СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА СТАРТ- Во недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км! - Канал 5

СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА СТАРТ- Во недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км!

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна со сертификат од Светска Атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. 

СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА СТАРТ- Во недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км!

Стартот и целта ќе бидат исти како и минатите години, на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија, главен партнер е Халкбанк АД Скопје, додека покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.

Трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката.

Пријавените тркачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19 часот, во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето. При подигнување на стартниот број, тркачите треба да прикажат документ за идентификација или потврда на нивната електронска адреса од организаторот за пријава на самата трка.

На самиот ден на трката, недела, низ улиците на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Улици и булевари кои ќе бидат затворени од 08:00 часот до 11:00 часот на 7 мај:

Затворени улици

- булевар „Илинден“ ( во двете насоки) од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсница со улица „Никола Парапунов“

- улица „Никола Парапунов“ од раскрсница со булевар „Илинден“ до раскрсница со булевар „Партизански одреди“

- булевар „Партизански одреди“ (во правец кон Ѓорче Петров) од раскрсница со улица „Љубљанска“ до раскрсница со Ангел Динев (мост Влајко)

Временски затворени улици

- булевар „8 Септември“ од раскрсница со булевар „Партизански одреди“ до улица „Скупи“ (кај Хубо маркет)

- улица „Бледски договор“

Сите улици кои се вкрстуваат со булевар „Илинден“ ќе бидат затворени за влез кон булевар „Илинден“.

Организаторите на трката на сите учесници им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 7. издание на ХалкЕко Скопје трча 10км. Истовремено ги повикуваат Скопјани да излезат на булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“ да ги поддржат сите натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено.

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи.

Честит 11 Октомври!

Да е вечна Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер