Истиот е објавен на Инстаграм и прикажува човек кој решил да се забавува скокајќи од брод. Ништо не би било спорно доколку во водата немало две орки.
На почетокот, гледаме перки на кит убиец како се појавуваат на површината и човек кој стои на работ на бродот, замавнувајќи со рацете напред-назад.
Секунда подоцна мажот се фрла во вода, додека пријателите го бодрат, пренесува The Sun.
Орките веднаш се нурнале, веројатно во страв, а актерот на неверојатната сцена се вратил на бродот.
„Ја допрев“, возбудено им рекол на пријателите и ги прашал дали ја снимиле сцената.
Еден од нив, во црвени шорцеви, се насмевнува на камерата, додека во раката држи шише пиво.
Службеникот на Одделот за заштита на природата, Хајден Лопер, ја опиша снимката како „шокантно однесување кон заштитените морски животни“.
„Снимката нѐ запрепасти. Ова е крајно неодговорно, глупаво однесување“, истакна тој.
Неименуваниот маж е казнет со 600 долари за инцидентот кој можел „трагично да заврши“, соопштено е.