Скопје домаќин на меѓународен машки тениски турнир со награден фонд од 25.000 долари! - Канал 5

Скопје домаќин на меѓународен машки тениски турнир со награден фонд од 25.000 долари!

Скопје ќе биде домаќин на машки тениски турнир!

Скопје домаќин на меѓународен машки тениски турнир со награден фонд од 25.000 долари!

Летото во Скопје започнува во знакот на професионалниот тенис! Од 6 јуни до 12 јуни, на терените на тенискиот клуб „Југ“ ќе се одржи Skopje Open 2022 – професионален M25 тениски турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари кој е од календарот на Интернационалната Тениска Федерација (ITF).

Квалификациите за турнирот ќе започнат на 5 јуни и во нив учество ќе земат 64 професионални тенисери од различни земји, главниот турнир започнува на 7 Јуни во кој ќе учествуваат 32 натпреварувачи.

На ITF М25 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот. Домашната гордост ќе ја бранат добро познати тениски имиња, како Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски, Обрад Марковски.

M25 турнирот ќе биде најава за „тениското лето“ кое му претстои на главниот град, каде во периодот јуни-јули ќе се одиграат три интернационални турнири. Веднаш по крајот на овој турнир, на 13 јуни започнува и машкиот M15 турнир со награден фонд од 15.000 долари, кој ќе трае до 19 јуни.

За месец јули е закажан и женскиот турнир „Billie Jean King Cup“ за регион Европа и Африка, Група 3. На него ќе учествува и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, која најави дека е оптимист пред почетокот на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?

По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. 

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?

Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано.

Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.

Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство.

-Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството.

Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување.

Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите.

Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа.

Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ ​​и иницијативите за млади.

Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+).

До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“.

Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“..

Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото..

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер