3Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
СкијањеСкијач влета среде трка во женски слалом на ЗОИ, бугарската натпреварувачка во шок (ВИДЕО)Неверојатна ситуација се случи на трката во слалом на Зимските олимписки игри во Пекинг.За време на настапот на Ева Вукадинова, еден од работниците на патеката излезе пред неа и целосно и` ја наруши концентрацијата. После тоа, нејзиното возење пропадна. Бугарската скијачка потоа доби уште една шанса, но тој обид беше полош од првиот. На крајот на краиштата, таа објави на Инстаграм: "Не можам ни да опишам како се чувствував по првата трка. Си помислив: Зошто мене? Зошто тоа не и` се случи на ниту една од првите 30 девојки? Дали може да и` се случи на една од воопшто? Не ги знам одговорите на тие прашања“. 🤨 Improbable ! En pleine manche, Eva Vukadinova 🇧🇬 s'est arrêtée après avoir croisé... un membre de l'organisation sur la piste ! pic.twitter.com/rpzoPFBaKC — Eurosport France (@Eurosport_FR) February 9, 2022 На крајот, таа додаде: "Дури и со скршена рака, скијав многу добро пред да се појави овој човек. Си покажав себеси дека сум силна и можам да направам се`. Да, јас доаѓам од мала скијачка земја во споредба со другите кои се натпреваруваат. Но, да кажам. Иако добив нов обид, сите знаеме дека не е исто. И јас работев напорно за воопшто да бидам тука. Зарем не ја заслужувам истата шанса како и сите други? Тажна сум, но и среќна што се борев до крај. Ви благодарам на сите за вашата поддршка“, заклучува таа во својата порака. View this post on Instagram A post shared by Eva Vukadinova (@evaalpin) Златниот медал го освои Чехинката Петра Влхова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот. „Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП. Демонстрант: Младите се разбудија Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници. „Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“. Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“. 🔴 Miles de personas se manifiestan en Madrid por el derecho a las pensiones dignas 📹 @Emi_SanchezH https://t.co/IVnT8Djdp6 — EL PAÍS (@el_pais) October 24, 2026 Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември. Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година. На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.Тагови: демонстранти Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј. Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство. По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент. Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство. На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората. Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ. Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија. Македонска православна општина за Мелбурн и ВикторијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook