Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
1Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
3Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
КултураСкопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуаториФондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028.Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку кои истовремено се воспоставува и професионален и независен механизам за подготовка и оценување на програмата. Повиците претставуваат можност креативните идеи, знаење и професионално искуство да станат дел од официјалната програма на Скопје 2028 и да добијат европска видливост. Целта е да се поттикнат нови уметнички проекти, меѓународни партнерства и активно учество на локалната културна сцена, со силен придонес кон создавање содржини кои ќе остават трајно културно наследство за градот. Преку отворен, инклузивен и транспарентен процес, Скопје 2028 ја гради програмата заедно со културната и креативната заедница и граѓаните, во духот на мотото „Culture Over Division“. Првиот повик е наменет за уметници, културни организации, јавни институции, универзитети, граѓански организации, креативни професионалци, културни оператори, претставници на креативните индустрии, локални заедници од Македонија, земјите членки на ЕУ и други земји подобни за учество во програмата, кои имаат проектна идеја што може да стане дел од официјалната програма на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 Проектите се поделени во три категории според нивниот обем и финансиска вредност. За мали проекти предвидена е поддршка од 3.000 до 9.999 евра, за средни проекти од 10.000 до 24.999 евра, додека за големи проекти финансиската поддршка изнесува од 25.000 до 150.000 евра. Од проектите се очекува да придонесуваат кон програмските цели на Скопје 2028, да имаат јасна европска димензија, да поттикнуваат соработка и вклученост на граѓаните и да придонесуваат кон развојот на културниот живот и долгорочното наследство на градот. Официјалниот повик ги опфаќа петте програмски линии на Скопје 2028: Art4Hope, Togetherness, rECOvering, CreARTing и Heritage. Вториот јавен повик е за домашни и меѓународни независни експерти кои ќе бидат вклучени во Регистарот на експерти за советодавна и програмска поддршка на програмата „Скопје 2028“. Експертите ќе можат да бидат ангажирани согласно нивната област на професионална експертиза и потребите на Фондацијата во различни фази од развојот и реализацијата на програмата. Повикот опфаќа експерти од области како уметничко програмирање и курирање, современа уметност, европска културна соработка, развој на публика, културно наследство, културен туризам, креативни индустрии, инклузија, работа со млади, одржливост, мониторинг и мерење на влијанието. Кандидатите треба да имаат најмалку пет години релевантно професионално искуство, а искуството со Европски престолнини на културата, Creative Europe и други меѓународни културни програми ќе се смета за предност. Третиот јавен повик е за независни домашни и меѓународни експерти – евалуатори, кои ќе бидат дел од Регистарот на независни експерти – евалуатори на Скопје 2028. Нивната задача ќе биде независно, објективно и професионално да ги оценуваат проектните предлози доставени во рамки на јавните повици за програмата. За евалуаторите се бараат најмалку пет години релевантно професионално искуство, одлично познавање на англискиот јазик, способност за работа со дигитални алатки и онлајн платформи за евалуација, како и професионална независност и отсуство на конфликт на интереси. Предност ќе имаат експерти со искуство во програмите на Европската Унија, Creative Europe, Европските престолнини на културата, меѓународната културна соработка, грант-шеми и независна евалуација на проекти. „Со отворањето на овие три јавни повици започнува една од најважните фази во подготовката на Скопје 2028. Сакам да ги повикам сите уметници, културни работници, организации и институции да ги достават своите идеи и проекти, а домашните и меѓународните експерти да го понудат своето знаење и искуство. Нашата цел е да создадеме квалитетна и современа програма во која ќе има простор за различни идеи, уметнички изрази и партнерства, но и јасни професионални критериуми во процесот на селекција. Затоа, паралелно со повикот за проекти, отвораме и повици за експерти и независни евалуатори. Верувам дека токму преку отворен процес и вклучување на што поголем број луѓе можеме да создадеме програма достојна за Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година и за европското значење на оваа титула“, изјави Марјан Цветковски, директор на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Скопје 2028 ја гради својата програма во духот на мотото „Culture Over Division“, со фокус на културата како простор за соработка, поврзување и создавање нови партнерства меѓу луѓето, заедниците и европската културна сцена. Деталните услови за учество, критериумите, роковите и начинот на аплицирање за сите три повици се објавени на официјалната веб-страница на Фондацијата: www.skopje2028.mk Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против КомоКога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството. Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик. Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед. „Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер. Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи. – Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба. Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди. – Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер. Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!70.358 денари за основни трошоци, над 85.000 денари за семејствата под кирија! А Владата без срам ни продава приказни за раст на платите и подобар животен стандард!Кого лажете?! Родителите кратат од сопствените потреби за да ги прехранат децата, работниците живеат од плата до плата, а младите сè почесто ја бараат својата иднина надвор од Македонија! Дури 10.200 денари разлика меѓу владината и синдикалната кошничка! За вас игра со бројки, за граѓаните храна на масата и неплатени сметки! Ги одбивате конкретните предлози на ЛДП, а со ребалансот повторно нудите празни ветувања наместо вистинска помош. Доста со економската пропаганда! Граѓаните не јадат проценти, не плаќаат сметки со прес-конференции и не живеат од вашите самопофалби! Ако економијата ви цвета, зошто народот ви осиромашува?! Време е да престанете да се фалите и да почнете да одговарате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38