Скијачката Линдзи Вон настапи како манекенка на Париската недела на модата (ВИДЕО) - Канал 5

Скијачката Линдзи Вон настапи како манекенка на Париската недела на модата (ВИДЕО)

Олимписката скијачка Линдзи Вон, кој се збогува со скијањето во 2018 година, се појави во неделата како манекенка во промотивен филм за новата колекција на американскиот дизајнер Том Браун на Париската модна недела, пишува Си-Ен-Ен.

Скијачката Линдзи Вон настапи како манекенка на Париската недела на модата (ВИДЕО)

Париз е уште еден во низата модни центри кои оваа година се принудени да ги реализираат своите традиционални изданија на Модната недела во виртуелна форма заради ограничувачките мерки воведени поради пандемијата на коронавирус.

Од истата причина, многу дизајнери избраа промотивни видеа како начин да ги претстават своите нови модни колекции.

Меѓу нив е и американскиот дизајнер Том Браун. Тој ја избрал олимпијката Линдзи Вон како модел за неговата последна колекција.

Промотивниот филм на Браун за колекцијата есен / зима 2021 година ја прикажува Вон во голем фустан, а потоа во кошула со бела јака и црна машна.

Убавата скијачка во филмот со хеликоптер стигнува до врвот на скијачката патека, а потоа го фрла својот гломазен фустан и се спушта по скијачката патека во долга јакна со детали со пруги и плисирано здолниште.

YouTube video

„Сакав да ја создадам оваа прекрасна слика за Вон во нејзината околина и со тоа да го испреплетам мојот свет со нејзиниот“, рече Браун за работата со скијачката. „Новата сезона започна со многу едноставна идеја - комбинација на мода и екстремно скијање“, објасни тој.

Работата со Вон е дел од деловните планови на Браун за тековната година. Тој рече дека сака работа со спортисти затоа што тие најмногу го инспирираат.

Тој претходно соработувал со мечувалецот Раси Имбоден и атлетичарката Кендал Баисден за да создаде модна колекција за пролет / лето 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. 

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia.

Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација.

Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања.

„Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“

Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа.

Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа.

Таа е свесна за своето влијание врз модата

Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа.

Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS.

Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН.

Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени.

Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор.

Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина.

Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево.

Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.

Тојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво

Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво.

За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност.

Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота.

Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти.

Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот.

Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари.

Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер