ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
1ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
Други спортовиСкопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо. „Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија. Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција. И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци. Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, преку својот профил на Инстаграм и преку официјално соопштение ја информираше јавноста за деталите од вонредниот состанок што го свика во Мароко со највисокото раководство на ФИФА. Имено, Инфантино тврди дека добил поддршка од челниците на ФИФА во својство на претседател и дека се преземени чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со организацијата. Инфантино упати и предупредување – иако не именуваше никого конкретно – нагласувајќи дека ФИФА нема да толерира напади врз својот интегритет и дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на својот углед. – Денес, присутните членови на Управниот одбор на ФИФА ги презедоа неопходните чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со ФИФА, како и за да се осигури дека ФИФА, нејзината мисија и одговорноста кон светскиот фудбал ќе продолжат целосно да се остваруваат, давајќи ми поддршка мене како претседател на ФИФА, но и на администрацијата предводена од генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром. - Цврсто веруваме дека заклучоците од денешниот состанок дополнително ќе го зајакнат управувањето со ФИФА, ќе помогнат да се врати довербата во организацијата и ќе ни овозможат обединето и транспарентно да се подготвиме за големите настани и предизвици што претстојат, додека ја продолжуваме нашата мисија за развој на фудбалот низ целиот свет. - Исто така, се согласивме дека ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација. - Во исто време, ФИФА тесно ќе соработува со сите релевантни чинители за да разгледа како може дополнително да го поддржи развојот на фудбалот преку програмата „FIFA Forward“, за доброто на сите 211 членки на ФИФА, конфедерации и регионални фудбалски асоцијации – изјави Џани Инфантино. Инаку, Џани Инфантино се најде на удар на критики од голем број конфедерации – УЕФА, АФЦ, КОНКАКАФ, како и од многу национални асоцијации, кој му ја ускратија довербата. Инфантино почна да ја губи поддршката по преседанот кога ФИФА, за време на Светското првенство, го „избриша“ црвениот картон на Фоларин Балогун за осминафиналето, по барањето на Доналд Трамп. Потоа, тој дојде до идеја да ги продаде правата за Светското првенство на приватен инвеститор, со што ја загуби поддршката од многу конфедерации, како и од бројни национални сојузи. Во последните недели, УЕФА е еден од главните критичари на Инфантино, а претседателот Александар Чеферин дури и не се појави на финалето на Светското првенство.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапијаЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите. ЛДП бара: - Итно обезбедување на целата неопходна терапија; - Целосна јавна информација за причините за недостигот; - Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст; - План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори. Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труеМинистерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени. Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа. Власта си игра со животите на луѓето. Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово. Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24. Мицкоски труе народ. Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter