Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари
1Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари
Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
2Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
МакедонијаСкопјанец на интернет продавал билети за непостоечки концерт, поднесена му е кривична пријава за измамаСекторот за компјутерски криминал при МВР денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, билетите со кои довел граѓани во заблуда, А.Х. ги продавал во периодот од 4 април до 13 јуни 2025. -Како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите, наведува МВР. Министерството посочува дека Секторот за компјутерски криминал „во рамки на утврдениот делокруг на надлежности“, ќе продолжи активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, „со цел превенција од повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност“. Тагови: интернет концерт ОЈО Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаАнгелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожариДиректорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов апелира дека поради високите температури граѓаните треба да внимаваат .Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов апелира дека поради високите температури граѓаните треба да внимаваат како се однесуваат во природата оти е можна појава на пожари Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалРеал Мадрид неочекувано ангажираше напаѓач Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид продолжува со реконструкцијата на тимот во летниот преоден рок. „Кралскиот клуб“ ја активираше откупната клаузула од 25 милиони евра и го доведе младиот напаѓач Карлос Еспи од Леванте. Еспи ќе ја засили конкуренцијата во нападот и веднаш ќе му се приклучи на првиот тим за сезоната 2026/27. Доаѓањето на 20-годишниот шпански напаѓач следува по заминувањето на центарфорот Гонзало Гарсија, кој кариерата ќе ја продолжи во Фулам. Англискиот премиерлигаш ќе плати околу 40 милиони евра за неговиот трансфер, па Реал практично веднаш дел од заработените пари ги вложи во ангажирањето на еден од најталентираните напаѓачи во шпанскиот фудбал. Во Реал веруваат дека Еспи поседува квалитет и потенцијал да стане важен дел од првиот тим во наредните години. Токму затоа, раководството на клубот одлучи да ја активира неговата откупна клаузула без преговори и да ја заврши работата пред во трката да се вклучат и други европски гиганти. Целиот процес се одвивал експресно. Еспи бил контактиран од други клубови, а само еден час или неколку часа по појавувањето на првите шпекулации, неговиот трансфер е официјализиран. Во претходните сезони, Еспи го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на Леванте. Тој постигна 13 гола на 27 натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМалата пацифичка држава Науру го промени своето имеОстровската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име Островската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име – потег за кој властите велат дека има за цел да го зајакне националниот идентитет и да го зачува културното наследство. Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман за промена на името на земјата и првично планираше да спроведе национален референдум. Сепак, претседателот Дејвид Адеанг вчера на социјалните мрежи објави дека се одустало од референдумот. „Одлуката да не се одржи референдум беше донесена по внимателно разгледување на фактот дека Наоеро не е ново име што допрва треба да биде прифатено од граѓаните. Тоа веќе претставува идентитет на нашиот народ, стои на националниот грб, се користи во секојдневниот говор на заедницата и, што е најважно, е дозволено со Уставот“, напиша Адеанг. Скратеното име на земјата ќе биде Наоеро, додека нејзините граѓани ќе бидат нарекувани *dei-Naoero*. На европските колонизатори им било тешко да го изговорат оригиналното име. Европските колонизатори ја преименувале земјата во Науру затоа што им било тешко да го изговорат нејзиното оригинално име, Наоеро. Оваа островска нација, со население од околу 12.000 жители, е третата најмала земја во светот, по Ватикан и Монако. Адеанг нагласи дека одлуката не е политичка по природа, туку е прашање на идентитет, наследство и „зачувување на наследството на нашите предци и зајакнување на иднината на нашите деца“. Владата официјално ги извести меѓународните организации и другите нации за промената на името, а процесот на транзиција е веќе во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter