Скопје дел од „Стартувај го филмот" за зелена Европа - Канал 5

Скопје дел од „Стартувај го филмот" за зелена Европа

Новиот EU Youth Cinema: Green Deal претставува европски филмови на теми како што се одржливост, заштита на климата и општествена одговорност, а првите ќе бидат прикажани на Деновите на Европа од денеска до 9-ти мај 2022 година.

Скопје дел од „Стартувај го филмот" за зелена Европа

Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијални закани за Европската унија и светот. Со извонредни филмови, експертски разговори и софистициран дидактички концепт, организаторите на проектот „EU Youth Cinema: Green Deal" сакаат младите ентузијасти да ги постигнат целите на Зелениот договор на ЕУ. Проектот започнува на Деновите на Европа, на 5 и 9 мај, во Австрија, Хрватска, Македонија, Романија и Словенија и во кината и на платформата за стриминг.

Мила Јовановска, претседателка на здружението Гоу Грин Скопје, кое дејствува како координатор за државава, вели дека „едукацијата на младите за климатските промени и заштитата на животната средина е многу важна бидејќи тие се идните генерации кои ќе ја наследат планетата Земја.

-Кога човек е запознаен со нешто подобро го разбира и може само да го унапреди, така и со младите – сакаме тие да ја унапредат животната средина и да ги ублажат последиците од климатските промени преку нивните секојдневни активности, но и понатаму како професионалци во разни области. Гоу Грин Скопје веќе 12 години работи токму на едукација кај младите и многу ни е драго што преку овој проект имаме можност тоа да го правиме и преку филмови, промовирајќи ја и уметничката култура, вели Јовановска.

Проектот е инициран и координиран во неколку земји од LET'S CEE. Филмскиот фестивал е кофинансиран од Европската Унија и поддржан од голем број партнери, вклучително и Cineplexx International групацијата и неколку европски невладини организации.

-Синеплекс секогаш давал безрезервна подршка на фестивалите, а посебно на филмските проекти кои имаат едукативен карактер за помладата публика. Сите овие проекти придонесуваат за подигање на свесноста кај младите и нема подобар начин тоа да се направи од приказна на големото платно, велат од Синеплекс.

Започнувајќи во Европската година на младите 2022 година и со предвидено вкупно времетраење од 24 месеци, „EU Youth Cinema: Green Deal" нуди континуирана програма со силен мултикултурен пристап и јасен фокус на информирање и едукација за зелената агенда. Проектот посветува внимание на еколошките предизвици и ја промовира свеста за поодржлив начин на живот. Селекцијата на зелени филмови се состои од 25 европски филмови кои ќе бидат претставени во кината Cineplexx во 20 европски градови во Австрија, Хрватска, Македонија, Романија и Словенија, како и на платформа за стриминг. Едукативната програма е надополнета со работилници, предавања, дискусии и дидактички материјали.

Проекциите ќе се одвиваат помеѓу Деновите на Европа на 5 и 9 мај.

„Стартувај го филмот!" ќе се гледа денеска во Букурешт, Хохенемс, Марибор, Салцбург, Скопје, Сплит и Виена. Во овие кина ќе се прикажува македонскиот документарен филм HONEYLAND, номиниран за два Оскари. Почнувајќи од истиот ден, MORE THAN HONEY (Швајцарија / Германија/ Австрија) ќе биде достапен онлајн. Учениците не треба да бидат единствените кои ќе имаат корист од понудата за стриминг. Во прилог на голем број мултимедијални содржини, украинскиот анимиран филм PRYCHYNNA. THE STORY OF LOVE ќе биде понуденабесплатно на секој што е заинтересиран ширум светот. Оваа уметничка филмска балада, како што се посочува од режисерот Андриј Шчербак, е „симболична слика на Украина која се бори за живот, независност и слобода". Со поддршката на претставништвото на Европската комисија во Австрија, филмот ќе биде слободно достапен помеѓу 9 и 31 мај 2022 преку www.euyc.green.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство

Во пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство.

Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство

Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза.

Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година.

Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид.

Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство.

Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство.

Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените.

Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти.

Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година..

Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер