Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани - Канал 5

Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

 Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија.

Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани

Денеска во Кочани, Штип, Облешево, Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите во пожарот. Погребната церемонија во Кочани, од каде потекнуваат најголем дел од починатите, е во 12 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан.

На 16 март утрината околу 2:35 часот избувна пожар во клубот „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата ДНК. Во пожарот загинаа 59 лица меѓу кои и осум члена на групата ДНК. Меѓу загинатите има шест лица со возраст под 18 години, а највозрасниот загинат има 48 години. Во пожарот беа повредени над 180 лица кои се згрижени во болници во земјава и во странство. Во државава во моментов се лекуваат 72 пациента, а надвор 101, додека три лица веќе се пуштени на домашно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците одбија напад со дронови на воена база во Британија- се сомневаат на Иран

Американските сили одбија напад од шест беспилотни летала врз воената база на RAF Lakenheath во источна Англија претходно овој месец, објави утрово Financial Times, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. 

Американците одбија напад со дронови на воена база во Британија- се сомневаат на Иран

Според овие извори, се сомнева дека Иран е вмешан во инцидентот.

Инцидентот се случил на 13 ноември, кога во базата било издадено безбедносно предупредување и на американскиот воен персонал му било наредено да се засолни.

Американците користеле системи против беспилотни летала. Сепак, не биле пронајдени беспилотни летала, поради што не било утврдено дали носеле оружје или опрема за шпионажа.

Воздухопловните сили на САД потврдија на денот на инцидентот дека реагирале на сомнителна неовластена активност на беспилотни летала. Никој не бил повреден, а ниту еден авион или инфраструктура не е оштетен.

Британското министерство го потврдува инцидентот

Британското министерство за одбрана денес потврди за Ројтерс дека војската и локалната полиција соработувале со американските сили и дека ситуацијата брзо била ставена под контрола. Министерството не ја потврди вмешаноста на Иран.

Инцидентот се случил во време на зголемена безбедност во британските воени бази што ги користат американските сили.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека САД ги повлекле стратешките бомбардери Б-1 од базата на воздухопловните сили на РАФ Ферфорд по безбедносниот инцидент во септември поради закана поврзана со Иран.

Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот, како и обвинувања за други непријателски активности на британска територија.

Британија ја засилува безбедноста за воените авиони

Британските медиуми оваа недела објавија дека РАФ преместува воени авиони во хангари и заштитени засолништа ноќе поради ризикот од напади со беспилотни летала. Исто така, постојат планови за инсталирање заштитни мрежи околу изложените авиони.

Британските власти со години го обвинуваат Иран за заговор и обид за атентат врз ирански дисиденти и израелски и еврејски цели на британска територија.

Сепак, досега нема јавно достапни докази што укажуваат дека Техеран стои зад последниот инцидент со беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Вчера вечер во Ургентниот ценатар на Клинички била донесена претепана жена од Гостовар.

Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата

Според извори од КАРИЛ, жената денеска е стабилна и не е интубирана. Била донесена во многу тешка состојба откако ја претепал сопругот.

Според синоќешното соопштение од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа две скршени ребра, парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

Наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио.

Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.

„Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер