СКОПЈЕ 2028: Скопје добива легални ѕидови

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично, и тоа на потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по Реплек, и ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев под поранешна Стоковна куќа МОСТ, денес Универзитет на Југоисточна Европа. Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод тимот на СКОПЈЕ 2028 - Кандидат за Европска престолнина на културата, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје организира и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност" на која учество ќе земат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу. Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендот на 24 и 25 јули. Акцијата е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар.

Тимот на СКОПЈЕ 2028 на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот покрена инцијативата за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall" во Скопје. Градот Скопје ја прифати иницијативата. Со тоа градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата на уште една начин покажува дека ја подржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува разновиден културен израз на различни локации во градот.

Тргнувајќи од тоа дека уличната уметност, пред сѐ, пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот вклучувајќи и кај нас е нелегална, многу градови именуваат и креираат легални ѕидови со што им овозможуваат слободен и безбеден простор за креација и уметничко изразување на уличните уметници.

Легален ѕид / Legal Wall е дефиниран ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, кој е одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за слободно користење за уметничка креација. Како слободен простор за креација легалниот ѕид овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да може да создава уметност без временско одредено или законско ограничување. Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање.

ЕСМ прави анализи за набавката централа за производство на струја на дизел

Андонов напомена дека веднаш по изработка на сите потребни податоци, јавноста на најтранспарентен начин ќе биде информирана за деталите. 

Иницијативата за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија е во насока да се зголеми домашното производство на струја, изјави денеска советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, одговарајќи на новинарско прашање.

Оваа одлука за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија беше донесена на една од последните седници на Владата. Андонов напомена дека во изминатиов период пристигнуваат најразлични понуди во насока на зголемување на производството на електрична енергија, пред се на домашната.

– Имајќи предвид дека сме силно зависни од увоз на електрична енергија и токму оваа иницијатива е во насока да се зголеми домашното производство преку инсталирање на такви постројки, кои можат да се инсталираат многу брзо и да го зголемат домашното производство, додаде Андонов.

Во однос на конкретниот заклучок, како што потенцираше Андонов, ЕСМ е задолжена да ги направи сите потребни економски и технички анализи и да презентира пред Владата кои се опциите за набавката на конкретната електрана која би работела на дизел.

Андонов напомена дека веднаш по изработка на сите потребни податоци, јавноста на најтранспарентен начин ќе биде информирана за деталите.

Над 130 домаќинства во Лисиче добија еколошки уреди за греење и енергетско-ефикасни фасади

Во дворот на основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче денеска се одржа завршниот настан од проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“, кој во изминатиот период низ неколку фази се реализираше во Општина Аеродром.

Проектот е финансиран од Шведската амбасада со поддршка на УНДП, а опфати енергетска обнова на 130 домаќинства во населба Лисиче, при што беа спроведени сет мерки за енергетска ефикасност, вклучително и замена на старите и неефикасни уреди за греење, чија крајна цел е справување со загадувањето на воздухот.

„Шведска го поддржа УНДП во овој проект кој им помогна на речиси 130 домаќинства да ги направат своите домови помали загадувачи, со почист воздух во затворените простории. Тоа, исто така, го поевтини нивното загревање во текот на зимските месеци, што јасно покажува дека може да се изнајдат решенија што ќе ги опфатат сите“, изјави шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин на денешниот настан.

Градоначалникот Тимчо Муцунски го потенцираше значењето на овој проект кој е од огромна помош за жителите што се најпогодени од проблемот со загадувањето.

„Како Општина сме посветени на изнаоѓање трајни решенија при справувањето со загадениот воздух, но секогаш треба да целиме кон повеќе. Од клучно значење за квалитетот на животот во Аеродром е да креираме модели со кои ќе придонесеме за намалување на загаденоста, а некои веќе даваат и конкретни резултати.“

Имплементацијата и спроведувањето на овој проект почна со поставување станици за мерење на загадувањето на воздухот на повеќе локации.

Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите фактори во општеството кои на свој начин придонесуваат за подобрување на животната средина и создавање здрава и чиста околина. Oпштината досега реализираше конкретни чекори како што се субвенциите за електрични тротинети и велосипеди, енергетски ефикасни фасади на домовите и училиштата, фотоволтаици на сите училишта и градинки, редовното чистење на депониите, бришењето на маркиците за градба и изградбата на неколку нови паркови се само дел од овие чекори во процесот за подобрување на животната средина. Проектот „Чист Аеродром“ или „Clean AirDrom“ – Нула цврст отпад, финансиран од Европската Унија е само уште една потврда за нашите заложби поврзани со здравата и чиста животна средина.

Општина Аеродром

Подготовка на новиот Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за почеток на подготовка на новиот Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025. 

Министерство за информатичко општество и администрација како национална контакт точка и ресурсен центар за управување со квалитет, е институција која ги координира процесите и активностите во оваа област на национално ниво.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), со воспоставување одржлив процес на управување со квалитет во јавниот сектор, земјава се приклучува кон европските трендови за воспоставување на квалитет во работата на јавната администрација и модернизација на јавните услуги.

-Воведувањето и постигнувањето норми на извонредност ќе обезбеди поуспешно спроведување на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција, за што е потребен добро развиен капацитет, модерно и ефикасно управување и навремено остварување на поставените цели, стои во соопштението.

МИОА со IN-COUNTRY SUPPORT механизмот на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), во вториот квартал на 2022 година почна со подготовка на новиот Национален план за управување со квалитет 2023-2025 година, кој е предвидено да биде и дел од новата Стратегија за реформа на јавна администрација 2023-2030.

– Експертите ангажирани за изработка на овој документ, заедно со тимот за управување со квалитет на Министерството, организираа неколку консултативни средби на кои се договараше опфатот и структурата на Националниот план, а работната група составена од претставници на релевантни засегнати страни организираше и работен состанок на кој се излистаа потребите на институциите поврзани со управување со квалитет. Новиот Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025 според планираното ќе биде готов во ноември 2022 и ќе биде доставен до Владата на усвојување, се вели во соопштението.

Успешната реализација на активностите од Национален план за управување со квалитет 2018-2020 кој беше дел од Стратегијата за реформа на јавна администрација 2018-2022, како што се наведува, покажа дека постоењето на еден ваков документ е од голема важност за постигнување на поставените цели за ефикасно работење на институциите и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

притисни ентер