Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураСкопје и Будва во финалниот избор за Европска престолнина на културата во 2028 годинаСкопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат Европска престолнина на културата во 2028 година. Ова е објавено на веб-страницата на Европската комисија во делот за култура и креативност.Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје. Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ. -Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за 2028 година во земји на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат. Панел составен од 10 независни експерти го предложи потесниот избор на еднодневниот онлајн состанок, се наведува во соопштението. Влегувањето во потесниот избор за титулата ЕПК 2028 може да резултира со значителни културни, економски и социјални придобивки за градовите, под услов нивната понуда да е предводена од долгорочна развојна стратегија за културата. Градовите имаат рок до јуни 2023 година да ги комплетираат своите апликации. Панелот ќе се состане во септември 2023 година за да селектира и предложи еден град кој ќе стане трета европска престолнина на културата од земја на ЕФТА/ЕЕА по ЕПК Нови Сад (Србија) во 2022 година и ЕПК Бодо (Норвешка) во 2024 година. Во истата година, ќе има уште две европски престолнини на културата, една во Република Чешка (Бромув и Будвајс се најдоа во потесниот избор во октомври 2022 година) и една во Република Франција (селекцијата за француските градови ќе се одржи на почетокот на март 2023 година). За градовите да станат европска престолнина на културата, постапката за избор се спроведува во два круга: предизборен круг, по што се составува потесен список на градови кандидати и девет месеци подоцна – финален изборен круг. За натпреварот меѓу градовите во земја на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат кој учествува во програмата на Креативна Европа, панел составен од 10 независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ги евалуираат апликациите и предложуваат потесен список, а во вториот круг избраниот град го предложуваат до Европската комисија. Избраниот град потоа официјално е назначен од Европската комисија. Градовите кои ќе поднесат апликација треба да подготват културна програма со силна европска димензија, а мора да имаат трајно влијание и придонес за долгорочен развој на градот. Градовите исто така мора да покажат дека имаат поддршка од релевантните јавни локални власти и капацитет за реализација на проектот (тим и инфраструктура). Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите. Во периодот од 1985 до 2021 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европска Унија. Програмата има за цел да го нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики кои европските граѓани ги споделуваат, исто така има за цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел. Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив. За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
БалканПоранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на ВучиќПоранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна. Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“. Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење. „Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере. Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство. Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере. Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта. Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија. Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања. „Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кошНов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари. За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад. Luka took coaching into his own hands 😳 https://t.co/33NnrKRiXl — NBA on ESPN (@ESPNNBA) November 15, 2026 Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55