртни случаи од болеста се искачил на 6.025, а потврдените случаи достигнаа 12.254 во осум провинции.

Тековната епидемија во Конго беше надмината само од епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, која инфицираше повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 низ Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Официјалните бројки покажуваат дека еболата сега се шири и убива двојно побрзо. Здравствените експерти ги наведуваат хроничниот недостаток на средства, недовербата во здравствените институции и растечката несигурност како главни пречки за ограничување на епидемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. 

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант.

Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала.

Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката.

Знаци на борба во собата

Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв.

Истрагата е во тек

Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на концертот на Хари Стајлс- жена падна од трибините додека се обидува да се слика (ВИДЕО)

Жена на возраст од 30- тина години беше итно префрлена во болница откако падна од балконот на вториот кат на стадионот „Марвел“ во Мелбурн во саботата навечер, кратко по концертот на британската поп-ѕвезда Хари Стајлс.

Драма на концертот на Хари Стајлс- жена падна од трибините додека се обидува да се слика (ВИДЕО)

Инцидентот се случил откако пејачот ја завршил својата австралиска турнеја „Заедно, заедно“ и ја напуштил сцената, додека поголемиот дел од публиката веќе го напуштал местото на одржување. Според портпаролот на стадионот, жената се качила на ограда на трибината на вториот кат за да се фотографира, но ја изгубила рамнотежата, се лизнала и паднала неколку метри на празните седишта на долниот кат, објави Дејли Меил.

Обезбедувањето веднаш реагирало и го обезбедило местото, а екипи на брза помош и полиција пристигнале на местото на настанот за помалку од десет минути. Повредената жена била однесена во болницата „Алфред“ со повреди на горниот и долниот дел од телото, каде што е згрижена. Управата на стадионот вели дека нејзината состојба е стабилна, дека се очекува целосно закрепнување и дека треба да биде пуштена на домашно лекување во наредните денови.

„Таа падна токму пред мене и мојот партнер додека си одевме. Силно удри со колкот и грбот во столчињата подолу. За среќа, мојот партнер е болничар, па веднаш прегази. Беше свесна, но се грижевме за можни повреди на вратот и ‘рбетот“, рече еден посетител на социјалните мрежи.

Очевидци истакнуваат дека девојките седеле на самата ограда и изгледале нестабилни пред падот.

„Се обидела да ја фати оградата додека паѓала, но не можела. За среќа, никој не седел на столчето на кое паднала. Не врескала ниту плачела, па затоа знаевме дека е сериозно“, изјави еден од присутните обожаватели за локалните медиуми.

Ова е втор несреќен инцидент на настапите на Стајлс во Мелбурн во истиот викенд. Ноќта пред тоа, во петокот, 32-годишниот пејач мораше двапати да го прекине својот концерт на средина од песната за да повика лекари да им помогнат на обожавателите кои биле болни од екстремната топлина, влажност и дехидрација, бидејќи покривот на стадионот бил затворен поради лошото време. И покрај инцидентите, австралискиот дел од турнејата продолжува според планот - Хари Стајлс ќе настапи во Мелбурн на 2 и 4 декември, по што ќе следат два концерта во Сиднеј на 12 и 13 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер