ЖивотСкопјанец не може да извади лични документи оти семејството му го одјавило живеалиштето62 годишен скопјанец роден во Македонија со идентитет и матичен број за три ипол месеци ќе остане без никакви важечки документи. По закажувањето на термин за нови документи заминал за замена на нови документи во полиција и дознал дека неговото семејство го одјавиле од адресата на живеење. И дека не може да извади документи ако нема адреса на живеење. Во претходните документи тој ја имал адресата но по разводот со неговата сопруга тој заминал од домот каде останале поранешната сопруга и децата. Скопјанецот сакаше да остане анонимен, но барајќи ја правдата неделниот ден го помина во Канал 5. Раскажувајќи ја маката и проблемот верувајќи дека ќе најде решение за неговиот проблем. Тој не знае како како прв наследник на имотот од неговиот татко некоја институција го избришала целосно од правото на имот. Според законот за вадење на лична карта предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената. Во случај ако лицетот е бездомник земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување. Проблемот со нашиот соговорник е дека без документи ќе го изгуби и работното место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 7. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРисто Никовски и Снежана Калеска Ванчева вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Снежана Калеска ВанчеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter