Скопје домаќин на ЕП дивизија Б за кошаркари до 18 години - Канал 5

Скопје домаќин на ЕП дивизија Б за кошаркари до 18 години

Се е подготвено за почетокот на натпреварите во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години, кое од петок до 7 август ќе се одржува во Скопје.

Скопје домаќин на ЕП дивизија Б за кошаркари до 18 години
На денешната средба со новинарите генералниот секретар на Македонската кошаркарска фдедерација (МКФ) Моника Гавриловска информираше дека сите детали околу успешната организација на првенството се договорени и дека може да започне веднаш.

На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации, кои ќе се борат за првите три места, кои, пак, носат пласман во поквалитетната А дивизија.

Македонските млади кошаркари ќе играат во А групата, а за противници ќе ги имаат репрезентациите на Бугарија (29 јули), Ирска (30 јули), Унгарија (31 јули), Полска (1 август) и Кипар (3 август).

Црвено-жолтите натпреварите ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“, а натпревари ќе се играат и во спортските центри „Кале“ и „Јане Сандански“.

Во другите три групи се:

Б група: Романија, Белгија, Белорусија, Португалија, Црна Гора и Австрија.

Ц група: Естонија, Чешка, Исланд, Луксембург, Данска и Холандија.

Д група: Албанија, Англија, Словачка, Шкотска, Украина и Грузија.

Македонскиот селектор Американецот, Клифорд Елис се уште е со дилема, кои дванаесет кошаркарки ќе ги бранат боите на Македнија.

Елис одлуката ќе ја донесе по двата последни контролни натпревари, денеска со Португалија од 18 часот во малата сала на СЦ Јане Сандански и утре во салата Градски парк од 17:30 часот кога ќе се одигра мечот против Португалија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер