Скопјани со децении живееле во близина на неексплодирана бомба

Скопјани со години живееле во близина на авионска бомба тешка дури 250 килограми. 

Експлозивната направа за која од дирекцијата за заштита и спасување велат дека е најголемата до сега откриена во скопскиот регион е од Втората светска војна. Таа била откопана за време на градежни работи во центарот на Скопје кај старата железничка станица а потоа била транспортирана до стариот пат кон скопско Батинци, каде се врши дотурот на земја и истурена со останатиот материјал.

Материјалот кој се исфрла на стариот пат кон селото Батинци редовно се пребарува за старо железо од граѓаните близина, кои велат дека не знаеле за што станува збор кога прв пат ја здогледале експлозивната направа.

Според нивното сведоштво, откако неколку пати ја силно ја удирале за да ја отворат, еден од постарите жители на селото забележал дека станува збор за експлозивна направа и веднаш ја алармирал МВР. Операцијата за нејзино отстранување траеше повеќе од еден час, заради непристапноста на самиот терен и дотурот на земја кој се врши на тоа место. За нејзиното отстранување, се направи и посебен пат, а бомбата со полициска придружба потоа се упати кон воениот полигон Криволак, каде се очекува да биде детонирана. Бомбата се верува дека е од бомбардирање на Скопје во втората светска војна кое се случило на 6 април 1941 година. Во таа прилика биле бомбардирани сите поголеми градови на тогашното Кралство Југославија, а особено настрадал патната и железничкиот сообраќај.

Од полноќ стапи во сила молкот, денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа.

Претседателот на Кина Си Џинпинг е во посета на Србија

Претседателот на  Кина, Си Џинпинг, денеска  е  во дводневна посета на Србија, на покана на претседателот Александар Вучиќ.

Двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

Во интервју за кинеската CCTV пред посетата на Кси, Александар Вучиќ рече дека Србија е целосно посветена на посетата на кинескиот претседател. „Верувам дека тоа ќе донесе придобивки и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ“, рече Вучиќ во интервјуто србија е втората станица на европската турнеја на Си Џинпинг.

Глобалните настани, но и локални проблеми се очекува да бидат на врвот на агендата на средбата меѓу двајцата претседатели.

Во пресрет на пораките по него, експертите немаат дилема, нема да изостане меѓусебната поддршка за најважните политички прашања.за време на дводневната посета на кинеската делегација која брои околу 400 членови, треба да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области. За безбедноста на средбата ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.

притисни ентер